9405 Хемолим, 35 мл

СОСТАВ:

Гел против хемороиди содржи екстракт на див костен, екстракт на дабова кора и други природни компоненти вградени во форма на гел од кој сите активни материи лесно се ресорбираат и прават релативно брз ефект на делување.

ДЕЈСТВО:

Помага на лица кои имаат проблеми со проширени вени во дебелото црево (хемороиди).

Гелот на база на екстракт на дабова кора помага во стеснување на проширените вени и капилари.

Доколку постои и крварење, помага за побрзо прекинување и санирање на евентуални ранички на местата каде што се испукани вените и капиларите.

Гелот има смирувачко и релаксирачко дејство. Содржи природни компоненти кои делуваат на болните места, бидејќи проблемите со хемороидите се пропратени со болка. Високата содржина на екстракт на див костен во синергија со останатите состојки помага за ублажување на напнатоста и намалување на евентуалните отоци во пределот на дебелото црево. Помага за зајакнување на ѕидовите на дебелото црево. Со редовна употреба на овој гел, Вашите проблеми во голема мера ќе бидат олеснети.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

На добро исчистено и измиено место (со антибактериски сапун) се нанесува гелот неколку пати во тек на денот.

Производот да се чува на температура од 20-25 степени, добро затворен, заштитен од светлина и влага. Да се чува надвор од дофат на деца. Да се избегнува контакт со уста и очи.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Хемолим
9211 Млеко за тело со алое, 200 мл

За нега на тело. Наменето е за сите типови на кожа, посебно за сува и нормална кожа.

СОСТАВ:

Формулација за повисоко ниво на хидратација во подлабоките слоеви на кожата. Содржи висококвалитетни состојки кои ја хранат и хидрираат кожата и одржуваат баланс на влажноста правејќи ја мека, мазна и еластична.

АЛОЕ ВЕРА– Основната функција на Алое вера е да помага кожата да остане хидрирана, но тоа не е неговата единствена улога. Билката на Алое вера содржи повеќе од 20 минерали. Некои од нив се неопходни на кожата за да ја задржи еластичноста и да ја зајакне заштитната бариера. Алое вера во себе содржи голема количина на цинк кој подобрува зараснување на рани и поттикнува создавање на колаген. Калциум, калиум и железо кое ги содржи алое вера се добри за целокупниот имун систем на кожата. Само кожа со јак имунитет ќе остане отпорна на штетните влијанија од надворешната средина на кои сме се повеќе изложени во денешно време.

Маслото од јојоба претставува вистински дар од природата за нега на лице и тело, а за тоа треба да се заблагодариме на хранливите состојки кои се содржани во ова масло, а кои се неопходни на кожата. Тајната на маслото на јојоба лежи во неговиот состав кој е богат со витамин Е, комплекс на Б витамини, цинк, јод, бакар, хром, масни киселини и селен. Кожата одлично го прифаќа бидејќи има сличност со природниот себум кој кожата сама го лачи. Маслото од јојоба е одлично за нега на сите типови на кожа, а посебно за сува кожа.

Витаминот Е има изразено антиоксидативно дејство. Што точно тоа значи? Значи дека витаминот Е има моќ да ги неутрализира слободните радикали (штетните материи) кои се создаваат како нормална последица на стареење, употреба на цигари, прекумерно изложување на сонце или загаден воздух, а кои ја оштетуваат кожата и го уништуваат колагенот, со што ја смалуваат нејзината еластичност. За нашите потрошувачи, со употреба на нашето млеко за тело да добијат се што е потребно за нивната кожа беше важно да се зголеми количината на витамин Е.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Мала количина на млеко се нанесува на чиста и сува кожа. Се втрива со кружни движења и се остава кожата да впие.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Млеко за тело со алое
Antibakteriski tecen sapun Limes Mk Bibi
9108 Антибактериски течен сапун, 250 мл

Течен сапун АБС за хигиена на целото тело, со екстракт на босилек и активни компоненти, со благо антисептичко дејство на кожата.

СОСТАВ:

АБС течниот сапун претставува идеална комбинација на екстракт на босилек и активни компоненти. Се употребува за миење на раце и хигиена на цело тело.

Висококвалитетните активни принципи формираат богата пена и во комбинација со глицеринот нежно ја чистат Вашата кожа, оставајќи ја мазна и хидрирана.

Октопирокс…

Босилек (basilicum ocimum) ја поттикнува циркулацијата, подобро производство на кислород, ја ревитализира уморната кожа, и дава сјај и го подобрува тонусот. Помага во борма против акни. Делува антибактериски и антисептички ( спречува развој на микроорганизми).

ДЕЈСТВО:

  • За миење на раце и хигиена на цело тело.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Мала количина на сапун се нанесува на влажна кожа, се втрива и се плакне со вода.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Антибактериски течен сапун (АБС)

9112 Крема за после сончање – Лимес Сан, 200 мл

ЧУВАЈТЕ ЈА СВОЈАТА КОЖА – ТАА Е ПРОЗОРЕЦ НИЗ КОЈ НАШИОТ ОРГАНИЗАМ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ

СОСТАВ:

Кремата Лимес Сан содржи екстракт од невен и убави миризливи ноти на лето, екопроизвод кој е идеален за нега на деца  и возрасни, за секој ден после изложеност на сонце. Освен невен содржи и D-Panthenyltriacetat , диглицерин, Bisabolol, кристали на ментол.

