Urino caj Limes mk
9606 Билна мешавина со лист на ува и бреза - Урино чај, 40 кесички

СОСТАВ:

  • Arctostaphylos uva-ursi L., Betulae folium, Herniaria glabra, Equisetum arvense, Zea mays L.

Содржи ува (Мечкино грозје), лист од бреза, килавица, коњско опавче, пченкарна свила.

Ува (Мечкино грозје) е исклучително лековито растение, дава најдобри резултати против воспаление на уринарниот тракт и бубрезите. Го чисти уринарниот тракт од бактерии, ефикасен е во елиминирање на многу непријатната бактерија ешерихија коли. Корисна е и за проблеми со простатата.

Листот од бреза со своето силно диуретично дејство, го поттикнува излачувањето на урината и со тоа го помага подоброто испирање на уринарниот тракт и бубрезите.

Килавица– делува благотворно на мускулатурата на мочниот меур и помага како диуретик при воспаление на мочниот меур и формирање на камења. Коњско опавче го поттикнува мокрењето. Ефикасно е при бубрежни нарушувања, ги ублажува грчевите на мочниот меур, болното и често мокрење и слични тегоби.

Пченкарната свила делува антиинфламаторно, ги штити и смирува уринарните патишта и бубрезите. Активните состојки на пченкарната свила го олеснуваат излачувањето на урината.

ДЕЈСТВО:

  • За ублажување на симптомите на бактериски инфекции на мочниот меур и уринарниот тракт
  • Билна мешавина со ува лист и бреза ги чисти бубрезите од кристали и песок
  • Се користи и против бактерии во урината
  • Помага при болки, ја стимулира работата на бубрезите, ги ублажува грчевите, го поттикнува мокрењето и го спречува таложењето на кал, песок и камења

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Една кесичка чај прелијте ја со 2 дл врела вода, оставете ја да отстои покриена триесет минути. Се пие три пати на ден.

Напомена: Не се препорачува за време на бременост и доење, како и за деца под 12 години. Ако користите редовна терапија со лекови, најдобро е да се консултирате со лекар или фармацевт пред да ја користите билната смеса.

Оваа информација не е замена за професионалното мислење на вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник во оваа област.

 

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading 6 Урино чај – Билна мешавина со лист на ува и бреза

Дезинфект – бактеригел (9701) 300 мл, (9700) 60 мл

ДЕЈСТВО:

Технолошка иновација со двојно дејство. Моментално ги уништува под ниво на опасност бактериите, вирусите и габичките на кожата. Заменува вода и сапун, ја дезинфицира и ја негува кожата, и ја враќа потребната влажност. Бактеригелот се употребува кога е оневозможено миењето на рацете со вода и сапун.

Погоден е за употреба при патување и градски превоз. Посебно е погоден за деца кои често ги ставаат рацете во уста. Благодарение на составот со овој производ може да се третират рацете на мали деца посебно кога си играат или се во допир со различни предмети од своето опкружување.

Важно е да се почека кожата да се исуши, а потоа Вашето дете е безбедно и заштитено.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

На сува или влажна кожа се нанесува гелот, се чека да се исуши (без бришење), потоа кожата е дезинфицирана и негувана.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • На уморни и отечени нозе од стоење или седење при патување, нанесете гел и отокот благо ќе се повлече.

    НАПОМЕНА:

    Технологот на Компанија Лимес: Антибактерискиот сапун ги мие т.е отстранува нечистотите со помош на вода која е активатор на процесот, а Дезифициенсите нанесени во соодветен раствор дезинфицираат!

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Дезинфект – бактеригел

9702 Бактеристоп, 500 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на невен и глицерин при што многу делотворно делува на кожата.

ДЕЈСТВО:

Специјално формулирана АЛКОТИНКТУРА со додаток на бактерицид кој моментално уништува: вируси, бактерии и габички. Во исто време екстрактот на невен и останатите масни материи ја негуваат кожата на рацете. Погоден е за употреба во училишта, градинки, јавни тоалети и сите фреквентни простори

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува така што рацете се навлажнуваат со разблажен Бактеристоп во сооднос 1:40, потоа се остава да се исушат без бришење. Со тоа се обезбедува дезинфекција и нега на раце. Со раствор 1:100, може да се прскаат кревети, предмети кои доаѓаат во допир со бебиња и лица со слаб имунитет за да се заштитат подобро. Посебно се препорачува употреба во простории каде што има болни лица или во болници.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Бактеристоп

9703 ПДП концентрат, 500 мл

ДЕЈСТВО:

Покажува силно антисептичко дејство веднаш по нанесувањето. Делува на грам позитивни и грам негативни бактерии, вируси и габички. Анализите покажаа дека не постои можност за резистенција на микроорганизмите на дејството на ова средство, па заради тоа може да се употребува во редовна дезинфекција и во случаи на инцидентна состојба.

