Не би сакала да мудрувам и да ви кажувам како тоа не треба да го фрлате отпадот каде ќе стигнете, како не треба да ги сечете дрвјата, па дури нема да ви зборувам ни за тоа колку ни е загаден воздухот од сите фабрики и автомобили.
За сето ова се зборува на долго и на широко. Јас би сакала да ве прашам нешто друго. Повеќето од вас се занимаваат со некаков спорт или пак одите на фитнес, аеробик, пилатес, зумба. Се храните со строг режим или барем припазувате каква храна внесувате. И вие мислите дека со тоа сте далеку поздрави од останатите.
Но не е баш така. Да, секако дека се си има свое влијание во квалитетот на животот. И секако дека треба да продолжите со тоа. Но дали некогаш сте се замислиле дали може да направите и нешто друго.
1. Каква купка или гел за туширање користите. Дали ја користите првата парфимирана купка која ќе ви дојде при рака? Или можеби користите природна еколошка купка или гел за тушиарње кој не само што не и штети на вашата кожа туку напротив ја релаксира, омекнува, не предизвикува алергии, а со самото тоа не треба да користите и лекови против алергија. После туширање задолжително користете некој ролон или дезодоранс кој нема да ги запуши потните жлезди, но ќе ја спречи непријатната миризба.
2. После напорен тренинг ве болат сите коски. Што е она што прво ви паѓа на памет за да ја ублажите болката. Претпоставувам таблета. Но има и такви кои користиме природни гелови против болка кои ја намалуваат болката, а при тоа не ја зацрвенуваат и не ја иритираат кожата. А истиот гел може да го користат и деца и возрасни, а при тоа одличен е и за намалување на температурата.
3. Пред да јадете претпоставувам дека миете раце. Но со што? Дали користите од оние јаки хемиски средства кои ја сушат кожата и ги оштетуваат ноктите, па воедно предизвикуваат и одредени кожни промени? Може да користите природни производи на база на билки кои мелемски делуваат на кожата. Концентрат за садови, течен сапун за раце, може да бидат и на база на билки. Пријатен мирис, одлично чувтсво на кожата, без иритација, тоа е реалност за оние кои ги користат ваквите производи секојдневно.
4. Се храните здраво, но со што ги миете садовите? Дали секој од нив го плакнете по 10 до 15 минути за да ја отстраните целата хемикалија? Искрено не верувам. Но има производи на база на босилек кои ќе ги светнат садовите и со ладна вода, а воедно ќе ги обезмастат и водоводните цевки. Од оние производи кои не содржат хемикалии дури и да остане некоја капка на чинијата, нема да ви наштети на вашето здравје.
5. Вашите деца додека се мали фаќаат секаде каде што ќе стигнат со рачињата. Со што го чистите домот? Дали користите средства кои мора да ги ставите под клуч и да ги криете од вашите дечиња бидејќе се толку штетни што дури и ракавиците ви се дупнуваат од јаката хемикалија во нив? Дали паркетот и мебелот ги чистите со средства кои не смеат да ги допрат деца? Претпоставувам дека на голем дел од вас одговорот ќе биде ДА. Но има и средства кои ќе ви го олеснат животот. Не мора да ги криете толку, не мора да ги изнесувате децата надвор додека чистите со нив. Напротив може да му дадете на детето да си игра чистејќи го паркетот и мебелот со крпа на која сте капнале природно средство. Може да бидете спокојни дека нема да се отруе, нема да вдишува хемикалии туку напротив ќе се чувствува како во борова шума. Во исто време ќе стекне позитивна навика дека треба да помага дома.
6. Викендите најчесто се резервирани за чистење низ домот. Но кога ќе дојде ред да се чистат по замастени и запрљани површини, просто не ви се станува од кревет. Ќе ви треба можеби цел ден за да ја исчистите рерната, шпоретот, микробрановата, прозорите, тоалетот. Но може да го промените тоа. Да не се напрегате толку, со малку труд, со чистење без ракавици и маска, со средства кои се еколошки, на база на билки, денот може да се претвори во вистинска уживанција. Исчистете се за многу пократко време, со многу помал напор, и остатокот од денот посветете го на најблиските.
7. Ајде да видиме што користите за нега на косата. Дали користите најскапи производи кои се произведени од светски реномирани компании, но сепак ете можеби не ви одговараат. Или можеби пак го користите првиот шампон што ќе ви дојде при рака во маркетот. Постојат природни производи кои не се скапи, напротив се прилагодени на македонскиот пазар, кои се концентрирани, а со самото тоа и економични. Маски, балсами, лосиони, серуми и шампони за секој тип на коса и за секоја возраст, од најмали бебиња па нагоре, може да бидат и од билки, а не само од штетни хемикалии. Од дамнешни времиња нашите баби користеле билки за секаква нега на кожа и коса. Сега имаме фирма која тоа го прави за нас. Не мора вие да ги берете билките, постои цела армија на луѓе кои рачно ги берат билките, ги сушат, ги преработуваат и ни даваат готов производ кој е сличен на оној што го користеле нашите предци – квалитетен и природен.
8. А што е со негата на кожата. Користите скапа козметика или можеби најефтината во маркетот. Го читате ли некогаш составот на производите да видите колку хемикалии има во него. Дали читате за тие состојки да видите колку се штетни или корисни? Претпоставувам дека не. Немаме таква навика зашто животот го сфаќаме премногу здраво за готово. А така ги учиме и нашите деца. Сепак ви препорачувам малку да прочепкате на интернет за состојките од кои е направен вашиот омилен производ за нега на лице и тело. И само колку за информација, не така далеку од нас, постои фабрика за производство на производи кои се направени од билки берени на плантажите околу фабриката, која е лоцирана во една од најчистите еколошки средини на Балканот. При тоа фабриката се грижи да не ја загадува средината па дури и амбалажата која ја користи е еколошка.
9. Модерни се ботокси и филери за лицето да изгледа помладо. Но не сите сакаат да се боцкаат и да изгледаат вештачки. За нив постојат производи на природна база кои се благопријатни за кожата, ја подмладуваат, ги намалуваат постоечките брчки и спречуваат создавање на нови. И повторно без хемикалии штетни по здравјето. Да, верувајте и тоа е можно и тоа псотои повеќе од 20 години.
10.На крај последно правило. Негата на устата и усната шуплина треба да започне од најмала возраст. Каква паста за заби користат вашите дечиња. Дали користат комерцијализирана или пак некоја на база на билки. Бидејќи постојат и такви. Паста на база на билки, спреј за уста, водичка на база на ментол која во исто време може да послужи и за намалување на болката. Без разлика дали е болка на заб, дали е афта, или пак можеби боли непцето од каде треба да излезе новото запче. Истите производи може да ги користат и децата и возрасните. Пасти кои спречуваат кариес и парадентоза ги белеат забите, водичка која намалува и болка на зглоб, главоболка па дури симнува и температура.
Вие одбирате што ќе користите вие и вашите деца. Затоа направете правилен избор. Хемикалии или природни производи.
Ако вашиот избор е природни производи, повелете разгледајте ја широката палета од брендот Лимес ⇒ ПРИРОДНИ ЕКОЛОШКИ ПРОИЗВОДИ