ДЕЈСТВО:

Интензивно освежува, лади, ја штити кожата и помага на исушената, иритирана кожа да ја надополни изгубената влажност.
Ја регенерира кожата и овозможува смирувачка богата нега. Благодарение на богатите активни заштитни супстанци, систематски и ефикасно ја негуваат кожата, давајќи неопходна влажност и еластичност. Високиот процент на екстракти од невен во кремата го спречува развојот на микроорганизми и ja подобрува епителизацијата на кожата.

D-Panthenyltriacetat ги поврзува со кожата витаминот B 5 и коензимот А. Го подобрува капацитетот на задржување на влагата, и дава еластичност на кожата, го зајакнува сврзното ткиво, го активира обновувањето на кожата, спречува надразнување и воспаление, го забрзува зараснувањето на раните. Поради смирувачките својства кои ги поседува во козметиката најмногу се употребува за нега на бебиња и за заштита после сончање.

Диглицерин – поднесува многу високи температури во однос на глицеринот , дури и до 100 степени, продира подлабоко во кожата и овозможува долготрајно задржување на влагата.

Bisabolol – производ на дестилација на јужноамериканското дрво (Vanillosmopsis Erythropapa) е природен антибактериал и антимикотик ја штити кожата од габички, ги отстранува истите и го отстранува непријатниот мирис.

Големиот процент на невен (Calendula Officinalis) делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), антифламаторно (ја ублажува болката, ја намалува зголемената температура), ја поттикнува епителизацијата на кожата.

Ја смирува чувствителната и надразнета кожа. Го забрзува процесот на заздравување и ја смирува кожата од изгорениците настанати при сончање, го смирува воспалението, ги ублажува лузните и отоците при каснување од инсекти.

Кристалите на ментол освежуваат и разладуваат и на тој начин ги ублажуваат отоците, болката и прегревањето на воспалените места. Ментолот има анестетичко дејство.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на чиста и сува кожа, по изложеност на сонце. Може да се нанесува неколку пати на ден, зависно од потребата. Ја лади и смирува иритираната, зацрвенета, изгорена кожа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Крема за после сончање – Лимес Сан
Semejna krema melem Limes Mk Bibi
9201 Семејна крема, 150 мл

За нега на сите типови на кожа.

Ја штити и негува кожата на лицето и телото. Комбинацијата на невен и босилек и внимателно одбрани природни состојки, благотворно делува на вашата кожа. Не ги затвора порите, лесно се размачкува и не се отстранува целосно во допир со вода. На тој начин ја штити кошата од сушење. Пријател на целото семејство.

СОСТАВ:

Невен: (Calendula officinalis flower extract) Секое поединечно ливче од цветот на невен содржи пет соединенија – олеинска киселина, лупеол, кверцетин, α-амирин и β-амирин. Овие активни соединенија се опширно проучувани и се познати по тоа што обезбедуваат антиоксидантна заштита, ја смируваат кожата и ја намалуваат непријатноста. Ефективните соединенија на невен помагаат за видливо подобрување и смирување на кожата. Помагајќи да се намали непријатноста, семејната крема со екстракт од невен и помага на кожата да изгледа мазна, сјајна и свежа. Календулата делува како анти-иритант и ја враќа иритираната кожа во нормална состојба.

Босилек: (Ocimum basilicum extract) е богат со есенцијални масла, витамини, омега-3 киселини и минерали. Поради своите состојки се покажал како корисен против стареење на кожата и појава на брчки. На кожата и дава свеж изглед, поради што се користи во козметиката. При истражување на кремите, потврдено е дека кремите за лице со екстракт од босилек во споредба со оние без босилек, покажале подобар ефект на кожата – ја зголемуваат влажноста и ја намалуваат грубоста на кожата. Поради својот уникатен состав, има антиинфламаторно дејство, спречувајќи развој на воспаление на кожата.

Глицерин: е соединение кое има три атоми на водород и е одличен за навлажнување на кожата. Глицеринот ја собира водата од воздухот и ја принудува да помине низ порите и да стигне до подлабоките слоеви на кожата на лицето. Кога клетките на кожата „не се жедни“, тие можат да произведат поголеми количини на колаген и еластин.

ДЕЈСТВО (од лични искуства на клиенти):

  • ја штити и негува кожата на лицето и телото
  • не ги затвара порите и лесно се размачкува
  • ја хидрира кожата
  • делува дезинфицирачки
  • брзо ги лекува раните и гребнатините
  • смирува воспалена кожа
  • во комбинација со антибактерискиот сапун дава исклучителни лековити дејства. Помага при алергии, хемороиди, акни и сл.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Еднаш дневно, а во зависност од проблемот и повеќе пати во текот на денот да се нанесува кремата на кожата на лицето-телото, благо да се втрие и да се остави да делува. Се препорачува на лица со чувствителна, сува и испукана кожа, бебиња и мажи за после бричење.

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.

Continue Reading Семејна крема