Содржи коприва, алкохол, глицерин, д-пантенол, карбомер, поливинил пиролидон.
Поливинил пиролидон во својот молекул има голем број на амино групи кои овозможуваат гелот да се врзе за влакното (за кератинот) и помага да биде заштитено од негативните надворешни влијанија.
Карбомерот со водената фаза има за задача да остане на косата и по нејзиното сушење, што дава влажност, еластичност, цврстина и волумен на влакното.
Алкохолот овозможува брзо сушење на косата, а заедно со глицеринот овозможува екстрактот на коприва и Д-пантенол, полесно да навлегуваат во влакното, со што се забрзува циркулацијата и побрз развој на ќелиите, а со самото тоа и раст на косата.
Копривата има моќ да навлегува низ целата кожа, го регулира себумот на косата, делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), го одржува влакното здраво.
ДЕЈСТВО:
Гелот за коса Стронг, служи за нега на коса, ја зацврстува, и дава сјај и овозможува формирање на саканата фризура. Гелот има исклучително силна моќ за фиксирање со што се постигнува лесно, едноставно и брзо обликување на косата до посакуваниот изглед.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Гелот се нанесува на влажна коса пред формирање на фризура. По нанесувањето на косата и дава сјај, здрав, природен изглед и сакан облик на фризурата.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
9110 Интензивен балзам плус, 250 мл (Кондиционер со протеин)
СОСТАВ:
Балзамот покрај протеини содржи Д-пантенол кој е провитамин Б5. На косата и дава еластичност и ја чува од сушење. Д- пантенолот ја регенерира косата која е во фаза на „цветање“, ја подобрува состојбата на оштетената коса. Го олеснува чешлањето, ја поттикнува регенерацијата на кожата на главата, и дава еластичност и мекост.
ДЕЈСТВО:
Балзамот има тројно дејство за регенерација на косата: има моментално дејство на кондиционирање на косата и ја одржува нејзината природна влажност. Со употреба на балзамот косата станува лелеава, сјајна, мека и лесно се обликува. Ја регулира pH вредноста. Благодарение на присуството на протеините ја регенерира и зајакнува структурата на здравата и оштетената коса.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се употребува по секое миење на косата, белење, трајна ондулација и бојадисување. По миење на косата се нанесува балзам, се расчешлува косата и се остава да делува 1 минута. Потоа косата се плакне со млака вода и фризурата се обликува на вообичаен начин.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржат специјална формула за заштита на фарбана коса , збогатени со витамин Е и средство за регенерација на оштетените краеви на косата.
ДЕЈСТВО:
Еколошко средство, ја храни, обновува и го зголемува сјајот на косата. Специјална формула на комбинација на силикон за нега и заштита на оштетени „расцветани“ краеви и сува коса.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Многу мала количина серум се става на прстите и се втрива на врвовите на косата. Може да се аплицира на сува или влажна коса.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи екстракти на: цвет од невен, камилица, дрво ариш, зелен чај, плод на чичак (магарешки трн), лист од коприва; Д–пантенол, алантоин, хијалуронска киселина, глицин, цинк.
Глукозидите од екстрактот на ариш и зелениот чај ги активираат матичните ќелии на фоликулите да создаваат влакна на косата и да ги отстранат слободните радикали кои доведуваат до губење на косата. Глицинот е протеин на косата кој како и кератинот го фаворизира растењето. Цинкот е важен кофактор, кој ги активира ензимите да создадат кератин кој ја чува и јакне структурата на косата.
Помошните биоактивни материи содржат во својот состав витамини и минерали кои се корисни за косата. Овие екстракти имаат лековито дејство на оштетената коса, го зајакнуваат коренот на влакното, спречуваат опаѓање на косата и поттикнуваат побрз раст на косата.
Производот е наменет за проблеми пропратени со потполно или делумно губење на косата. Наменет е како за мажи, така и за жени.
ДЕЈСТВО:
Косалим е комбинација на природни екстракти на лековити билки, кои имаат широк спектар на дејство на раст и зачувување на здрава, сјајна и цврста коса, и биоактивна супстванција која е клинички испитана во Швајцарија. Испитувањата и анализата на добиените резултати покажале дека доаѓа до зголемување на густината на косата, се поттикнува растење на косата, до 10.000 нови влакна и поттикнува обновување на кожата на главата.
Активните материи од биоактивните супстанци, клинички е докажано дека делуваат на растењето на до 10.000 нови влакна со видливи резултати после зачестена примена во тек на 84 дена (12 седмици).
Клинички докажано дејство на биоактивните супстанци:
Растење на нови влакна, дури до 10.000
Видливи резултати после 84 дена користење
Намалување и успорување на опаѓањето на косата
Зголемување на густината на косата
Го подобрува растот на новата коса
Го поттикнува обновувањето на коренот
Ја зголемува дебелината на влакното
Ја јакне косата
Поздрав изглед на кожата на главата
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Косалим се прска наутро или навечер и со блага масажа се втрива на кожата на главата. Постапката може да се повтори и повеќе пати на ден во зависност од потребата. Не е потребно да се плакни.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Што е тоник? Тоникот е лосион составен од воден раствор, хидросолубилно масло, навлажнувачко средство, антисептичко и картолитичко и мирисни материи. Самото име ,, Лотио ” значи чисти, што значи лосион за чистење на лице, служи за чистење и негување на кожата.
Зошто чистењето е неизоставен дел од негата? Атмосферското загадување, прашината, лачењето на маснотии и остатоци од шминка, доколку не се отстрануваат редовно, може да доведат до затворање на порите. На тој начин се создава бариера која мора да се отстрани за да може кожата непречено да диши а и да се овозможи дејството на кремата која се нанесува. Доколку кожата Ви е сува, груба и затегната, тоа значи дека на кожата постојат наслаги на суви мртви ќелии кои е потребно да се отстранат за кремите кои се нанесуваат на лицето, да делуваат на здрави ќелии.
