Невен (calendula officinalis)
Невенот е билка која подмладува и со друго име лек за кожа и рани. Завзема завидно место меѓу домашните лековити билки. Расне од 30-60цм висина. Цветовите се од жолта до портокалово-жолта боја. Целото растение е со ситни влакненца, стеблото, цветовите и листовите се ароматични и лепливи на допир.
Постојат два вида на невен. Но и двата вида се подеднакво лековити. Се бере во лето и тоа само зрели цветови. Лековити се цветот, стеблото и листовите. Лимес во своите производи вградува екстракти од цветот на невенот. Цветот се бере исклучиво на сончево време, со оглед на тоа што тогаш лековитоста на билката е најголема. Цветовите потоа се носат во сушара за сушење. Екстрактот се добива од суви цветови кој понатаму се вградува во производите. Екстрактот од цветот на невен е богат извор на лековити состојки.
Содржи: 0,2-0,3% етерично масло во кое преовладуваат сесквитерпени, масла, каучук, смоли, шеќер, белковини, фитостероли, салицилна киселина, ензими. Се користи за надворешна но и за внатрешна употреба.
Делува како антифлогистик- лечи воспалителни процеси. Интерната употреба се засновува на антифлогистичкото дејство (лечење на воспалителни процеси) и спазмолитично дејство (го опушта тонусот на мазната мускулатура). Делува антиканцерогено кај болести како рак на кожа, материца и грло.
Невенот е бактерицидна билка и служи како антибиотик:
- Делотворен е кај болести на вените
- Го поттикнува потењето, го зголемува лачењето на мокрача, смирува грчеви
- Добар е за зајакнување на имунолошкиот систем
- Рани кои тешко зараснуваат, за смирување на воспаленија
- Кај гнојни рани и исеченици
- Помага во лечење на псоријаза, кај чиреви, измрзнатини, изгоретини, габични заболувања, херпеси, дамки на кожата, старечки пеги, брадавици.
Полезен е за лица кои имаат проблеми со:
- Циркулација
- Црвенило на кожата на лицето
- Измрзнатини
- Ревматизам
- Изгоретини
- Шинување и повреди
- Дерматизам
- Стрии, лузни
Занимливости: Доколку ливчињата на невенот во 7 часот наутро се сеуште затворени се знаело дека тој ден ќе врне дожд, поради тоа невенот се сметал како претскажувач на дожд.
Во составот на голем број производи на Лимес невенот завзема централно место:
- Семејна крема
- Дневна крема со сребрена вода
- Тоник за чистење лице
- Мицеларна вода
- СПА крема
- Флора крема
- Млеко за тело со алое вера
- Млеко за лице и тело со Q10
- Крема за нега на раце
- Нокталин
- Лимес сан крема за после сончање
- Петалим
- Течен сапун за лице и тело
- Ароматична био сол
- Леди купка
- Џентлмен 3 во 1 гел за туширање, за лице, шампон
- Шампон против првут
- Органски шампон Санус
- Шампон за сува коса
- Косалим
- Беби шампон купка
- Бактеристоп
- Паста за раце
- Универзален концентрат