Spa krema Limes Mk Bibi
9200 СПА крема, 100 мл

За нега на кожата на лицето и телото. Погодна за сите типови кожа. Особено се препорачува за луѓе со сува кожа, која лесно се лупи и е склона кон брчки.

СПА крем – Луксузна СПА нега со сок од краставица, за хидрирана и сјајна кожа во текот на целиот ден.

Дневна хидратантна крема која претставува заштитна бариера и го ограничува секојдневното губење на влагата. Во кремата е вграден сок од краставица, кој веднаш ги отстранува кожните дефекти: црвенило, оток, надуеност, ги ублажува брчките. Употребата на оваа крема припаѓа на СПА козметичката нега која е модерно име за нега со вода со лековити состојки, во овој случај тоа е сок од краставица.

СОСТАВ:

Во кремата се вградени сок од краставица и екстракт на невен. Моментално и видливо ги отстранува недостатоците на кожата, црвенило, отоци, ги ублажува брчките.

Краставицата има исклучително висока содржина на вода – дури 95%, поради што е совршена состојка за длабока хидратација. Покрај тоа, содржи и витамин Ц, каротин, пектин, ензими и други корисни материи кои ја негуваат кожата. Таа е одлично средство против воспаление на кожата и слузницата. Сокот од краставица со другите состојки продира длабоко во кожата и обезбедува долготрајна хидратација.

Се цеди со ладена постапка и веднаш се става во кремата за да се зачуваат сите активни материи. Активниот принцип на краставицата во кремата има дестимулирачки ефект врз сврзното ткиво како молекуларен сунѓер кој ги врзува протеините и водата, така што клетките набабруваат, кожата станува мазна, нежна, затегната.

Екстрактот од невен во СПА кремата ја ревитализира, регенерира и смирува кожата. Исто така е одлична алатка за нега на сува кожа, бидејќи и ја враќа природната влажност, а поради антиоксидансите во својот состав ја штити и од предвремено стареење.

СПА кремите се базираат на внимателно одбрани, висококвалитетни масни материи.

Употребата на оваа крема спаѓа во СПА козметичка нега, што претставува модерно име за нега со вода со лековити состојки, во овој случај тоа е сокот од краставица.

ДЕЈСТВО:

  • Ја хидрира кожата на тој начин што ја зголемува природната влажност на кожата
  • Ги отстранува недостатоците (црвенило, отоци, подуеност) и штити од слободни радикали
  • Ги ублажува брчките – кожата станува затегната, кадифена и свежа- релаксира и ја штити кожата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува два пати на ден на чиста и сува кожа, без разлика на типот на кожа и по потреба неколку пати (за луѓе со сува и испукана кожа).

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading СПА крема
Semejna krema melem Limes Mk Bibi
9201 Семејна крема, 150 мл

За нега на сите типови на кожа.

Ја штити и негува кожата на лицето и телото. Комбинацијата на невен и босилек и внимателно одбрани природни состојки, благотворно делува на вашата кожа. Не ги затвора порите, лесно се размачкува и не се отстранува целосно во допир со вода. На тој начин ја штити кошата од сушење. Пријател на целото семејство.

СОСТАВ:

Невен: (Calendula officinalis flower extract) Секое поединечно ливче од цветот на невен содржи пет соединенија – олеинска киселина, лупеол, кверцетин, α-амирин и β-амирин. Овие активни соединенија се опширно проучувани и се познати по тоа што обезбедуваат антиоксидантна заштита, ја смируваат кожата и ја намалуваат непријатноста. Ефективните соединенија на невен помагаат за видливо подобрување и смирување на кожата. Помагајќи да се намали непријатноста, семејната крема со екстракт од невен и помага на кожата да изгледа мазна, сјајна и свежа. Календулата делува како анти-иритант и ја враќа иритираната кожа во нормална состојба.

Босилек: (Ocimum basilicum extract) е богат со есенцијални масла, витамини, омега-3 киселини и минерали. Поради своите состојки се покажал како корисен против стареење на кожата и појава на брчки. На кожата и дава свеж изглед, поради што се користи во козметиката. При истражување на кремите, потврдено е дека кремите за лице со екстракт од босилек во споредба со оние без босилек, покажале подобар ефект на кожата – ја зголемуваат влажноста и ја намалуваат грубоста на кожата. Поради својот уникатен состав, има антиинфламаторно дејство, спречувајќи развој на воспаление на кожата.

Глицерин: е соединение кое има три атоми на водород и е одличен за навлажнување на кожата. Глицеринот ја собира водата од воздухот и ја принудува да помине низ порите и да стигне до подлабоките слоеви на кожата на лицето. Кога клетките на кожата „не се жедни“, тие можат да произведат поголеми количини на колаген и еластин.

ДЕЈСТВО (од лични искуства на клиенти):

  • ја штити и негува кожата на лицето и телото
  • не ги затвара порите и лесно се размачкува
  • ја хидрира кожата
  • делува дезинфицирачки
  • брзо ги лекува раните и гребнатините
  • смирува воспалена кожа
  • во комбинација со антибактерискиот сапун дава исклучителни лековити дејства. Помага при алергии, хемороиди, акни и сл.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Еднаш дневно, а во зависност од проблемот и повеќе пати во текот на денот да се нанесува кремата на кожата на лицето-телото, благо да се втрие и да се остави да делува. Се препорачува на лица со чувствителна, сува и испукана кожа, бебиња и мажи за после бричење.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Семејна крема