Природна козметика, создадена од лековити билки, со целата моќ што ни ја нудат, е она што му треба на секое домаќинство. Козметика наменета за сите возрасти, за жените, мажите, децата, за секој период од денот
Колекција Роса за нега на лице
Колекција Роса за нега на тело
СОСТАВ:
Содржи активна материја алантоин и природен екстракт од цвет на невен кои благотворно делуваат на кожата, формира заштитен филм и ја штити од влијанието на надразнувачки агенси.
ДЕЈСТВО:
За максимална нега и заштита на кожата. Благодарение на високиот квалитет и благите состојки е идеално средство за капење.
Кремаста формула со интензивен мирис која нежно ја чисти и ја омекнува кожата. Присуството на благи компоненти доведува до освежување на кожата и и дава дополнителна хидратација и сјај. Кожата по третманот станува совршено чиста, миризлива и негувана. Купката е наменета за сите типови на кожа.
Ја освежува кожата и ја подобрува циркулацијата на крвта, што ќе Ви даде повеќе енергија во текот на денот.
Купката нежно и ефикасно ја чисти кожата, ја чува нејзината природна обвивка. Одржува оптимално ниво на хидратација и маснотија. Има смирувачко дејство на чувствителната кожа благодарение на екстрактот на цветот на невен, штити од сушење, ја прави кожата мека и мазна. Алантоинот го поттикнува растот на ќелиите на кожата, ја зголемува хидратацијата, има заштитен ефект.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Мала количина се става на дланка, се додава малку вода, а потоа се нанесува на кожата и се плакне. Или се става мала количина директно во водата за капење.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
СОСТАВ:
Содржи екстракт на невен и алантоин, хијалуронска киселина, и други активни материи кои делуваат на кожата и косата и по употребата стануваат совршено хидрирани, миризливи и негувани.
- Гелот за туширање содржи хијалуронска киселина која делува регенеративно, ја негува кожата и ја омекнува косата. Исто така има благ кондиционирачки ефект.
- Алантоинот како активна материја помага во создавање на нови ќелии на кожата, ја поттикнува циркулацијата и ја обновува кожата на главата.
- Склопот за благи материи, кондиционер, екстракти на невен и алантоин влијае на мекост и заштита на кожата.
- Екстрактот на невен влијае на коренот на влакното, го поттикнува растот и не ја суши косата.
ДЕЈСТВО:
3 во 1 гел за туширање. Идеална комбинација за секојдневна употреба. Мирисна формула која дава долготрајно чувство на чистота и свежина во текот на целиот ден. Гелот за туширање 3 во 1 се употребува за миење на косата, на лицето и на целото тело.
Богат е со материи кои поттикнуваат зајакнување на заштитната функција на кожата, а благодарение на присуството на благи агенси косата станува мека и сјајна.
Активните материи од екстрактите на невен и алантоин делуваат на кожата и истата по употребата станува совршено хидрирана, миризлива и негувана.
Се употребува за сите типови на кожа и коса.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се користи при туширање/капење, за хигиена на целото тело, вклучувајќи ја и косата. Може да се користи секојдневно.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
СОСТАВ:
Лосионот е направен од посебно одбрани суровини: етил алкохол, екстракт од коприва, борна киселина, алантион, кремафор.
Етил алкохолот ја дезинфицира кожата и спречува печење и воспаление на кожата со брзо испарување.
Иста, но природна функција има ментолот добиен со специјална екстракција од мента како и екстрактот од коприва.
Борната киселина ги неутрализира заостанатите честички од сапунот и на кожата и дава пририден pH од 6.5-7.
Алантионот ја забрзува регенерацијата на клетките, ги чисти ткивата и го забрзува создавањето на нови клетки.
Кремафор (ПЕГ-40 кастор масло – специјално рицинусово масло) на кожата и дава маснотија и ја штити од негативните надворешни влијанија. Го неутрализира дејството на алкохолот.
Екстрактот на коприва го подобрува имунитетот на кожата, ја смирува и делува против воспалително. На кожата и ја враќа потребната влажност.