Што добива кожата? По чистење со тоникот, кожата е потполно чиста, мека и свежа.
СОСТАВ:
Тоникот содржи екстракт од цвет на невен, камилица и Д-пантенол.
Невен (Calendula officinalis) Екстрактот од цветот на невен е богат извор на лековити состојки. Невенот ја чисти, ја стега, ја зголемува циркулацијата и поттикнува раст на ново ткиво, ги отстранува отровите, ја смирува кожата.
Камилицата (Matricaria chamomilla) лековити делови се цветот и листот. Помага во отстранување на неправилности на кожата на лицето. Опушта и дезинфицира. Покажува аналгетско, бактерицидно и антифлогистичко дејство (ги лечи воспалителните процеси). Камилицата благотворно делува кај проблеми со акни, алергии, рани кои се инфицирани, кај изгоретини и пликови.
Хидрогенизираното рицинусово масло ја подмачкува, ја чисти кожата, го доведува себумот во оптимални граници, што спречува нејзино сушење и лупење.
Д-пантенолот е добар навлажнувач. Во допир со кожата, создава провитамин Б-5, кој е неопходен за добра хидратација на кожата. Исклучително делува на воспалена кожа.
ДЕЈСТВО:
Кога кожата е чиста на неа делуваат активните принципи од екстрактите на невен и камилица, продираат подлабоко во нејзините слоеви, ја хранат и ја подготвуваат за брза апсорпција на био и хранливите материи од кремата која се нанесува. Кожата по употреба на овој тоник може да остане и без крема бидејќи е нахранета, негувана и чиста.
Длабински ја чисти, негува и храни кожата,
Има антисептичко и антифлогистичко дејство
Ги отстранува изумрените клетки на кожата
Ја негува третираната површина без иритација
Ја чува кожата од негативни надворешни влијанија
Хидратизира и освежува
Го подготвува лицето за нанесување на крема
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на лицето со памукче, два пати дневно, најдобро е навечер и наутро, за да се отстранат нечистотиите. Наутро е важно да се отстранат штетните материи кои кожата ги излачува во текот на ноќта. Вечерното чистење е уште поважно затоа што кожата треба да се исчисти од трагите на шминка и сите нечистотии кои во текот на денот се наталожиле на лицето. Со масирање се втрива во кожата, започнувајќи од вратот, околу брадата, устата, носот, потоа нагоре кон образите и челото. Водата ја омекнува нечистотијата, салицилната киселина ги одвојува изумрените ќелии од површината на кожата и со лесни движења се отстранува заедно со нечистотијата од лицето. Најдобар ефект се постигнува доколку после добро исчистеното лице се нанесе природна крема со благо втривање што прави активните принципи од кремата веднаш да делуваат на кожата.
Одговара на сите типови на кожа, посебно на чувствителна, оштетена и сува кожа, бидејќи содржи екстракт на камилица.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
За нега на кожата во текот на ноќта. Посебно се препорачува за сува кожа.
СОСТАВ:
Природна ноќна крема со пчелин восок, екстракт од прополис и масло од јојоба за нега на исклучително сува кожа.
Јојоба маслотое растителна смола добиена од плодовите на мексиканско растение. Индијците први го користеле за лекување на рани и како средство за дехидрација на кожата и косата, со оглед на тоа што постојано биле изложени на сонце. Го нарекувале течно злато. Исклучително ја навлажнува и омекнува кожата така што создава немрсен липиден слој и спречува губење на влага, а потоа го омекнува ткивото. Со користење на производи базирани на масло од јојоба, кожата станува мека и фина и кадифена. И овозможува на кожата да дише слободно, длабоко ја храни, не ги затвора порите и во исто време ги хидрира сувите делови на кожата. Поради високата содржина на јод има антимикробно дејство кое спречува развој на габи и бактерии на кожата. Се користи за изгореници од сонце и испукана кожа.
Прополисот е пчелин производ кој делува против бактерии, габи и воспаленија. Има анестетичко, антиоксидативно дејство, ја стимулира регенерацијата на ткивата. Бактериите не развиваат отпорност кон него, нема штетни несакани ефекти. Прополисот го подобрува клеточниот метаболизам, што доведува до затегнување на кожата.
Восокот ја прави кожата мазна и еластична, а со тоа влијае и ја зголемува отпорноста на кожни болести. Обезбедува хидратација на кожата.
Глицеринот го прави кремот полесен и овозможува кожата подобро да ја впие кремата и кожата добро да дише.
Д-пантенолот дополнително хидрира, ја одржува еластичноста и мекоста, што и одговара на сувата кожа.
ДЕЈСТВО:
Mеханизмот на делување на кремата на кожата е дизајниран така што кога се нанесува се создава филм полупропустлив за вода, со што овозможува водата од кремата да не испари од површината на кожата, туку со природните активни компоненти продира во подлабоките слоеви на кожата, ги храни клетките, ги неутрализира оксидативните ефекти на клеточната мембрана, го забавува стареењето на клетките – го продолжува нивниот животен век. Сите овие процеси во кожата се поинтензивни во текот на ноќта, па се препорачува како природна крема за ноќна нега на лицето.
Делува антиоксидативно и биостимулативно
Длабински го интензивира клеточниот метаболизам
Обезбедува хидратација на кожата
Ги храни клетките на кожата, ги регенерира и поттикнува создавањето на нови
Го успорува стареењето на клетките – го продолжува нивниот животен век
Со користење на кремата кожата станува затегната, сјајна и здрава.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Кремата се нанесува навечер на претходно исчистена кожа со нежно втривање.