Лимес е Меѓународна биохемиска компанија која се занимава со производство на еколошки високо квалитетни производи и нивна дистрибуција низ цел Балкан по пат на мрежен маркетинг. Лимес произведува  средства за лична и домашна хигиена, козметика, перници и чаеви, мултинаменски производи кои ги користи целото семејство, и со кои голем број потрошувачи успеале да решат одредени здравствени проблеми.

Хемијата е наука со голем спектар на можности. Таа не храни, облекува, но доколку сме невнимателни може и да не уништи. Компанија Лимес е навистина среќна што може да ја искористи нејзината најдобра страна и да го разубави секојдневието на човечката популација во целиот свет. Природата нуди неисцрпно богатство и ние од неа го извлекуваме најдоброто.

Седиштето на компанијата е во еколошки чиста средина во подножјето на Стара и Сува Планина во Пирот, Србија. Функционира успешно повеќе од 20 години, од 2000 година па навака, на територијата на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Словачка, Словенија, Германија, како семеен бизнис на дипломираниот инжињер Милорад Крстиќ кој во 2008 година е избран за еден од 1000 најуспешни претприемачи во Србија.

Лимес-Пирот, Милорад Крстиќ

Лимес е синоним за квалитетни, природни, еколошки, концентрирани, антиалергиски производи. 

Со одлуката на Изборната комисија во 2015 година, ја доби Интернационалната Европска награда за квалитет во Париз, златна статуетка.

Освен наградата, Лимес има и сертификати од 2013 година.

Сертификат за менаџмент на квалитет, 2013
Сертификат за управување со заштита на животната средина, 2013

Лимес од Пирот е семејна фирма. Континуитетот на развојот на производно – трговскиот деловен систем датира од 1987 година.

Во посебна публикација на Стопанската Комора на Југославија, на илјада успешни фирми во Србија, Лимес по финанските резултати го оствари високото 37 место, а по општите резултати на стопанисување во групата е помеѓу првите 400 во 1000 стопански субјекти анализирани во текот на 1998 година.

Во 2018 година Лимес доби најдобра бонитетна оцена во Србија.

Во тој период најдобри резултати Лимес има постигнато во надворешно трговските односи, занимавајќи се со увоз на репродуктивни материјали и сировини, а извезувајќи готови производи и суровини.

Од искуствата кои се остваруваaт во контакт со светот, светското стопанство и неговите достигнувања, посебно во областа на екологијата и заштитата на човековата околина, Лимес започна со производство на козметика, средства за лична и куќна хигиена.

 

Покрај тоа производите на Лимес се базираат на единствениот квалитет на лековити билки и миризливи треви, кои на еколошки чистите планини во Југоисточна Србија ги има во изобилство.

Сите производисе биоразградиви, без алкалии и фосфати, а воедно се и енергетски штедливи. Во секој производ има комбинација од екстракти невен, босилек, кантарион, липа, жалфија, нане, коприва, камилица, ајдучка трева и сл. Амбалажата е исто така еколошка.

Во самото срце на ЛИМЕС се наоѓа скапоцен извор на вода на длабочина од 185 м во еколошко подрачје, кое дополнително го зголемува квалитетот на производите. Прочистувањето го вршиме со посебен апарат со што се добива потполно чиста вода, со идеална ПХ вредност и делува смирувачки, без хемиски примеси.

Лимес - Пирот, плантажи на невен и босилек

Екстрактите на босилек и невен се меѓу најзастапените во лимесовите производи и поради нивната лековита моќ се одгледуваат на приватните плантажи на компанијата во чисти еколошки услови. Поради сето тоа лимесовите производи не само што не се штетни туку имаат и лековито дејство што ги прави посебни.

Вградувајќи мирисни треви, екстракти на лековити билки и квалитетни суровини од светски произведувачи со високи барања за екологија, без примена на фосфати, алкалии и други компоненти кои негативно влијаат на природата и човековото здравје, технолозите на Лимес успеаа да добијат производи со врвен квалитет кои воедно се и енергетски штедливи и како такви се сигурно конкурентни на светските производи во ова група. 

Со други зборови: Најдоброто од науката и природата – најдоброто за човекот и неговата животна средина.

Нашата палета на производи постојано го зголемува својот број, и до сега имаме повеќе од 100 производи распоредени во неколку групи:

1. Колекција Роса со производи за лична хигиена и козметика вклучувајќи тука производи за нега на лице, тело, коса, уста и заби, БЕБИ колекција, мирисна колекција, колекција за мажи, мелеми
2. Колекција Селекта со  производи за хигиена на домот, за перење на облеката и дезинфициенси
3. Чаеви
4. Перници

Постави прашање, предложи како да станеме подобри ?!?! 

Нашите корисници се наш приоритет и вашето мислење ни е посебно важно. Доколку имате некаква забелешка, критика, или пак пофалба, ве молиме пополнете ја формава и ние ќе ви одговориме во најкус рок. 

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес МК