РОСА колекција за нега и хигиена на тело

Грижата за вашето тело е секојдневна активност која не треба да се запостави. Но ваш е изборот дали ќе се негувате со природни производи на база на билки, или пак со некоја искомерцијализирана козметика полна со хемиски состојки штетни за вашето здравје. Лимес ви нуди огромна палета производи на база на билки за нега на мажи, жени и деца кои се потполно безбедни, без агресивна хемија, со повеќе од 20 години позитивно искуство од задоволни клиенти низ цел Балкан и пошироко.

9201 Семејна крема, 150 мл

Содржи екстракт од невен и босилек, ја штити и негува кожата на лицето и телото. Комбинацијата на невен и босилек и внимателно одбрани природни состојки, благотворно делува на вашата кожа. Не ги затвора порите, лесно се размачкува и не се отстранува целосно во допир со вода. На тој начин ја штити кошата од сушење. Пријател на целото семејство. Прочитај повеќе…

9208 Крема за нега и заштита на раце, 100 мл

Кремата за раце е ефикасна хидратантна крема за беспрекорна заштита на рацете, погодна за секојдневна употреба и за сите типови на кожа. Има благ и многу пријатен мирис. Формулацијата на кремата е скоро немасна, при употреба многу брзо се впива во кожата при што доаѓа до нејзина хидратација, со истовремено создавање на тенок филм на кожата кој спречува губење на влажноста. Содржи глицерин, екстракт на невен и коприва. Прочитај повеќе…

9220 Нокталин, 60 мл

Нокталин за регенерација на оштетените, меки и кршливи нокти склони кон пукање и листање и за нега на заноктици и раце. Брзо се впива во кожата и коренот на ноктите. По употреба, ноктите растат без пукање, здрави, мазни и еластични. Ги храни, негува и обновува. Дава заштита од неповолни надворешни влијанија. Содржи октидодеканол, екстракт на невен, Д-пантенол, витамин Е. Прочитај повеќе…

9310 Флора крема, 225 мл

Флора е идеална релакс крема за нега, ревитализација и масажа на тело која содржи комбинација на растителни масла и витамински комплекс. Ублажува егземи, псоријаза и лузни, го ублажува црвенилото и лупењето, поттикнува циркулација и обновување на ќелиите. Кремата е добра за спречување на наталожување на целулитни наслаги. Содржи екстракт на масло од портокал, невен, маслиново и бадемово масло. Прочитај повеќе…

9309 Флорафит масло за масажа, 200 мл

Содржи масло од бршлен и екстракт на масло од портокал. Идеално решение против целулитот. Ги елиминира вишокот на течности и отрови. Ја забрзува циркулацијата и метаболизмот. Ги намалува масните наслаги. Ја затегнува и зацврстува кожата. Прочитај повеќе…

9207 Антицелулит крема гел 200 мл

Антицелулит крема гел е врвен производ кој во себе содржи најквалитетни супстанции меѓу кои екстракт на бршлен, витамин Е, јојоба. Масните наслаги од кожата се топат, обемот на колковите, бутовите и останатите третирани делови се смалува, со што вашата фигура изгледа преобликувано. Кожата станува мазна и зацврстена на клучните делови на телото: бутовите, задница, страни, струк и стомак. Делува тројно на целулитот: ги отстранува масните нсалаги, течностите од телото и поттикнува производство на колаген и еластин кои кожата ја прават мазна и затегната. Прочитај повеќе…

 

9118 Млеко за лице и тело со Q 10 200 мл

Врвно, повеќенаменско хидратантно млеко за нега на лице и тело. Формула на млекото со алантоин и екстракт на невен. Со редовна употреба на млекото за кожа, брчките ефикасно се намалуваат, а нивното враќање и создавање  на нови е спречено. Q10 ефикасно ја штити кожата од негативни надворешни влијанија. Прочитај повеќе…

9211 Млеко за тело со алое 200 мл

Млеко за тело со Алое Вера, масло од јојоба и витамин Е ја хидрира кожата правејќи ја мека, мазна и еластична. Формулација за повисоко ниво на хидратација во подлабоките слоеви на кожата. Содржи висококвалитетни состојки кои ја хранат и хидрираат кожата и одржуваат баланс на влажноста правејќи ја мека, мазна и еластична. Прочитај повеќе…

 

9107 Течен сапун за лице и тело 500 мл

Сапун за миење и нега на кожата на раце и цело тело. Со екстракт од невен, ја храни кожата и ја прави мека. Неговата кадифена формула ја остава кожата мека и мазна. Прочитај повеќе…

9108 Антибактериски течен сапун 250 мл

АБС течниот сапун претставува идеална комбинација на екстракт на босилек и активни компоненти кои имаат благо антисептичко дејство на кожата. Се употребува за миење на раце и хигиена на цело тело. Прочитај повеќе…

 

9111 Ароматична био сол со невен и босилек, 450 г

Ароматичната БИО сол за капење, со додаток на природни билни екстракти, благотворно делува на целиот организам, го отстранува чувството на сува кожа, ги проширува и чисти порите, ја нормализира рамнотежата на водата во кожата, ефикасно ги елиминира токсините, го опушта нервниот систем, помага во борба против несоница, ги опушта мускулите и ја ублажува напнатоста во телото оставајќи чувство на мир и спокој, ја подобрува циркулацијата. Прочитај повеќе…

9120 Леди купка со невен и алантоин 250мл

Кремаста формула со интензивен мирис која нежно ја чисти и ја омекнува кожата. Содржи активна материја алантоин и природен екстракт од цвет на невен кои благотворно делуваат на кожата. Присуството на благи компоненти доведува до освежување на кожата и и дава дополнителна хидратација и сјај. Кожата по третманот станува совршено чиста, миризлива и негувана. Купката е наменета за сите типови на кожа. Прочитај повеќе…

9121 Гентлемен со невен и алантоин 250мл

Содржи екстракт на невен и алантоин, хијалуронска киселина, и други активни материи кои делуваат на кожата и косата и по употребата стануваат совршено хидрирани, миризливи и негувани. Идеална комбинација за секојдневна употреба. Гелот за туширање 3 во 1 се употребува за миење на косата, на лицето и на целото тело. Прочитај повеќе…

9203 Галант крема 100мл

Безбојна крема, содржи ланолин, парафин, вазелин, мирис на јасмин, ги негува и ги штити сите предмети од природна и вештачка кожа. На кожата и дава исклучителен сјај и ја омекнува. Со кремата повремено може да се намачкаат петиците, лактите и на тој начин се спречува создавање на задебелувања, постоечките се отстрануваат, а петиците и лактите стануваат меки и еластични. Прочитај повеќе…