Се нанесува на претходно механички исчистени површини.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Раствор 1:40 – Овој раствор се употребува за дезинфекција на сите цврсти површини, подови, мебел, кваки на врати, а посебно на простории кои истовремено ги употребуваат повеќе лица (банки, продавници, училишта, градинки, болници, амбуланти). Се повторува по 8 часа во зависност од контаминацијата.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Раствор од 1:20 ја отстранува мувлата од купатилата. Во почетокот се нанесува два пати неделно, а подоцна кога ќе се исчисти целосно, одржувањето се врши еднаш месечно.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading ПДП концентрат

9218 Тоник за чистење на лице 200 мл
  • Ја отстранува прашината
  • Шминката
  • Вишокот на маснотии од порите

Што е тоник? Тоникот е лосион составен од воден раствор, хидросолубилно масло, навлажнувачко средство, антисептичко и картолитичко и мирисни материи. Самото име ,, Лотио ” значи чисти, што значи лосион за чистење на лице, служи за чистење и негување на кожата.

Зошто чистењето е неизоставен дел од негата? Атмосферското загадување, прашината, лачењето на маснотии и остатоци од шминка, доколку не се отстрануваат редовно, може да доведат до затворање на порите. На тој начин се создава бариера која мора да се отстрани за да може кожата непречено да диши а и да се овозможи дејството на кремата која се нанесува. Доколку кожата Ви е сува, груба и затегната, тоа значи дека на кожата постојат наслаги на суви мртви ќелии кои е потребно да се отстранат за кремите кои се нанесуваат на лицето, да делуваат на здрави ќелии.

Што добива кожата? По чистење со тоникот, кожата е потполно чиста, мека и свежа.

СОСТАВ:

Тоникот содржи  екстракт од цвет на невен, камилица и Д-пантенол.

Невен (Calendula officinalis) Екстрактот од цветот на невен е богат извор на лековити состојки. Невенот ја чисти, ја стега, ја зголемува циркулацијата и поттикнува раст на ново ткиво, ги отстранува отровите, ја смирува кожата.

Камилицата (Matricaria chamomilla) лековити делови се цветот и листот. Помага во отстранување на неправилности на кожата на лицето. Опушта и дезинфицира. Покажува аналгетско, бактерицидно и антифлогистичко дејство (ги лечи воспалителните процеси). Камилицата благотворно делува кај проблеми со акни, алергии, рани кои се инфицирани, кај изгоретини и пликови.

Хидрогенизираното рицинусово масло ја подмачкува, ја чисти кожата, го доведува себумот во оптимални граници, што спречува нејзино сушење и лупење.

Д-пантенолот  е добар навлажнувач. Во допир со кожата, создава провитамин Б-5, кој е неопходен за добра хидратација на кожата. Исклучително делува на воспалена кожа.

ДЕЈСТВО:

Кога кожата е чиста на неа делуваат активните принципи од екстрактите на невен и камилица, продираат подлабоко во нејзините слоеви, ја хранат и ја подготвуваат за брза апсорпција на био и хранливите материи од кремата која се нанесува. Кожата по употреба на овој тоник може да остане и без крема бидејќи е нахранета, негувана и чиста.

  • Длабински ја чисти, негува и храни кожата,
  • Има антисептичко и антифлогистичко дејство
  • Ги отстранува изумрените клетки на кожата
  • Ја негува третираната површина без иритација
  • Ја чува кожата од негативни надворешни влијанија
  • Хидратизира и освежува
  • Го подготвува лицето за нанесување на крема

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на лицето со памукче, два пати дневно, најдобро е навечер и наутро, за да  се отстранат нечистотиите. Наутро е важно да се отстранат штетните материи кои кожата ги излачува во текот на ноќта. Вечерното чистење е уште поважно затоа што кожата треба да се исчисти од трагите на шминка и сите нечистотии кои во текот на денот се наталожиле на лицето. Со масирање се втрива во кожата, започнувајќи од вратот, околу брадата, устата, носот, потоа нагоре кон образите и челото. Водата ја омекнува нечистотијата, салицилната киселина ги одвојува изумрените ќелии од површината на кожата и со лесни движења се отстранува заедно со нечистотијата од лицето. Најдобар ефект се постигнува доколку после добро исчистеното лице се нанесе природна крема со благо втривање што прави активните принципи од кремата веднаш да делуваат на кожата.

Одговара на сите типови на кожа, посебно на чувствителна, оштетена и сува кожа, бидејќи содржи екстракт на камилица.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Тоник за чистење на лице