Босилек (Basilicum ocimum)
Босилекот е едногодишна, зелјеста билка која расне од 20-60 цм со разгрането стебло, темнозелени листови и цветови во зелена, бела и розова боја. Целото растение е многу ароматично и има пријатен мирис. Потекнува од Афричкиот континент. Босилекот е многу ценета билка заради своите лековити својства.
Состав: етерично масло, танин, сапонин и горчливи материи, флавоноиди, кафени киселини и сапонозиди. Во етеричното масло има естрагол, линалол, цинеол и уште многу други антисептички состојки (состојки кои спречуваат развој на микроорганизми). Есенцијата се добива од цветот и листовите. . Целото растение е лековито како и семето.
Покажува: антидепресивно и тонично дејство.
Босилекот има повеќекратна употреба, добар е и за надворешна и за внатрешна употреба.
- За спречување на опаѓање на косата, за зајакнување на косата и нејзино побрзо растење, дава сјај на уморната коса
- Поттикнува циркулација, делува на оживување на уморната кожа и дава сјај и го подобрува тонусот
- Делува како средство за смирување, отстранува несоница, ублажува нервоза, влијае на подобрување на концентрацијата, смирува нерви
- Помага во борба против акни
- Ги зајакнува слабите нерви, има смирувачки ефект, ги зајакнува менталните функции и го отстранува менталниот замор
Босилекот е најпопуларна и најзастапена состојка во сите производи на Лимес. Се одгледува на плантажите на компанијата и прави една хармонија со екстрактите на другите билки во зависност од тоа за кој производ се работи.
Производи на Лимес во кои може да се сретне босилекот:
- Мелем против потење на нозете
- Касталим мелем за вени
- Течен сапун за лице и тело
- Антибактериски течен сапун
- Ароматична био сол
- Росафреш водичка
- Спреј за здив
- Беладент паста за заби
- Росадент паста за заби
- Омекнувач за облека
- Концентрат за облека
- Тепих шампон
- Концентрат за теписи
- Мулти строн гел за машинско миење садови
- Концентрат за садови
- Универзален концентрат
- Антистатичко средство за стакло
- Концентрат за стакло
- Санитарен гел
- Паста за домаќинство
- Концентрат за подови
- Концентрат за чистење на мермер
- ПДП концентрат