ДЕЈСТВО:
Лосионот има антибактериски и дезинфекциони својства. Го корегира штетното влијание на бричењето, ја неутрализира алкохолноста која настанува по употреба на сапун и ја враќа маснотијата на лицето, со создавање на тенок слој на кожата.
- Ја смирува кожата
- Штити од воспаление и инфекции
- Ја хидрира и негува кожата
- Кожата добива здрав, негуван и кадифен изглед
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на лицето после бричење.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
СОСТАВ:
Содржи минерал магнезиум и освежителни мирисни ноти. Благодарение на благиот сурфактант на база на сончогледово масло Натура Фреш има кремаста структура која овозможува полесно нанесување, длабински ја негува кожата и ја прави свиленкаста и мека.
ДЕЈСТВО:
Дава сигурна заштита од непријатна миризба која ја предизвикуваат бактериите во текот на потењето при што потните жлезди не се блокираат и не се заморуваат. Не содржи алуминиум, парабени и алкохол.
Активната компонента базирана на овој минерал спречува развој на непријатна миризба контролирајќи го порастот на грам позитивни бактерии. Има посебна кристална структура која во себе задржува одредена количина на пот и себум, при што по нанесувањето остава заштитен филм на кожата кој ја штити, негува и ја остава сува.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на чиста и сува кожа, 1 до 2 пати дневно.

Освежителна мирисна нота за нега на Вашето тело.
ДЕЈСТВО:
На кожата и дава мирисна свежина и пријатност во текот на целиот ден благодарение на единствената формулација. Ги штити и негува површините на кои се нанесува. Погодна е за секојдневна употреба.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Кремата се нанесува на пулсирачки места, на чиста и сува кожа.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
СОСТАВ:
Парфемска крема од растително потекло, која содржи благ мирис на Тесар.
Не содржи алкохол, па со самото тоа ја негува кожата и трае подолго од стандардните парфеми, бидејќи помалку испарува.
Заменува 100мл парфем.
ДЕЈСТВО:
- го ублажува потењето
- во целост го неутрализира мирисот на потта
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Кремата се нанесува на пулсирачки места во тенки слоеви на чиста и сува кожа.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Повеќе за прекумерното потење и последиците од истото прочитајте тука
СОСТАВ:
Синтетизиран е од одбрани суровини: Изопропил миристат и Пропилен гликол кои имаат функција да ја подмачкуваат и да ја регенерираат кожата.
Алкохолот има функција на ладење и доведува до брзо испарување на компонентите на потта – а најзначајно антимикробно средство е: Триклосан – Иргасан (лек) кој спречува развој на бактерии, габички и микроорганизми. Високата концентрација на Алое има за цел да им ја врати влагата на ќелиите, кои ја изгубиле водата при потење дури и во најдлабоките слоеви, со што поволно влијае на подолг век на ќелиите.
ДЕЈСТВО:
Има благ мирис на Тесар, а воедно го неутрализира непријатниот мирис.
Дезодорансот е средство кое не влијае на механизмот на излачување на потта туку спречува негово распаѓање и развивање на непријатен мирис – дезодоранско дејство. Овие супстанции делуваат така што спречуваат размножување или ги убиваат бактериите на местото каде што се аплицираат. Потта настанува како производ на функцијата на потните жлезди. По хемиски состав е сложена така што покрај останатото содржи ниски органски киселини: оцетна, млечна, пропионска, лимонска, аскорбинска, а и траги на мокрачна и уреа, како и азотни соедниненија од кои потекнува специфичниот мирис. Самата пот е без мирис но во допир со кожата, т.е. со бактериите доаѓа до нејзино разложување и развивање на непријатен мирис. Доколку не се спречи распаѓањето на потта, настанува непријатен мирис, што е непријатно не само за личноста туку и за нејзината околина. Оттука е дојдено до идеата да се произведе дезодоранс кој ќе има широка употреба, ќе го неутрализира мирисот на потта и ќе дава мирисна свежина во текот на целиот ден.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на чиста и сува кожа, по потреба и по нколку пати на ден. Може да го користат и мажи и жени, и деца над 12 години.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата