Содржи минерал магнезиум и освежителни мирисни ноти. Благодарение на благиот сурфактант на база на сончогледово масло Натура Фреш има кремаста структура која овозможува полесно нанесување, длабински ја негува кожата и ја прави свиленкаста и мека.
ДЕЈСТВО:
Дава сигурна заштита од непријатна миризба која ја предизвикуваат бактериите во текот на потењето при што потните жлезди не се блокираат и не се заморуваат. Не содржи алуминиум, парабени и алкохол.
Активната компонента базирана на овој минерал спречува развој на непријатна миризба контролирајќи го порастот на грам позитивни бактерии. Има посебна кристална структура која во себе задржува одредена количина на пот и себум, при што по нанесувањето остава заштитен филм на кожата кој ја штити, негува и ја остава сува.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на чиста и сува кожа, 1 до 2 пати дневно.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи екстракт на невен, камилица, токоферол, провитамин B, D-пантенол.
ДЕЈСТВО:
Екстрактот на невен (Calendula Officinalis) ја омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта. Невенот ја храни и регенерира кожата.
Камилицата (Chamomilla Matricaria) делува против воспалително и антибактериски на кожата.
Купката е формулирана на база на благи и високо квалитетни активни материи. Неутрална е и безбедна, дури за најчувствителната детска кожа. Нејзиното благо дејство го гарантираат екстрактите на невен, токоферол и провитамин B.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Купката создава богата пена која лесно се плакне и не ги надразнува очите, така што капењето за бебињата претставува уживање.
Се употребува за миење и нега на кожата и косата. Се користи за капење на бебето, доволно е 1 дневно, може да се мие и косата бидејќи е 2 во 1 и купка и шампон. Се става малку, не ги иритира очите и кожата.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи природни активни материи и екстракт на камилица.
ДЕЈСТВО:
Екстрактот на камилица (Chamomilla Matricaria) делува против воспалително, смирувачки и антибактериски на кожата.
Детскиот шампон – купка е направен со идеална комбинација на екстрактот на камилица и внимателно одбрани природни активни материи кои овозможуваат ефикасно капење со благотворно делување на кожата и косата. pH вредноста е приспособена на кожата, со што во потполност е заштитена нејзината природна обвивка и кожата станува чиста и нежна без воспаление, сушење и лупење. Косата добива здрав, негуван и сјаен изглед.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се користи за капење на детето, доволно е 1 дневно, може да се мие и косата бидејќи е 2 во 1 и купка и шампон. Се става малку, не ги иритира очите и кожата. Одлична купка за деца склони кон алергии.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Идеална комбинација на екстракт од камилица(Chamomilla matricaria) и внимателно одбрани природни масни материи и активни компоненти. Кремата има антибактериски својства.
ДЕЈСТВО:
Кожата многу често директно е изложена на штетното влијание на надворешната средина, ветер и студ во зимските месеци и сонце во летните месеци. Исто така со често миење, ја губи еластичноста и отпорноста.
Детската кожа е многу потенка во однос на кожата на возрасните, па со самото тоа е почувствителна и наклонета кон воспалување и дехидратација. Доколку не се заштити со соодветни средства, може да дојде до настанување на црвенило и лупење, кои предизвикуваат чешање, што може да предизвика сериозни проблеми кај бебињата заради чешањето кое е тешко да се контролира. Како последица на чешањето, на чувствителната детска кожа се создаваат егземи и рани. Заради тоа многу важно е редовно да се негува бебешката кожа со благи средства кои спречуваат сушење и ја чуваат кожата од штетни надворешни влијанија.
Екстрактот на камилица на кожата и дава влажност, ги спречува гнојните воспаленија, го забрзува зараснувањето на раните, опушта. Помага кај акни, алергии, измрзнатини, инфекции на рани, изгоретини и пликови. Кремата има антибактериски својства.
На кожата и дава влажност
Ја негува и штити од воспаленија
Ја зголемува отпорноста
Има заштитен UV фактор од сонце
Ја прави кожата мека и мазна
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се употребува за секојдневна нега на чувствителната бебешка кожа. По миење или капење со нежни движења се нанесува кремата на лицето и телото на Вашето бебе. Лесно се втрива и брзо се апсорбира.
Кремата може да се употребува и повеќе пати во текот на денот, а посебно кога бебето се изложува на сонце, ветер или студ. Посебно се препорачува на бебиња со сува и оштетена кожа која е наклонета на егземи и алергии.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи активни компоненти и екстракти на лековити билки: босилек, кантарион, нане и жалфија. Во секојдневната грижа за здравјето на усната шуплина, задолжителен дел од приборот за хигиена се четката за заби, пастата за заби, забниот конец и водичката за плакнење на устата.
ДЕЈСТВО:
Водичката за уста ги плакни нечистотиите, односно талозите на забите и непцата, овозможува пријатен и свеж здив. Непријатниот здив во устата може да биде последица на лоша орална хигиена, наслаги на забите и остатоци од храна на рапавата површина на слузницата на јазикот со чие гниење настанува непријатен мирис во устата. Активните супстанции на босилек, кантарион, жалфија и нане делуваат антибактериски, штитат од воспаление на грлото и непцата и помагаат во лечење на афти и ранички во устата. Превентивно делува против кариес, спречува создавање на каменец и го отстранува непријатниот здив.
Етеричното масло на нането содржи ментол кој има изразено бактерицидно дејство па со тоа супстанцијата е погодна за дезинфекција. Ментолот е јак ароматик кој ги дразни нервите, лесно испарува и заради тоа лади поради што е јак анестетик.
Кантарионот одличен е за кожата и слузокожата, има анелгетско, бактерицидно и антивирусно дејство.
Додатокот на жалфија го зголемува антисептичкото дејство бидејќи жалфијата содржи етерично масло кое е богато со тујон, камфор, а содржи и танини. Има докажано антимикробно дејство на некои бактерии и габички. Поволно влијае на лечење на разни инфекции и рани.
Босилекот содржи етерични масла, танин, сапонин, витамини Б1, Ц и каротен и дава јак, ароматичен мирис. Исто така има антисептички и својства на конзерванс бидејќи спречува развој на многу микроорганизми и ги уништува.
Росафреш водичката има силно антибактериско дејство и пријатен вкус. Го освежува здивот. Со инхалирање на Росафреш водичката ќе се ослободите од кивавица и синуси.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Во 10-20мл вода се раствораат 5-10 капки од РОСАФРЕШ концентратот и се врши плакнење на устата и грлото.
ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:
Помага при повлекување на отоци кои настануваат при долго стоење и седење.
Успешно се применува кај хронични болки во зглобовите и главоболка. Се втрива водичката на болното место и болките исчезнуваат по неколку минути
Се употребува за намалување на температура кај децата
Кај децата го олеснува проблемот при растењето на забите. Потребно е болните непца да се намачкаат со фреш водичката
Разблажен Росафреш може да се користи за плакнење на уши
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Еколошко, антибактериско средство кое покрај квалитетните активни компоненти содржи екстракти на лековити билки: кантарион, босилек, нане и жалфија.
Босилек (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и антисептички (спречува развој на микроорганизми).
Жалфија (Salviae Folium) е многу ароматична и има специфичен мирис. Се употребува како лек против воспаление на грлото и за лечење на дишните патишта. Делува смирувачки на воспаленијата на усната шуплина. Има антисептичко (спречува развој на микроорганизми), бактерицидно, антифлогистичко дејство ( благотворно делува на воспаленијата), освежува, смирува, ја зајакнува слузокожата.
Кантарион (Hupericium Perforatum) има анелгетско, бактерицидно и антивирусно дејство.
Нане (Menthae piperitae folium) делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), анелгетски, антибактериски, смирувачки и антивирусно. Одлично е кај проблеми со непцата. Го неутрализира непријатниот здив од устата.
ДЕЈСТВО:
Се употребува за испирање на устата и грлото. Се наоѓа во пакување кое е веднаш спремно за употреба, а кога ќе се потроши содржината од шишенцето, потребно е да се направи раствор од концентрираната водичка за плакнење на уста РОСАФРЕШ и вода, содржината се става во шишенцето и се употребува. Многу е добар за заштита од настинки, за пушачите…
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се поставува на мала оддалеченост од местото што сакаме да го испрскаме, дали е тоа болен заб, непце, или директно кај крајниците или пак од подалеку во усната шуплина за поубав здив, и се прска 1 до 2 пати, може да се повтори постапката по неколку пати во денот, зависно од потребата. Заменува неколку мастики.
ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:
Асматичарите може значително да ја намалат употребата на пумпица доколку го употребуваат спрејот за здив на Лимес.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Квалитетна паста со антибактериски систем. Содржи екстракти на лековити билки: камилица, босилек, кантарион и жалфија.
Камилица (Chamomilla Matricaria) делува противвоспалително и антибактериски.
Босилек (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и спречува развој на микроорганизми.
Кантарион (Hupericium Perforatum) одличен е за кожата и слузокожата, има аналгетско, бактерицидно и антивирусно дејство.
Жалфија(Salviae Folium) се употребува како лек против воспаление на грлото и за лечење на дишните патишта. Делува смирувачки на воспаленијата на усната шуплина. Има антисептичко, бактерицидно, антифлогистичко, тонично дејство, освежува, смирува, ја јакне слузокожата. Добра е за плакнење на грлото и устата. Поради антисептичкото дејство жалфијата ја намалува можноста за појава на болести на непцата.
