Содржи екстракт на невен и алантоин, хијалуронска киселина, и други активни материи кои делуваат на кожата и косата и по употребата стануваат совршено хидрирани, миризливи и негувани.
Гелот за туширање содржи хијалуронска киселина која делува регенеративно, ја негува кожата и ја омекнува косата. Исто така има благ кондиционирачки ефект.
Алантоинот како активна материја помага во создавање на нови ќелии на кожата, ја поттикнува циркулацијата и ја обновува кожата на главата.
Склопот за благи материи, кондиционер, екстракти на невен и алантоин влијае на мекост и заштита на кожата.
Екстрактот на невен влијае на коренот на влакното, го поттикнува растот и не ја суши косата.
ДЕЈСТВО:
3 во 1 гел за туширање. Идеална комбинација за секојдневна употреба. Мирисна формула која дава долготрајно чувство на чистота и свежина во текот на целиот ден. Гелот за туширање 3 во 1 се употребува за миење на косата, на лицето и на целото тело.
Богат е со материи кои поттикнуваат зајакнување на заштитната функција на кожата, а благодарение на присуството на благи агенси косата станува мека и сјајна.
Активните материи од екстрактите на невен и алантоин делуваат на кожата и истата по употребата станува совршено хидрирана, миризлива и негувана.
Се употребува за сите типови на кожа и коса.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се користи при туширање/капење, за хигиена на целото тело, вклучувајќи ја и косата. Може да се користи секојдневно.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Ароматичната БИО сол за капење, со додаток на природни билни екстракти, благотворно делува на целиот организам.
СОСТАВ:
Мешавина од најквалитетни мирисни ноти која ја освежува кожата и целото тело.
ДЕЈСТВО:
Морската сол во Вашата топла купка:
Го отстранува чувството на сува кожа
Ги проширува и чисти порите
Ја нормализира рамнотежата на водата во кожата
Ефикасно ги елиминира токсините
Го опушта нервниот систем, помага во борба против несоница
Има подмладувачко влијание на кожата, делумно го решава проблемот со целулитот
Ги опушта мускулите и ја ублажува напнатоста во телото оставајќи чувство на мир и спокој
Ја подобрува циркулацијата
Го отстранува вишокот на влага која се собира во телото, ја отстранува подуеноста
Помага за губење на тежината
Како еден од ефектите на морската сол да ги проширува и чисти порите, така водата со активните принципи од билките (екстракт на невен и босилек), доаѓа побрзо до ќелиите и благодарение на осмозата продира во нив. Сето тоа доведува до побрзо обновување на ќелиите а со самото тоа кожата станува мазна, свежа и здрава.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Додајте до 100 г сол во водата за капење на температура 36-38°C и уживајте во купката 10-20 минути. По употребата кадата измијте ја со топла вода.
Лето, сонце, плажа. Зборови кои измамуваат насмевка кај сите, а најмногу кај децата. Тие се најрадосни покрај морето, со мама и тато, во песокта, со играчките. Тоа е можеби единствениот период во годината кога се сите заедно цели 10 дена.
Но сонцето колку е убаво толку е и штетно денес. Затоа родители, треба да знаете некои основни работи кога одите на одмор. Обавезно носете крема со висок заштитен фактор, по можност СПФ 50 и тоа водоотпорна. Децата обично не сакаат да се мачкаат со кремите, но затоа играјте ја нивната игра и дозволете им нив да бидат Ваши родители и прво тие да Ве намачкаат Вас. Тоа ќе ги израдува, па покрај забавата ќе имате можност и Вие нив да ги намачкате.
Освен костими за капење за поголемите деца, немојте да заборавате на заштитни очила за сонце со висока UV протекција. Денес има секакви забавни очила, примамливи за секое дете. Исто така децата треба обавезно да ја заштитат главата со прекрасни, декоративни, летни капчиња, сламени шеширчиња или украсни марами. Помалите дечиња немаат потреба од костими за капење, а оние најмалите, односно бебињата можат да носат специјални гаќички за капење.
Неопходно е секако и седење под сенка, под чадор или специјални детски гумени или платнени шаторчиња. Тие се најдобра заштита за помалите дечиња. Во нив може да ги ставите сите потребни акцесоари за играње во песок и вода.
И за крај, ако и покрај целата заштита, сепак се случи Вашето дете да добие изгореници од сонце, најдобра нега е со некој препарат кој има разладувачки ефект, но секако и ефект на брза епитализација и регенерација на кожата. Одберете природни производи на база на билки, без хемија, за дополнителна нега на кожата. Во Лимес може да најдете неколку такви производи не само за децата, туку и за вас родителите:
ЧУВАЈТЕ ЈА СВОЈАТА КОЖА – ТАА Е ПРОЗОРЕЦ НИЗ КОЈ НАШИОТ ОРГАНИЗАМ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ
СОСТАВ:
Кремата Лимес Сан содржи екстракт од невен и убави миризливи ноти на лето, екопроизвод кој е идеален за нега на деца и возрасни, за секој ден после изложеност на сонце. Освен невен содржи и D-Panthenyltriacetat , диглицерин, Bisabolol, кристали на ментол.
ДЕЈСТВО:
Интензивно освежува, лади, ја штити кожата и помага на исушената, иритирана кожа да ја надополни изгубената влажност.
Ја регенерира кожата и овозможува смирувачка богата нега. Благодарение на богатите активни заштитни супстанци, систематски и ефикасно ја негуваат кожата, давајќи неопходна влажност и еластичност. Високиот процент на екстракти од невен во кремата го спречува развојот на микроорганизми и ja подобрува епителизацијата на кожата.
D-Panthenyltriacetat ги поврзува со кожата витаминот B 5 и коензимот А. Го подобрува капацитетот на задржување на влагата, и дава еластичност на кожата, го зајакнува сврзното ткиво, го активира обновувањето на кожата, спречува надразнување и воспаление, го забрзува зараснувањето на раните. Поради смирувачките својства кои ги поседува во козметиката најмногу се употребува за нега на бебиња и за заштита после сончање.
Диглицерин – поднесува многу високи температури во однос на глицеринот , дури и до 100 степени, продира подлабоко во кожата и овозможува долготрајно задржување на влагата.
Bisabolol – производ на дестилација на јужноамериканското дрво (Vanillosmopsis Erythropapa) е природен антибактериал и антимикотик ја штити кожата од габички, ги отстранува истите и го отстранува непријатниот мирис.
Големиот процент на невен (Calendula Officinalis) делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), антифламаторно (ја ублажува болката, ја намалува зголемената температура), ја поттикнува епителизацијата на кожата.
Ја смирува чувствителната и надразнета кожа. Го забрзува процесот на заздравување и ја смирува кожата од изгорениците настанати при сончање, го смирува воспалението, ги ублажува лузните и отоците при каснување од инсекти.
Кристалите на ментол освежуваат и разладуваат и на тој начин ги ублажуваат отоците, болката и прегревањето на воспалените места. Ментолот има анестетичко дејство.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на чиста и сува кожа, по изложеност на сонце. Може да се нанесува неколку пати на ден, зависно од потребата. Ја лади и смирува иритираната, зацрвенета, изгорена кожа.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи екстракт на невен, камилица, токоферол, провитамин B, D-пантенол.
ДЕЈСТВО:
Екстрактот на невен (Calendula Officinalis) ја омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта. Невенот ја храни и регенерира кожата.
Камилицата (Chamomilla Matricaria) делува против воспалително и антибактериски на кожата.
Купката е формулирана на база на благи и високо квалитетни активни материи. Неутрална е и безбедна, дури за најчувствителната детска кожа. Нејзиното благо дејство го гарантираат екстрактите на невен, токоферол и провитамин B.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Купката создава богата пена која лесно се плакне и не ги надразнува очите, така што капењето за бебињата претставува уживање.
Се употребува за миење и нега на кожата и косата. Се користи за капење на бебето, доволно е 1 дневно, може да се мие и косата бидејќи е 2 во 1 и купка и шампон. Се става малку, не ги иритира очите и кожата.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи екстракт на невен и глицерин при што многу делотворно делува на кожата.
ДЕЈСТВО:
Специјално формулирана АЛКОТИНКТУРА со додаток на бактерицид кој моментално уништува: вируси, бактерии и габички. Во исто време екстрактот на невен и останатите масни материи ја негуваат кожата на рацете. Погоден е за употреба во училишта, градинки, јавни тоалети и сите фреквентни простори
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се употребува така што рацете се навлажнуваат со разблажен Бактеристоп во сооднос 1:40, потоа се остава да се исушат без бришење. Со тоа се обезбедува дезинфекција и нега на раце. Со раствор 1:100, може да се прскаат кревети, предмети кои доаѓаат во допир со бебиња и лица со слаб имунитет за да се заштитат подобро. Посебно се препорачува употреба во простории каде што има болни лица или во болници.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи екстракт на невен и глицерин, благотворно делува на кожата. Заменува 2.5 килограми обична паста за раце.
ДЕЈСТВО:
Со додаток за заштита на рацете оваа паста е идеална за чистење на многу извалкани раце при работа во индустрија, механички работилници, занаетчиство, рударство и земјоделство. Успешно ги отстранува нечистотиите од машинско масло, моторно масло, нафта и сите масти од минерално и биолошко потекло. Пастата за раце содржи активни материи кои успешно ги отстрануваат нечистотиите од сокови, слуз, трева, овошје и зеленчук. Како еколошка паста се употребува во прехрамбената индустрија и во домаќинството. Додатокот на глицерин и невен гарантират дека рацете по миење со пастата долго остануваат меки и заштитени.
Во секој чистач се наоѓаат активни материи кои ја отстрануваат нечистотијата. Водата не може во целост да ги отстрани, па доаѓа до тоа да тие ја нагризаат кожата. Невенот има особина да ги разгради активните материи, останати по плакнење со вода и ги неутрализира. Глицеринот и ја враќа потребната влага на кожата и мрснотијата која чистачите ја имаат земено. Ја регулира хидратацијата и мрснотијата на кожата. Доколку на кожата постои некое оштетување( рана, исекотина или гребнатинка), невенот има функција да ја штити од негативни влијанија и помага при зараснување.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
На извалкани, навлажнети раце се нанесува паста, добро се трие и се плакне со вода.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Содржи екстракт на босилек и невен, глицерин, биоактивни материи.
ДЕЈСТВО:
Ефикасно чисти стакло, порцелан, керамика, дрво, обоени површини, а може да се употребuва и за миење на автомобили и машини. Се употребува во домаќинството за чистење на елементите во кујната, тави, модерни садови, санитарии, пластични делови, ѕидни и подни плочки, метални предмети (бакар, сребро, злато…). На третираните површини им дава блескава белина и висок сјај. Ефикасно отстранува каменец и рѓа при што не ја нагризува третираната површина. Навлегува низ наталожената нечистотија и чисти, а при тоа не остава траги и гребнатинки.
Може да го замени било кој концентрат од колекцијата Селекта.
УНИВЕРЗАЛЕН КОНЦЕНТРАТ – исклучително штедлив, економичен бидејќи е многу концентриран и се користи само по една до две капки. Нема потреба од употреба на ракавици и маскиТелефон за нарачка 071/ 289 007Содржи екстракт на #БОСИЛЕК, #НЕВЕН, #глицерин и ♻ биоактивни материи. Овој #универзален #концентрат може да го замени било кој производ од колекцијата #Селекта на #Лимес. 🍀🌺Ефикасно чисти керамика, #стакло, пластика, порцелан, дрво, други обоени површини во вашето #домаќинство, а може да се користи и за миење на #автомобил и машини 👌🍀🌺Милениците искапени со овој концентрат имаат посјајно влакно, посебно оние со жолтеникава боја🍀🌺Се користи како додаток на прашокот за перење, со цел да се отстранат флеки од облеката, а ако флеката е поголема се капнува директно на облеката. Вади флеки од кафе, р'ѓа, маснотија, овошје, мастило, фломастер, шминка.., па дури и уље за автомобили🍀🌺Одличен е против #бигор🍀🌺Се користи и за побрз раст и развој на растенијата, цвеќињата🍀🌺За чистење на флека од фарба која останува на челото, ушите, вратот.500мл – 420 денари#LimesMk #domakinski #ekoloski #еколошки #majki #ЛимесМкБиби #bosilek #zenski #женски #univerzalen #koncentrat #Limes #здравје #ЛимесМк #цвеќе #хигиена, #дезинфекција #миленици #LimesMkBibi
За чистење на каменец – раствор 1(оцет) : 2(концентрат)
За чистење на стакла – раствор од 1/2 литар вода и неколку капки концентрат
За рачно и машинско перење на облека – комбинација 2 капачиња универзален концентрат и концентрат за облека.
Отстранување на флеки – на исфлеканото место се нанесуваат неколку капки чист концентрат , се остава да делува неколку минути и се пере или се остава да се исуши, па се четка.
Може да се користи за отстранување на флеки од кафе, рѓа, маснотија, овошје, мастило, фломастер, шминка, фарба од теписи, облека и други ткаенини. Доколку не успеете да ги отстраните флеките со еден обид, повторете го процесот неколку пати.
ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:
Универзалниот концентрат може да се употребува за капење на домашни миленичиња
Раствор од 1 литар вода и 5 капки концентрат за прскање на цвеќиња
Раствор од концентрат и вода може да се употребува за прскање на облека заради полесно пеглање
За хемиско чистење на одела – раствор од 1 литар вода и лажичка концентрат, со четка за одело се четка материјалот.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Средството е антибактериско и не содржи алкалии и фосфати.
ДЕЈСТВО:
Чисти и негува со благо триење.
Без гребнатинки отстранува маснотии, каменец, рѓа, нечистотија од предмети и површини од нерѓосувачки челик, керамика и порцелан (плочки, WC школки, лавабоа, кади…), емајл. Ја отстранува мувлата од сите површини
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Пред употреба производот да се протресе. Средството се нанесува директно на површината со влажен сунгер или крпа и се протрива. Се плакне (садовите темелно да се исплакнат), и се суши со мека крпа.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Што е тоник? Тоникот е лосион составен од воден раствор, хидросолубилно масло, навлажнувачко средство, антисептичко и картолитичко и мирисни материи. Самото име ,, Лотио ” значи чисти, што значи лосион за чистење на лице, служи за чистење и негување на кожата.
Зошто чистењето е неизоставен дел од негата? Атмосферското загадување, прашината, лачењето на маснотии и остатоци од шминка, доколку не се отстрануваат редовно, може да доведат до затворање на порите. На тој начин се создава бариера која мора да се отстрани за да може кожата непречено да диши а и да се овозможи дејството на кремата која се нанесува. Доколку кожата Ви е сува, груба и затегната, тоа значи дека на кожата постојат наслаги на суви мртви ќелии кои е потребно да се отстранат за кремите кои се нанесуваат на лицето, да делуваат на здрави ќелии.
Што добива кожата? По чистење со тоникот, кожата е потполно чиста, мека и свежа.
СОСТАВ:
Тоникот содржи екстракт од цвет на невен, камилица и Д-пантенол.
Невен (Calendula officinalis) Екстрактот од цветот на невен е богат извор на лековити состојки. Невенот ја чисти, ја стега, ја зголемува циркулацијата и поттикнува раст на ново ткиво, ги отстранува отровите, ја смирува кожата.
Камилицата (Matricaria chamomilla) лековити делови се цветот и листот. Помага во отстранување на неправилности на кожата на лицето. Опушта и дезинфицира. Покажува аналгетско, бактерицидно и антифлогистичко дејство (ги лечи воспалителните процеси). Камилицата благотворно делува кај проблеми со акни, алергии, рани кои се инфицирани, кај изгоретини и пликови.
Хидрогенизираното рицинусово масло ја подмачкува, ја чисти кожата, го доведува себумот во оптимални граници, што спречува нејзино сушење и лупење.
Д-пантенолот е добар навлажнувач. Во допир со кожата, создава провитамин Б-5, кој е неопходен за добра хидратација на кожата. Исклучително делува на воспалена кожа.
ДЕЈСТВО:
Кога кожата е чиста на неа делуваат активните принципи од екстрактите на невен и камилица, продираат подлабоко во нејзините слоеви, ја хранат и ја подготвуваат за брза апсорпција на био и хранливите материи од кремата која се нанесува. Кожата по употреба на овој тоник може да остане и без крема бидејќи е нахранета, негувана и чиста.
Длабински ја чисти, негува и храни кожата,
Има антисептичко и антифлогистичко дејство
Ги отстранува изумрените клетки на кожата
Ја негува третираната површина без иритација
Ја чува кожата од негативни надворешни влијанија
Хидратизира и освежува
Го подготвува лицето за нанесување на крема
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на лицето со памукче, два пати дневно, најдобро е навечер и наутро, за да се отстранат нечистотиите. Наутро е важно да се отстранат штетните материи кои кожата ги излачува во текот на ноќта. Вечерното чистење е уште поважно затоа што кожата треба да се исчисти од трагите на шминка и сите нечистотии кои во текот на денот се наталожиле на лицето. Со масирање се втрива во кожата, започнувајќи од вратот, околу брадата, устата, носот, потоа нагоре кон образите и челото. Водата ја омекнува нечистотијата, салицилната киселина ги одвојува изумрените ќелии од површината на кожата и со лесни движења се отстранува заедно со нечистотијата од лицето. Најдобар ефект се постигнува доколку после добро исчистеното лице се нанесе природна крема со благо втривање што прави активните принципи од кремата веднаш да делуваат на кожата.
Одговара на сите типови на кожа, посебно на чувствителна, оштетена и сува кожа, бидејќи содржи екстракт на камилица.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата