повеќенаменско хидратантно млеко за нега на лице и тело Исклучително блага и брзо впивачка текстура. Токму она што е добро за кожата. Формулата на млекото со алантоин и екстракт на невен поттикнува брза циркулација на крвта и со тоа го забрзува создавањето на нови ќелии, додека активните компоненти на единствениот енергетски комплекс Q10 на кожата и даваат можност да се регенерира во подлабоките слоеви на епидермот и со тоа ја регулираат оптималната количина на колаген во кожата.
9118 Млеко за лице и тело со Q 10, 200 мл

СОСТАВ:

Содржи екстракт на невен, алантоин, глицерин, коензим Q10.

Q10 ефикасно ја штити кожата од негативни надворешни влијанија.

Невенот е природен регенератор, кој ја одржува природната влажност, мекост и еластичност на кожата.

Q10 во комбинација со невен и алантоин ја ревитализира кожата, ја храни и спречува стареење.

ДЕЈСТВО:

Врвно, повеќенаменско хидратантно млеко за нега на лице и тело

Исклучително блага и брзо впивачка текстура. Токму она што е добро за кожата.

  • Формулата на млекото со алантоин и екстракт на невен поттикнува брза циркулација на крвта и со тоа го забрзува создавањето на нови ќелии, додека активните компоненти на единствениот енергетски комплекс Q10 на кожата и даваат можност да се регенерира во подлабоките слоеви на епидермот и со тоа ја регулираат оптималната количина на колаген во кожата.
  • Со редовна употреба на млекото, брчките ефикасно се намалени, а нивното враќање и создавање на нови е спречено.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува тенок слој, на чиста и сува кожа. Одговара на сите типови кожа, посебно на сува и оштетена кожа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Млеко за лице и тело со Q 10
9116 Дневна антирид крема со Q10, 15 мл

Крема за пределот околу очите и усните. Погодна е за сите типови кожа.

СОСТАВ:

Кремата за пределот околу очите и усните е лесна формулација која делува превентивно, зголемувајќи го природното ниво на коензим Q10 во кожата, збогатена со активната супстанција неодермил, витамини, екстракт од квасец и корените на растението Див јам.

Коензим Q10 – го штити и обновува колагенот и еластичните влакна во кожата, кои се одговорни за еластичноста и цврстината на кожата.

Неодермил е биоактивна состојка, слична на колагенот и има за цел значително да ја подмлади кожата. Ги поттикнува ензимите да создаваат и да го зголемуваат нивото на колаген и еластин во кожата, со што се намалува длабочината на брчките.

Екстрактот од клетките од квасецот – има улога да го активира природниот одбранбен механизам на кожата и на тој начин ја штити кожа од негативни влијанија од надворешната средина.

Екстрактот од коренот на растението Див Јам има важна функција за формирање на колаген во кожата.

Антирид кремата Q10 содржи и компонента која игра важна улога во спречувањето на појавата на брчки поради штетнто дејство на УВ зрачењето од сонцето.

ДЕЈСТВО:

Кожата брзо ја впива кремата, која продира во подлабоките слоеви, континуирано ги омекнува постоечките брчки, спречува формирање на нови и ја обновува кожата. Малите брчки исчезнуваат во рок од три до четири недели, ги намалува темните кругови.

Мазна, затегната и здрава кожа без темни кругови околу очите. 

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува секојдневно по чистење на лицето и отстранување на шминката од очите. Се нанесува мала количина на крема од надворешната страна на пределот околу очите и усните и нежно се масира.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Дневна антирид крема со Q10
Dnevna krema protiv brcki Limes Mk Bibi
9115 Дневна крема против брчки со Q10 и хијалуронска киселина, 50 мл

За секојдневна нега на зрела кожа. Погодна за сите типови кожа.

СОСТАВ:

Богата формула од внимателно одбрани висококвалитетни состојки со хијалуронска киселина, рицинусово масло, витамин Е и коензим Q10 е совршен избор за дневна нега на зрела кожа.

Хијалуронска киселина – благодарение на својата посебна структура, ја задржува влагата и и дава волумен на кожата. Со хидратацијата, оваа состојка исто така доставува хранливи материи до клетките на кожата и поттикнува обновување на клетките.

Коензимот Q10 е моќен антиоксиданс и чистач на штетни материи кои доведуваат до предвремено стареење на кожата. Штетни материи се создаваат кога кожата е изложена на УВ зрачење, смог, токсини или консумација на тутун. Овој коензим ги штити нашите колагенски и еластични влакна, кои се одговорни за цврстина и еластичноста на кожата, од штетни материи, па на овој начин се успорува создавање на брчки, опуштање на кожата и се задржува нејзиниот младешки изглед.

Рицинусовото масло содржи амино киселини кои го поттикнуваат создавањето на колаген и еластин во кожата.

ДЕЈСТВО:

Континуирано ги ублажува постоечките брчки, го спречува создавањето на нови и ја обновува кожата. Ги ревитализира клетките на кожата, го успорува процесот на стареење. На природен начин ја враќа свежината и еластичноста на кожата, ја подобрува нејзината микроциркулацијата, ги намалува брчките. За секојдневна нега на зрела кожа. Погодна за сите типови кожа.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Кремата се нанесува секое утро на свежо измиена и исушена кожа на лицето.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Дневна крема против брчки со Q10 и хијалуронска киселина