Грижата за нашето тело е една од основните секојдневни активности почнувајќи од најмалите до најстарите. Нега и хигиена на телото се задолжителни секојдневно, без компромис. Но при тоа е многу важно дали ќе одберете производи кои содржат хемија и ќе му наштетите на вашето тело после долготрајна употреба, или пак ќе одберете производи на база на билки, кои во себе ги содржат сите лековити моќи на билките. Лимес има огромна палета на производи за нега и хигиена на телото, затоа одберете го вашиот фаворит, пробајте го и веднаш ќе го препорачате на вашите блиски. Со Лимес нема промашај.
Повеќе за прекумерното потење и последиците од истото прочитајте тука
СОСТАВ:
Синтетизиран е од одбрани суровини: Изопропил миристат и Пропилен гликол кои имаат функција да ја подмачкуваат и да ја регенерираат кожата.
Алкохолот има функција на ладење и доведува до брзо испарување на компонентите на потта – а најзначајно антимикробно средство е: Триклосан – Иргасан (лек) кој спречува развој на бактерии, габички и микроорганизми. Високата концентрација на Алое има за цел да им ја врати влагата на ќелиите, кои ја изгубиле водата при потење дури и во најдлабоките слоеви, со што поволно влијае на подолг век на ќелиите.
ДЕЈСТВО:
Има благ мирис на Тесар, а воедно го неутрализира непријатниот мирис.
Дезодорансот е средство кое не влијае на механизмот на излачување на потта туку спречува негово распаѓање и развивање на непријатен мирис – дезодоранско дејство. Овие супстанции делуваат така што спречуваат размножување или ги убиваат бактериите на местото каде што се аплицираат. Потта настанува како производ на функцијата на потните жлезди. По хемиски состав е сложена така што покрај останатото содржи ниски органски киселини: оцетна, млечна, пропионска, лимонска, аскорбинска, а и траги на мокрачна и уреа, како и азотни соедниненија од кои потекнува специфичниот мирис. Самата пот е без мирис но во допир со кожата, т.е. со бактериите доаѓа до нејзино разложување и развивање на непријатен мирис. Доколку не се спречи распаѓањето на потта, настанува непријатен мирис, што е непријатно не само за личноста туку и за нејзината околина. Оттука е дојдено до идеата да се произведе дезодоранс кој ќе има широка употреба, ќе го неутрализира мирисот на потта и ќе дава мирисна свежина во текот на целиот ден.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на чиста и сува кожа, по потреба и по нколку пати на ден. Може да го користат и мажи и жени, и деца над 12 години.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Повеќе за прекумерното потење и последиците од истото прочитајте тука
СОСТАВ:
Синтетизиран е од одбрани суровини:
Изопропил миристат и Пропилен гликол кои имаат функција да ја подмачкуваат и да ја регенерираат кожата.
Алкохолот има функција на ладење и доведува до брзо испарување на компонентите на потта –
Најзначајно антимикробно средство е: Триклосан – Иргасан (лек) кој спречува развој на бактерии, габички и микроорганизми.
Високата концентрација на Алое има за цел да им ја врати влагата на клетките, кои ја изгубиле водата при потење дури и во најдлабоките слоеви, со што поволно влијае на подолг век на ќелиите.
ДЕЈСТВО:
Има благ мирис на Алое, наменет е за лица кои употребуваат свој парфем. Дезодорансот има благ мирис на Алое Вера кој брзо испарува така што не влијае на мирисот на дезодорансот кој се употребува, а при тоа го неутрализира непријатниот мирис.
Дезодорансот е средство кое не влијае на механизмот на излачување на потта туку спречува негово распаѓање и развивање на непријатен мирис – дезодоранско дејство. Овие супстанции делуваат така што спречуваат размножување или ги убиваат бактериите на местото каде што се аплицираат. Потта настанува како производ на функцијата на потните жлезди. По хемиски состав е сложена така што покрај останатото содржи ниски органски киселини: оцетна, млечна, пропионска, лимонска, аскорбинска, а и траги на мокрачна и уреа, како и азотни соедниненија од кои потекнува специфичниот мирис. Самата пот е без мирис но во допир со кожата, т.е. со бактериите доаѓа до нејзино разложување и развивање на непријатен мирис. Доколку не се спречи распаѓањето на потта, настанува непријатен мирис, што е непријатно не само за личноста туку и за нејзината околина. Оттука е дојдено до идеата да се произведе дезодоранс кој ќе има широка употреба, ќе го неутрализира мирисот на потта и ќе дава мирисна свежина во текот на целиот ден.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на чиста и сува кожа, по потреба и по нколку пати на ден. Може да го користат и мажи и жени, и деца над 12 години.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
ЧУВАЈТЕ ЈА СВОЈАТА КОЖА – ТАА Е ПРОЗОРЕЦ НИЗ КОЈ НАШИОТ ОРГАНИЗАМ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ
СОСТАВ:
Кремата Лимес Сан содржи екстракт од невен и убави миризливи ноти на лето, екопроизвод кој е идеален за нега на деца и возрасни, за секој ден после изложеност на сонце. Освен невен содржи и D-Panthenyltriacetat , диглицерин, Bisabolol, кристали на ментол.
ДЕЈСТВО:
Интензивно освежува, лади, ја штити кожата и помага на исушената, иритирана кожа да ја надополни изгубената влажност.
Ја регенерира кожата и овозможува смирувачка богата нега. Благодарение на богатите активни заштитни супстанци, систематски и ефикасно ја негуваат кожата, давајќи неопходна влажност и еластичност. Високиот процент на екстракти од невен во кремата го спречува развојот на микроорганизми и ja подобрува епителизацијата на кожата.
D-Panthenyltriacetat ги поврзува со кожата витаминот B 5 и коензимот А. Го подобрува капацитетот на задржување на влагата, и дава еластичност на кожата, го зајакнува сврзното ткиво, го активира обновувањето на кожата, спречува надразнување и воспаление, го забрзува зараснувањето на раните. Поради смирувачките својства кои ги поседува во козметиката најмногу се употребува за нега на бебиња и за заштита после сончање.
Диглицерин – поднесува многу високи температури во однос на глицеринот , дури и до 100 степени, продира подлабоко во кожата и овозможува долготрајно задржување на влагата.
Bisabolol – производ на дестилација на јужноамериканското дрво (Vanillosmopsis Erythropapa) е природен антибактериал и антимикотик ја штити кожата од габички, ги отстранува истите и го отстранува непријатниот мирис.
Големиот процент на невен (Calendula Officinalis) делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), антифламаторно (ја ублажува болката, ја намалува зголемената температура), ја поттикнува епителизацијата на кожата.
Ја смирува чувствителната и надразнета кожа. Го забрзува процесот на заздравување и ја смирува кожата од изгорениците настанати при сончање, го смирува воспалението, ги ублажува лузните и отоците при каснување од инсекти.
Кристалите на ментол освежуваат и разладуваат и на тој начин ги ублажуваат отоците, болката и прегревањето на воспалените места. Ментолот има анестетичко дејство.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на чиста и сува кожа, по изложеност на сонце. Може да се нанесува неколку пати на ден, зависно од потребата. Ја лади и смирува иритираната, зацрвенета, изгорена кожа.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи минерал магнезиум и освежителни мирисни ноти. Благодарение на благиот сурфактант на база на сончогледово масло Натура Фреш има кремаста структура која овозможува полесно нанесување, длабински ја негува кожата и ја прави свиленкаста и мека.
ДЕЈСТВО:
Дава сигурна заштита од непријатна миризба која ја предизвикуваат бактериите во текот на потењето при што потните жлезди не се блокираат и не се заморуваат. Не содржи алуминиум, парабени и алкохол.
Активната компонента базирана на овој минерал спречува развој на непријатна миризба контролирајќи го порастот на грам позитивни бактерии. Има посебна кристална структура која во себе задржува одредена количина на пот и себум, при што по нанесувањето остава заштитен филм на кожата кој ја штити, негува и ја остава сува.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на чиста и сува кожа, 1 до 2 пати дневно.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи екстракт на невен, камилица, токоферол, провитамин B, D-пантенол.
ДЕЈСТВО:
Екстрактот на невен (Calendula Officinalis) ја омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта. Невенот ја храни и регенерира кожата.
Камилицата (Chamomilla Matricaria) делува против воспалително и антибактериски на кожата.
Купката е формулирана на база на благи и високо квалитетни активни материи. Неутрална е и безбедна, дури за најчувствителната детска кожа. Нејзиното благо дејство го гарантираат екстрактите на невен, токоферол и провитамин B.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Купката создава богата пена која лесно се плакне и не ги надразнува очите, така што капењето за бебињата претставува уживање.
Се употребува за миење и нега на кожата и косата. Се користи за капење на бебето, доволно е 1 дневно, може да се мие и косата бидејќи е 2 во 1 и купка и шампон. Се става малку, не ги иритира очите и кожата.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи природни активни материи и екстракт на камилица.
ДЕЈСТВО:
Екстрактот на камилица (Chamomilla Matricaria) делува против воспалително, смирувачки и антибактериски на кожата.
Детскиот шампон – купка е направен со идеална комбинација на екстрактот на камилица и внимателно одбрани природни активни материи кои овозможуваат ефикасно капење со благотворно делување на кожата и косата. pH вредноста е приспособена на кожата, со што во потполност е заштитена нејзината природна обвивка и кожата станува чиста и нежна без воспаление, сушење и лупење. Косата добива здрав, негуван и сјаен изглед.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се користи за капење на детето, доволно е 1 дневно, може да се мие и косата бидејќи е 2 во 1 и купка и шампон. Се става малку, не ги иритира очите и кожата. Одлична купка за деца склони кон алергии.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Идеална комбинација на екстракт од камилица(Chamomilla matricaria) и внимателно одбрани природни масни материи и активни компоненти. Кремата има антибактериски својства.
ДЕЈСТВО:
Кожата многу често директно е изложена на штетното влијание на надворешната средина, ветер и студ во зимските месеци и сонце во летните месеци. Исто така со често миење, ја губи еластичноста и отпорноста.
Детската кожа е многу потенка во однос на кожата на возрасните, па со самото тоа е почувствителна и наклонета кон воспалување и дехидратација. Доколку не се заштити со соодветни средства, може да дојде до настанување на црвенило и лупење, кои предизвикуваат чешање, што може да предизвика сериозни проблеми кај бебињата заради чешањето кое е тешко да се контролира. Како последица на чешањето, на чувствителната детска кожа се создаваат егземи и рани. Заради тоа многу важно е редовно да се негува бебешката кожа со благи средства кои спречуваат сушење и ја чуваат кожата од штетни надворешни влијанија.
Екстрактот на камилица на кожата и дава влажност, ги спречува гнојните воспаленија, го забрзува зараснувањето на раните, опушта. Помага кај акни, алергии, измрзнатини, инфекции на рани, изгоретини и пликови. Кремата има антибактериски својства.
На кожата и дава влажност
Ја негува и штити од воспаленија
Ја зголемува отпорноста
Има заштитен UV фактор од сонце
Ја прави кожата мека и мазна
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се употребува за секојдневна нега на чувствителната бебешка кожа. По миење или капење со нежни движења се нанесува кремата на лицето и телото на Вашето бебе. Лесно се втрива и брзо се апсорбира.
Кремата може да се употребува и повеќе пати во текот на денот, а посебно кога бебето се изложува на сонце, ветер или студ. Посебно се препорачува на бебиња со сува и оштетена кожа која е наклонета на егземи и алергии.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
За нега на кожата на лицето и телото. Погодна за сите типови кожа. Особено се препорачува за луѓе со сува кожа, која лесно се лупи и е склона кон брчки.
СПА крем – Луксузна СПА нега со сок од краставица, за хидрирана и сјајна кожа во текот на целиот ден.
Дневна хидратантна крема која претставува заштитна бариера и го ограничува секојдневното губење на влагата. Во кремата е вграден сок од краставица, кој веднаш ги отстранува кожните дефекти: црвенило, оток, надуеност, ги ублажува брчките. Употребата на оваа крема припаѓа на СПА козметичката нега која е модерно име за нега со вода со лековити состојки, во овој случај тоа е сок од краставица.
СОСТАВ:
Во кремата се вградени сок од краставица и екстракт на невен. Моментално и видливо ги отстранува недостатоците на кожата, црвенило, отоци, ги ублажува брчките.
Краставицата има исклучително висока содржина на вода – дури 95%, поради што е совршена состојка за длабока хидратација. Покрај тоа, содржи и витамин Ц, каротин, пектин, ензими и други корисни материи кои ја негуваат кожата. Таа е одлично средство против воспаление на кожата и слузницата. Сокот од краставица со другите состојки продира длабоко во кожата и обезбедува долготрајна хидратација.
Се цеди со ладена постапка и веднаш се става во кремата за да се зачуваат сите активни материи. Активниот принцип на краставицата во кремата има дестимулирачки ефект врз сврзното ткиво како молекуларен сунѓер кој ги врзува протеините и водата, така што клетките набабруваат, кожата станува мазна, нежна, затегната.
Екстрактот од невен во СПА кремата ја ревитализира, регенерира и смирува кожата. Исто така е одлична алатка за нега на сува кожа, бидејќи и ја враќа природната влажност, а поради антиоксидансите во својот состав ја штити и од предвремено стареење.
СПА кремите се базираат на внимателно одбрани, висококвалитетни масни материи.
Употребата на оваа крема спаѓа во СПА козметичка нега, што претставува модерно име за нега со вода со лековити состојки, во овој случај тоа е сокот од краставица.
ДЕЈСТВО:
Ја хидрира кожата на тој начин што ја зголемува природната влажност на кожата
Ги отстранува недостатоците (црвенило, отоци, подуеност) и штити од слободни радикали
Ги ублажува брчките – кожата станува затегната, кадифена и свежа- релаксира и ја штити кожата
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува два пати на ден на чиста и сува кожа, без разлика на типот на кожа и по потреба неколку пати (за луѓе со сува и испукана кожа).
Ја штити и негува кожата на лицето и телото. Комбинацијата на невен и босилек и внимателно одбрани природни состојки, благотворно делува на вашата кожа. Не ги затвора порите, лесно се размачкува и не се отстранува целосно во допир со вода. На тој начин ја штити кошата од сушење. Пријател на целото семејство.
СОСТАВ:
Невен: (Calendula officinalis flower extract) Секое поединечно ливче од цветот на невен содржи пет соединенија – олеинска киселина, лупеол, кверцетин, α-амирин и β-амирин. Овие активни соединенија се опширно проучувани и се познати по тоа што обезбедуваат антиоксидантна заштита, ја смируваат кожата и ја намалуваат непријатноста. Ефективните соединенија на невен помагаат за видливо подобрување и смирување на кожата. Помагајќи да се намали непријатноста, семејната крема со екстракт од невен и помага на кожата да изгледа мазна, сјајна и свежа. Календулата делува како анти-иритант и ја враќа иритираната кожа во нормална состојба.
Босилек: (Ocimum basilicum extract) е богат со есенцијални масла, витамини, омега-3 киселини и минерали. Поради своите состојки се покажал како корисен против стареење на кожата и појава на брчки. На кожата и дава свеж изглед, поради што се користи во козметиката. При истражување на кремите, потврдено е дека кремите за лице со екстракт од босилек во споредба со оние без босилек, покажале подобар ефект на кожата – ја зголемуваат влажноста и ја намалуваат грубоста на кожата. Поради својот уникатен состав, има антиинфламаторно дејство, спречувајќи развој на воспаление на кожата.
Глицерин: е соединение кое има три атоми на водород и е одличен за навлажнување на кожата. Глицеринот ја собира водата од воздухот и ја принудува да помине низ порите и да стигне до подлабоките слоеви на кожата на лицето. Кога клетките на кожата „не се жедни“, тие можат да произведат поголеми количини на колаген и еластин.
ДЕЈСТВО (од лични искуства на клиенти):
ја штити и негува кожата на лицето и телото
не ги затвара порите и лесно се размачкува
ја хидрира кожата
делува дезинфицирачки
брзо ги лекува раните и гребнатините
смирува воспалена кожа
во комбинација со антибактерискиот сапун дава исклучителни лековити дејства. Помага при алергии, хемороиди, акни и сл.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Еднаш дневно, а во зависност од проблемот и повеќе пати во текот на денот да се нанесува кремата на кожата на лицето-телото, благо да се втрие и да се остави да делува. Се препорачува на лица со чувствителна, сува и испукана кожа, бебиња и мажи за после бричење.