ДЕЈСТВО:
Со својата содржина и екстракти на лековити и мирисни билки камилица, босилек, кантарион и жалфија, од падините на Стара планина, на природен начин ги штити Вашите заби и непца. Го освежува здивот, има пријатен вкус и антибактериско дејство. Дава блескава белина на Вашите заби.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се употребува за секојдневно миење на забите. Со оглед на тоа дека е концентрирана, потребна е помала количина од пастата за едно миење од стандардните пасти за заби.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Квалитетна паста со билни екстракти на кантарион, босилек, нане и жалфија, мирисни и лековити билки од подножјето на Стара планина. Содржи специјални полнила LP со заоблени честици кои даваат ефект на ,,меко“ чистење, без оштетување на површината на забите и во исто време делува како полирачко средство.
Кантарион (Hupericium Perforatum) одличен е за кожата и слузокожата, има анелгетско, бактерицидно и антивирусно дејство.
Нане (Menthae piperitae folium) е една од најпознатите лековити билки која од многу одамна се употребува во медицината.. Делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), анелгетски, антиспазматично, антибактериски, смурувачки, антивирусно и ефикасно лечи бројни тешкотии и инфекции. Помага при болести на непцата и здивот од устата.
Жалфија (Salviae Folium) е многу ароматична и има специфичен мирис. Има антидепресивно, антисептичко, антиспазматично, бактерицидно, седативно, тонично дејство, освежува, смирува, помага при затегање на ткивото. Добра е за плакнење на грлото и устата. Поради своето антисептичко дејство жалфијата ја намалува можноста за појава на болести на непцата.
Босилек (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и антисептички (спречува развој на микроорганизми).
ДЕЈСТВО:
го освежува здивот
ги чисти и полира забите
ги уништува бактериите кои се собираат во устата
ја ублажува парадентозата
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се употребува за секојдневно миење на забите. Со оглед на тоа дека е концентрирана, потребна е помала количина од пастата за едно миење од стандардните пасти за заби.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи ува (Мечкино грозје), лист од бреза, килавица, коњско опавче, пченкарна свила.
Ува (Мечкино грозје) е исклучително лековито растение, дава најдобри резултати против воспаление на уринарниот тракт и бубрезите. Го чисти уринарниот тракт од бактерии, ефикасен е во елиминирање на многу непријатната бактерија ешерихија коли. Корисна е и за проблеми со простатата.
Листот од бреза со своето силно диуретично дејство, го поттикнува излачувањето на урината и со тоа го помага подоброто испирање на уринарниот тракт и бубрезите.
Килавица– делува благотворно на мускулатурата на мочниот меур и помага како диуретик при воспаление на мочниот меур и формирање на камења. Коњско опавче го поттикнува мокрењето. Ефикасно е при бубрежни нарушувања, ги ублажува грчевите на мочниот меур, болното и често мокрење и слични тегоби.
Пченкарната свила делува антиинфламаторно, ги штити и смирува уринарните патишта и бубрезите. Активните состојки на пченкарната свила го олеснуваат излачувањето на урината.
ДЕЈСТВО:
За ублажување на симптомите на бактериски инфекции на мочниот меур и уринарниот тракт
Билна мешавина со ува лист и бреза ги чисти бубрезите од кристали и песок
Се користи и против бактерии во урината
Помага при болки, ја стимулира работата на бубрезите, ги ублажува грчевите, го поттикнува мокрењето и го спречува таложењето на кал, песок и камења
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Една кесичка чај прелијте ја со 2 дл врела вода, оставете ја да отстои покриена триесет минути. Се пие три пати на ден.
Напомена: Не се препорачува за време на бременост и доење, како и за деца под 12 години. Ако користите редовна терапија со лекови, најдобро е да се консултирате со лекар или фармацевт пред да ја користите билната смеса.
Оваа информација не е замена за професионалното мислење на вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник во оваа област.
Содржи висок процент на површинско активни материи кои со екстрактот на босилек имаат антибактериско дејство.
ДЕЈСТВО:
Погоден е за рачно и машинско чистење на бетонски, кисело-отпорни, керамички, пластични и сл. подни површини. Може да се употребува за чистење на подови во хали, аеродроми, кланици итн. Концентратот има пријатен мирис (мирис на боровина) не пени многу, а се раствара во зависност од извалканоста на подот.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Дозирањето се врши во зависност од степенот на извалканост , што е назначено на самото пакување.
За чистење на масло од бетон се раствора во размер 1:1
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата