Шампон за масна коса (9103) 500 мл, (9104) 250 мл

СОСТАВ:

Шампонот содржи екстракт на хмељ, бреза и коприва.

Копривата (urtica dioica) има благотворно дејство на коренот на косата и е една од најдобрите билки за нега на косата. Одлична е против опаѓање на косата и за јакнење на коренот на косата.Богата е со калциум, фосфор, железо, натриум , а содржи и витамини Ц, А, Б и К. Копривата продира до лојните жлезди, го ублажува нивното прекумерно лачење и го нормализира. Силициумовите соединенија спречуваат кршење на влакното и го зацврстуваат коренот на косата. Делува антиалергиски, антистресно, противвоспалително, ја подобрува циркулацијата.

Хмељот (humulus lupulus) е природен антиоксиданс, ја негува и ја храни косата и кожата, делува на површината на кожата. Активниот принцип го дава етеричното масло кое е составено од терпентински јаглеводороди и смола која во себе содржи кетони и феноли. Хмељот е антисептик,  смирува и тонизира.

Брезата (betula alba) делува антибактериски, ја негува и ја штити кожата и косата, делува длабински, директно на жлездите. Содржи етерично масло, танин, витамин Ц, восок, трипертенски алкохол. Заедно со хмељот поволно влијаат на лојните жлезди, ја нормализираат нивната работа и спречуваат прекумерно лачење  на масните материи.

Како доаѓа до проблем со мрсна коса? Мрсната коса ја предизвикува претераното лачење на лојните жлезди, како последица на стрес, лоша исхрана, гени, хормонско пореметување. Косата брзо се мрси и покрај редовно миење и го отежнува обликувањето на фризура. Изгледа неуредно и се раздвојува на прамени.

ДЕЈСТВО:

  • Ја намалува маснотијата
  • Косата добива нормален изглед, природен сјај, лелеавост
  • Косата станува мека и мазна
  • Се намалува бројот на миења

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за миење на косата и за туширање. За најдобар ефект потребно е шампонот да се втрие во косата и кожата на главата и да се остави да делува неколку минути, а потоа да се исплакни со вода.

Препорака: Проблемот на умерено мрсна коса може да се коригира со правилна исхрана и нега, меѓутоа постојат и многу потешки облици на мрсна коса, па во такви случаи покрај поинаков начин на исхрана и вообичаена нега, се препорачува употреба на шампон за мрсна коса и балзам за да косата добие волумен.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Шампон за масна коса
9309 Флорафит масло за масажа, 200 мл

Природно решение против целулит, за нега на сите типови на кожа

СОСТАВ:

Содржи масло од бршлен и етерско масло од порткал.

Маслото од бршлен – најдобро во борба против целулитиот, спречува создавање на брчки, ја подобрува еластичноста, благо  ја затегнува кожата, ги намалува воспаленијата и ја подобрува циркулацијата, во комбинација со етеричното масло од портокал и витамин Е е идеално решение против целулит, го олеснува отстранувањето на масните наслаги на одредени делови на кожата. Маслото хидратантно делува во текот на целиот ден, го поттикнува растот и обновувањето на ќелиите, при што ја прави кожата мазна и еластична. Лесно се апсорбира, ја поттикнува циркулацијата на кожата и дополнително опушта.

Етерично масло од портокал е освежителна овошна арома која делува антистрес, го подобрува расположението, ја штити и ја подмладува кожата. Помага при болки во мускулите, зглобовите и кај отекување на ткивата.

ДЕЈСТВО:

Го придвижува вишокот на течности и токсини и се бори против масни наслаги. Идеално решение против целулитот.

  • Видна редукција на целулитот
  • Ги елиминира вишокот на течности и токсини
  • Ја забрзува циркулацијата и метаболизмот
  • Ги смалува масните наслаги
  • Ја затега и зацврстува кожата
  • Одличен за сува кожа, псоријаза, егземи

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Маслото се нанесува на кожата и се втрива со лесни движења.

 

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Флорафит масло за масажа
9310 Флора крема, 225 мл

Флора е идеална релакс крема за нега на сува и чувствителна кожа, со 96% природни оригинални состојки.

За ревитализација и масажа на тело. Содржи комбинација на растителни масла и витамински комплекс. Претставува спој на традиционална рецептура со модерните достигнувања на технологијата.

СОСТАВ:

Маслиновото масло – содржи голем број на витамини кои се многу важни за нега на кожата:

  • Витамин А кој ја прави кожата еластична со што директно влијае на нејзиниот тонус и цврстина
  • Витамин Д кој спречува стареење на кожата
  • Витамин Е важен оксиданс, кој придонесува за нејзина влажност и обновување
  • Витамин К чиј директен допринос е за хидратација на кожата и помага во борба со првите знаци на стареење.

Масло од невен – за нега на кожата кое прави чуда, бидејќи длабински хидрира, ја обновува и ја прави кожата помлада, сјајна и еластична. Исто така кожата ја штити од слободни радикали, го забрзува обновувањето на ќелиите на кожата,  ублажува дисколорација и пигментација и на кожата и дава младешки изглед.

Бадемовото масло – идеално за масажа кое ја храни кожата, посебно сувата и оштетена. Освен што содржи голема количина на витамин Е и витамин А, бадемовото масло содржи и:

  • Цинк кој е значаен минерал неопходен за зараснување на рани на кожата на лицето и телото
  • Омега 3 масни киселини кои докажано имаат моќ за подмладување на кожата, исто така важна состојка на бадемовото масло. Добри се за заштита на кожата од сонце и штетите кои може да ги предизвика на кожата како изгореници и стареење на кожата

Shea butter богат со витамини кои делуваат поволно на кожата, а има и противвоспалително дејство и делува смирувачки на кожата. Исто така шеа путерот ја омекнува кожата, ја зајакнува, ја прави мазна и ја намалува збрчканоста. Поради сите активни елементи кои го сочинуваат, добар е за кожа со егземи и важен сојузник во борба против стрии и лузни.

Етерично масло од портокал – е ценето по своето против воспалително и антисептичко дејство, спречува оштетување и стареење на кожата, создавање на брчки и темни флеки, поттикнува производство на колаген. Смирува и опушта, дава добро расположение и оптимизам. Делува како природен анксиолотик.

 

ДЕЈСТВО:

Идеална комбинација за нега, ревитализалија и масажа на тело.

Крема за масажа со ароматерапевтско дејство го ослободува телото од стрес и напнатост, релаксира и ја враќа енергијата. Активните компоненти и витамини ја обновуваат кожата, го ублажуваат црвенилото и лупењето, поттикнуваат циркулација и обновување на ќелиите. Кремата е добра за спречување на наталожување на целулитни наслаги.

Ублажува егземи, псоријаза и лузни.

Телото се чувствува витално, релаксирано и полно со енергија.

 

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Кремата се нанесува на кожата и се втрива со лесни, масирачки движења.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Флора крема

9120 Леди купка со невен и алантоин, 250 мл

СОСТАВ:

Содржи активна материја алантоин и природен екстракт од цвет на невен кои благотворно делуваат на кожата, формира заштитен филм и ја штити од влијанието на надразнувачки агенси.

ДЕЈСТВО:

За максимална нега и заштита на кожата. Благодарение на високиот квалитет и благите состојки е идеално средство за капење.

Кремаста формула со интензивен мирис која нежно ја чисти и ја омекнува кожата. Присуството на благи компоненти доведува до освежување на кожата и и дава дополнителна хидратација и сјај. Кожата по третманот станува совршено чиста, миризлива и негувана. Купката е наменета за сите типови на кожа.

Ја освежува кожата и ја подобрува циркулацијата на крвта, што ќе Ви даде повеќе енергија во текот на денот.

Купката нежно и ефикасно ја чисти кожата, ја чува нејзината природна обвивка. Одржува оптимално ниво на хидратација и маснотија. Има смирувачко дејство на чувствителната  кожа благодарение на екстрактот на цветот на невен, штити од сушење, ја прави кожата мека и мазна. Алантоинот го поттикнува растот на ќелиите на кожата, ја зголемува хидратацијата, има заштитен ефект.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Мала количина се става на дланка, се додава малку вода, а потоа се нанесува на кожата и се плакне. Или  се става мала количина директно во водата за капење.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Леди купка со невен и алантоин
Aromaticna Bio Sol Limes Mk Bibi
9111 Ароматична био сол со невен и босилек, 450 г

Ароматичната БИО сол за капење, со додаток на природни билни екстракти, благотворно делува на целиот организам. 

СОСТАВ:

Мешавина од најквалитетни мирисни ноти која ја освежува кожата и целото тело.

ДЕЈСТВО:

Морската сол во Вашата топла купка:

  • Го отстранува чувството на сува кожа
  • Ги проширува и чисти порите
  • Ја нормализира рамнотежата на водата во кожата
  • Ефикасно ги елиминира токсините
  • Го опушта нервниот систем, помага во борба против несоница
  • Има подмладувачко влијание на кожата, делумно го решава проблемот со целулитот
  • Ги опушта мускулите и ја ублажува напнатоста во телото оставајќи чувство на мир и спокој
  • Ја подобрува циркулацијата
  • Го отстранува вишокот на влага која се собира во телото, ја отстранува подуеноста
  • Помага за губење на тежината

Како еден од ефектите на морската сол да ги проширува и чисти порите, така водата со активните принципи од билките (екстракт на невен и босилек), доаѓа побрзо до ќелиите и благодарение на осмозата продира во нив. Сето тоа доведува до побрзо обновување на ќелиите а со самото тоа кожата станува мазна, свежа и здрава.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Додајте до 100 г сол во водата за капење на температура 36-38°C и уживајте во купката 10-20 минути. По употребата кадата измијте ја со топла вода.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Ароматична био сол