СОСТАВ:
Содржи минерал магнезиум и освежителни мирисни ноти. Благодарение на благиот сурфактант на база на сончогледово масло Натура Фреш има кремаста структура која овозможува полесно нанесување, длабински ја негува кожата и ја прави свиленкаста и мека.
ДЕЈСТВО:
Дава сигурна заштита од непријатна миризба која ја предизвикуваат бактериите во текот на потењето при што потните жлезди не се блокираат и не се заморуваат. Не содржи алуминиум, парабени и алкохол.
Активната компонента базирана на овој минерал спречува развој на непријатна миризба контролирајќи го порастот на грам позитивни бактерии. Има посебна кристална структура која во себе задржува одредена количина на пот и себум, при што по нанесувањето остава заштитен филм на кожата кој ја штити, негува и ја остава сува.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на чиста и сува кожа, 1 до 2 пати дневно.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
СОСТАВ:
Лимес мицералната вода СО МАСЛО ОД ПАМУК И НЕВЕН, нежно ја чисти кожата на лицето, лесно ја отстранува шминката, вишокот на себум, и ја хидрира кожата на лицето, без да ја иритира. Единствена формула која содржи масло од памук богато со витамин Е, кое го успорува процесот на стареење на кожата и создавањето на брчки, со што е одлично за нега на зрела кожа.
Маслото добиено со пресување на семките на растението од памук, е со многу лесна текстура со што е одличен производ за нега на кожата. Се употребува за нега на рапава, дехидрирана и сува кожа. На нашето лице му обезбедува мазност, степен на тоничност, висок степен на хранливост.
Екстрактот на НЕВЕН има смирувачко дејство и ја поддржува регенерацијата на кожата. Невенот важи за многу благопријатна и лековита билка за кожата. Се користи за различни кожни промени како акни, екцеми, псоријаза, исип и сл, а воедно омекнува, тонизира, ја хидрира кожата.
Citrofruit water – Органски воден екстракт на овошје. Во него се сочувани сите олиго – минерали и витамини од тоа овошје.
ДЕЈСТВО:
Нечистотијата и шминката брзо се отстрануваат, бидејки мицелите делуваат како магнет за нечистотија.
Истовремено, мицеларната вода ја освежува кожата и ја прави мека.
1. Нежно ги отстранува нечистотиите
2. Ја отстранува шминката
3. Ја смирува кожата
4. Хидрира
5. Го регулира себумот
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Чистење на лицето и отстранување на шминката со мицеларната вода е многу едноставно, без многу триење. Потребно е течноста да се нанесе на парче вата и лесно да се помине по лицето.
По чистењето не е потребно миење на лицето, и не ја воспалува кожата.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата