Природна козметика, создадена од лековити билки, со целата моќ што ни ја нудат, е она што му треба на секое домаќинство. Козметика наменета за сите возрасти, за жените, мажите, децата, за секој период од денот

Колекција Роса за нега на лице

Колекција Роса за нега на тело

9204 Ноќна антирид крема со колаген, 15мл - 471 денари

СОСТАВ:

Содржи суровини со козметички квалитет:

  • пчелин восок
  • билни масла како
    • јојоба
    • рицинусово
    • бадемово
  • витамин Е и витамин А
  • колаген
  • хијалуронска киселина

Пчелиниот восок ја прави кожата мазна и еластична и создава отпорност на кожни болести.

Јојоба маслото (Simmondsia sinensis или Buxus sinensis) овозможува кожата слободно да диши, длабински ја храни, не ги затвора порите, а во исто време ги хидрира сувите делови на кожата. Содржи протеини, минерали, растителен восок и миристична киселина. Јојобата делува против воспалително и благотворно кај псоријаза, егземи и воспалителни инфекции на кожата.

Рицинусовото масло спречува сушење на кожата и на тој начин ја задржува природната влага и ја регенерира кожата.

Бадемовото масло (Prunus amygdalis var. Dulcis) содржи минерали и есенцијални масни киселини, витамини А, Б, Д и Е. Бадемовото масло инаку е многу ценето козметичко масло кое ја храни кожата. Има позитивно влијание на сите типови на кожа, а посебно помага на сува и чувствителна кожа.

Витаминот Е е природен антиоксиданс, ја штити кожата од оштетување.

Витамин А 

Колагенот е протеин кој го произведува нашето тело. Претставува составен дел на сврзното ткиво кое е од витално значење за нашиот организам. Поради природните процеси на стареење кои започнуват во средината на дваесетите години, произведувањето на колагенот на нивото на кожата започнува да опаѓа, што доведува до намалување на еластичноста на кожата. На површината на кожата, ќелиите забрзано изумираат, се создава задебелен слој на рожнати ќелии, кој ги успорува процесите во кожата. На намалување на колагенот влијаат како стареењето, така и надворешните фактори, што предизвикува опуштање на кожата и создавање на брчки.

ДЕЈСТВО:

  • Комплексот на биоактивни материи од кремата преоѓа во подлабоките слоеви на кожата, исправајќи ги постоечките и спречувајќи го формирањето на нови брчки.
  • На кожата и се враќа еластичноста и влажноста.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Кремата се нанесува секоја вечер во период од 6-8 недели. Кремата се користи за нега на чувствителната кожа околу очите и усните. Се препорачува негата со оваа крема да се започне после 25 години старост.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Ноќна антирид крема со колаген
9219 Дневна крема со сребрена вода и екстракт на невен, 100мл - 1020 денари

СОСТАВ:

Масните материи од маслената фаза и екстрактот на невен создаваат комплекси, кои на кожата оставаат невидлив филм кој ја храни и ја прави исклучително мека, додека водените супстанции со активните принципи продираат длабоко и предизвикуваат зголемена циркулација – побрзо обновување на ќелиите. Во оваа крема е вградена сребрена вода која ја прави уште поефикасна во својата задача.

Среброто е вградено во облик на најситни честички околу 0.001 микрон, кои пливаат во водата градејќи колоидно сребро, кое има исклучително дезинфекционо и благотворно дејство на кожата.

ДЕЈСТВО:

Со секојдневна употреба покрај нега овозможува отстранување на акни, гнојни чепови, мозолчиња и егземи. Кремата ја храни и ја хидрира кожата.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Вака конципирана кремата е наменета за сите возрасти и типови на кожа, а посебно кај оние кај кои дехидратацијата има предизвикано дегенеративни промени, кои се гледаат во губењето на способноста на кожните колоиди да ја врзуваат и трајно да ја задржат водата во неа. Според тоа кремата има терапевтска примена.

Со употреба кoжата станува негувана и здрава.

Прочитајте повеќе за бенефитите на сребрената вода на следниот линк

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Дневна крема со сребрена вода и екстракт на невен
9200 СПА крема, 100мл - 498 денари

За да биде кожата убава, здрава и негувана, потребно е да се хидрира и да се храни секојдневно. Кога кожата ќе ја изгуби својата природна влага, доаѓа до губење на еластичноста, па е неопходно да и се врати влагата во облик на хидратантни креми. СПА КРЕМАТА е дневна хидратантна крема која претставува заштитна бариера и го ограничува дневното губење на влага.

СОСТАВ:

Во кремата се вградени сок од краставица, екстракт на невен и јојоба масло. Моментално и видливо ги отстранува недостатоците на кожата, црвенило, отоци, ги ублажува брчките.

Краставицата содржи до 90% вода, витамин Ц, каротин, пектин, ензими и уште многу корисни материи кои ја негуваат кожата. Одлично средство е против воспаленија на кожата и слузницата. Сокот од краставица со останатите состојки продира длабоко во кожата и овозможува долготрајна хидратација. Се цеди со ладна постапка и веднаш се вградува во кремата со што се сочувани сите активни материи. Активните принципи на краставицата во кремата делуваат дестимулативно на врзивното ткиво како молекуларен сунѓер кој ги врзува протеините и водата, така што ќелиите набабруваат, кожата станува мазна, нежна и затегната.

Употребата на оваа крема спаѓа во СПА козметичка нега, што претставува модерно име за нега со вода со лековити состојки, во овој случај тоа е сокот од краставица.

ДЕЈСТВО:

  • ја хидрира кожата на тој начин што ја зголемува природната влажност на кожата
  • ги отстранува недостатоците (црвенило, отоци, подуеност) и штити од слободни радикали
  • ги ублажува брчките – кожата станува затегната, кадифена и свежа- релаксира и ја штити кожата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува два пати во текот на денот без оглед на типот на кожата, а по потреба и повеќе пати (за лица со сува и испукана кожа). Одговара на сите типови на кожа. Посебно се препорачува на лица со сува кожа, која лесно се лупи и е наклонета кон создавање на брчки. Што добива кожата со употреба на СПА кремата? Потребна количина на влага, и ја враќа природнната влажност и спречува понатамошно гувење на влагата. Кремата е идеална за ладниот период кога заради студот и ветрот кожата дополнително губи влага. Многу добро делува на воспалена и мрсна кожа пропратена со мозолчиња и митесери, бидејќи краставицата делува како чистач на кожата. Кожата станува затегната, мазна, свиленкаста и свежа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading СПА крема
9308 Лимес 21 крема, хранлива формула за сите типови на кожа, 50мл - 2975 денари

Лимес 21 кремата е извор на здравје и убавина, кои природата ни ги дава од сите страни на светот.

СОСТАВ:

Лимес 21 кремата е сложена структура на внимателно одбрани состојки од природата и ретки билки од целата планета.

Екстракт на корен од билката Див јам која кај народот е позната како билка на жените и се одгледува на плантажите во Мексико. Нејзината функција е да формира колаген во кожата и со тоа го зајакнува липидниот филм на кожата. Со оваа постапка се обновува природниот anti- age систем и се зачувува младешкиот изглед на кожата.

Екстракт на семе од Тимариндус Индика кој е по потекло од Југоисточна Азија, содржи полисахариди како активни материи. Тие имаат важна улога да го активираат природниот заштитен механизам на кожата, ја чуваат влагата во кожата и не доведуваат до нејзино губење и сушење. Лимес кремата  е основа за кожа која секојдневно е изложена на стрес. Благодарение на материите кои ја штитат кожата од влијанието на штетното УВ зрачење, претставува важна превенција од појава на пеги и флеки на кожата, а се употребува и по појава на истите.

Екстракт на зелен мунг грав кој се одгледува во Индија. Уште одамна народите кои живеат на овие простори го употребувале зелениот мунг грав за лечење на дерматитис, т.е воспаление на кожата и појава на црвенило, како и за зараснување на рани. Го активира имуниот систем на кожата.

Глицериди и триглицериди добиени од маслиново масло од Медитеранот кои ги обновуваат активните и функционални материи во кожата кои и даваат помек и свиленкаст изглед.

ДЕЈСТВО:

Има широк спектар на дејства за зачувување на здрава и нормална функција на кожата која е изложена на негативни фактори како што се стрес, стареење или влијанието на штетното УВ зрачење. Заштитата како и лечењето се важни за секој поединец кон личното здравје и убавина.

Хранливите состојки ја поттикнуваат регенерацијата на кожата ги намалуваат брчките не само по длабочина туку и по волумен.

Формулата го зголемува имунитетот на кожата и создава отпорност кон неповолните надворешни влијанија.

Витамините во комбинација со структурата на активни материи на кремата овозможуваат висока хидратантност и го смалуваат интензитетот на пегите и флеките.

  • Го чува младешкиот изглед на кожата
  • Ја обновува и храни кожата
  • Ги намалува брчките
  • Ги намалува брчките, спречува создавање на пеги и флеки и ги ублажува постоечките
  • Хидрира
  • УВ заштита
  • По 4 недели кожата е потхранета и цврста.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на темелно исчистено лице и врат, наутро и навечер.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Лимес 21 крема
9201 Семејна крема, 150мл – 535 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт од кантарион и невен, ја штити и негува кожата на лицето и телото. Комбинацијата на екстракт од кантарион и невен и внимателно одбрани природни состојки, корисно и козметички делува на кожата. Не се отстранува во целост во допир со вода.

Невен:(Calendula officinalis) делува противвоспалително, а воспалената кожа ја враќа во нормала. Делува корисно на кожата со мали неправилности, прво опушта и ја смирува, освен тоа делува како лек во зависност од тоа за кој проблем станува збор, црвенило, иритација…Ја подобрува циркулацијата. Ја храни кожата и и овозможува брза регенерација на кожата, создавајќи нови, млади келии.

Кантарион:(Hypericum perforatum) го подобрува имунолошкиот систем на кожата, дезинфицира, ја чисти кожата, ја олеснува епителизацијата, го отстранува епителот заедно со невенот.

Глицерин: ја храни и многу повеќе ја хидрира кожата, овозможува кожата да ја впие кремата и истата да делува.

ДЕЈСТВО:

  • ја штити и негува кожата на лицето и телото
  • не ги затвара порите и лесно се размачкува
  • ја хидрира кожата
  • делува дезинфицирачки
  • брзо ги лекува раните, гребнатините и отоците
  • смирува воспалена кожа

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Еднаш дневно, а во зависност од проблемот и повеќе пати во текот на денот да се нанесува кремата на кожата на лицето-телото, благо да се втрие и да се остави да делува. Се препорачува на лица со чувствителна, сува и испукана кожа, бебиња и мажи за после бричење.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Во комбинација со антибактерискиот сапун дава исклучителни лековити дејства. Помага при алергии, габични и инфекциски заболувања, проширени вени, хемороиди, синуси..
  • Многу е добра за интимна нега кај воспалителни процеси и габични заболувања со претходна дезинфекција со антибактериски сапун.
  • Доколку дојде до чешање или создавање на јачменче кај конјуктивитис, внатрешноста на окото да се намачка со семејна крема.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Семејна крема