Невенот делува исклучително благотворно на кожата. Се употребува против изгореници, рани и смрзнатини. Заради присуството на провитамин А, помага кај псоријазата. Во народната медицина од ова билка се прават многу мелеми против суви и влажни егземи и перутави лишаи. Поттикнува создавање на нови ќелии, односно стимулирачки делува на горниот слој на клектите на кожата, отстранува гнојни исцедоци, па се употребува против гноење на коренот на ноктите. Невенот се покажа како исклучително ефикасно средство против габички. Исто така одличен е при убод од инсект, оса, пчела.
Босилекот е природен антиоксиданс, делува антибактериски и антисептички
Кантарионот има силно бактерицидно и антивирусно дејство. Се користи кај воспалителни процеси и во лечење на рани што потешко зараснуваат
Брезата делува антибактериски, ја негува и штити косата и кожата.
Жалфијата се користи како лек против воспаление на грлото и усната шуплина, и за лечење на дишните патишта, делува антисептички и ја јакне слузокожата.
Камилицата делува противвоспалително и ја штити кожата од штетното дејство на УВ зраците. Делува антибактериски
Копривата е богата со витамини, го јакне коренот на косата и се користи против опаѓање на косата и против перут
Липата ја смирува и омекнува кожата.
Нането е лековито делува смирувачки и антибактериски, ја намалува болката
Ајдучка трева делува антисептички и ја смирува кожата склона кон иритации, помага при епителизација
Хмељ е природен антиоксиданс, делува тонизирачки и го подобрува изгледот на кожата, ја негува и храни
Краставица содржи до 90% вода, витамин Ц, каротин, пектин, ензими и уште многу корисни материи кои ја негуваат кожата. Одлично средство е против воспаленија на кожата и слузницата.
Бадем – бадемовото масло (Prunus amygdalis var. Dulcis), содржи минерали и есенцијални масни киселини, како и витамини А, Б, Д и Е. Бадемовото масло е многу ценето козметичко масло кое ја храни кожата. Има позитивно влијание на сите типови на кожа, а посебно на сува и чувствителна кожа.
Јојоба – го нарекувале ,,Течно злато“. Одличен е за дерматози, псоријаза, егзема, иритирана, испукана, сува кожа како и за сува и дехидрирана коса. Маслото од јојоба е отпорно на оксидација, содржи витамин Е кој делува како антиоксиданс, витамин Б комплекс, минерали силициум, бакар, хром, цинк и јод.
Рицинус – рицинусовото масло има лековито дејство на кожата. Содржи есенцијални витамини и минерали, вклучувајќи витамин Е кој е одличен за хидратација и нега на кожата и косата. Поттикнува производство на колаген и еластин и дава на кожата сјај и еластичност.
Ночурак – маслото од ночурак ја омекнува кожата, ја кондиционира и хидратизира, па е посебно добро за сува и рапава кожа. Придонесува за брза регенерација на оштетената кожа и ја враќа еластичноста. Го регулира ќелискиот метаболизам и ги одзатнува порите.
Див Јам – Dioscorea villosa или билка на жените, е богата со стероиди, ги намалува мастите и делува подмладувачки. Нејзина функција е да формира колаген и со тоа го зајакнува липидниот филм на кожата. Со неа се обновува природниот anti-age систем и се задржува младешкиот изглед на кожата.
Семки од кајсија – покрај моќниот витамински арсенал, семките од кајсија се извор и на железо, калиум и фосфор, кои дополнително го подобруваат имунитетот на нашиот организам. Содржат амигдалин – Витамин Б17 кој се користи во антиканцерогени третмани.
Какaо – какао путерот ја штити кожата, го успорува губењето на водата, формирајќи бариерна заштитна обвивка. Создава заштитен филм на кожата, давајќи и мазност. Спречува сушење на кожата.
Алое Вера – ја врзува водата внатре во ќелиите каде што создава гел и со самото тоа доаѓа до регенерација на кожата, се подобрува еластичноста на кожата. Од витамините најзастапени се: А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12, минерали: калиум, натриум, железо, калциум, фосфор, бакар, селен.
Див костен – се користи како терапија за проширени вени, хемороиди, дијареа, треска и зголемена простата. Се користи и кај реуматични заболувања, болка, замор, отоци на нозете.
Арника – се користела за лекување модринки и грчеви во мускулите, а во козметиката, маслото од арника е фантастично негувачка состојка за нега на кожата и на косата.
Даб – најзначајни компоненти на кората од даб се танините, застапени со 8-20%. Се користи во производи за плакнење уста и грло при стоматити, гингивити, инфекции на грлото, за гаргара, рани на кожа, хемороиди и друго.
Шеа-путер – помага при дерматитис, лузни, изгореници од сонце, спречува создавање на брчки и стареење на кожата.
Портокал – спречува оштетување и стареење на кожата, одлично во борба со брчките и темните флеки, го стимулира производството на колаген.
Маслинка – маслиновото масло е нјаделотворно козметичко масло, препорачливо при третирање на псоријаза, дерматитис, егзема и сува кожа.
Бршлен – маслото од бршлен е докажано најдобро против целулитот, спречува настанување на брчки, ја подобрува еластичноста, благо ја затегнува кожата, ја намалува иритацијата и ја подобрува циркулацијата.