
СОСТАВ:
Содржи екстракт на босилек и невен, глицерин, биоактивни материи.
ДЕЈСТВО:
Ефикасно чисти стакло, порцелан, керамика, дрво, обоени површини, а може да се употребuва и за миење на автомобили и машини. Се употребува во домаќинството за чистење на елементите во кујната, тави, модерни садови, санитарии, пластични делови, ѕидни и подни плочки, метални предмети (бакар, сребро, злато…). На третираните површини им дава блескава белина и висок сјај. Ефикасно отстранува каменец и рѓа при што не ја нагризува третираната површина. Навлегува низ наталожената нечистотија и чисти, а при тоа не остава траги и гребнатинки.
Може да го замени било кој концентрат од колекцијата Селекта.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
- За чистење на накит – раствор 1:5
- За чистење на мотор на автомобили – раствор 1:3
- За чистење на каменец – раствор 1(оцет) : 2(концентрат)
- За чистење на стакла – раствор од 1/2 литар вода и неколку капки концентрат
- За рачно и машинско перење на облека – комбинација 2 капачиња универзален концентрат и концентрат за облека.
- Отстранување на флеки – на исфлеканото место се нанесуваат неколку капки чист концентрат , се остава да делува неколку минути и се пере или се остава да се исуши, па се четка.
- Може да се користи за отстранување на флеки од кафе, рѓа, маснотија, овошје, мастило, фломастер, шминка, фарба од теписи, облека и други ткаенини. Доколку не успеете да ги отстраните флеките со еден обид, повторете го процесот неколку пати.
ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:
- Универзалниот концентрат може да се употребува за капење на домашни миленичиња
- Раствор од 1 литар вода и 5 капки концентрат за прскање на цвеќиња
- Раствор од концентрат и вода може да се употребува за прскање на облека заради полесно пеглање
- За хемиско чистење на одела – раствор од 1 литар вода и лажичка концентрат, со четка за одело се четка материјалот.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
