СОСТАВ:
Лимес мицералната вода СО МАСЛО ОД ПАМУК И НЕВЕН, нежно ја чисти кожата на лицето, лесно ја отстранува шминката, вишокот на себум, и ја хидрира кожата на лицето, без да ја иритира. Единствена формула која содржи масло од памук богато со витамин Е, кое го успорува процесот на стареење на кожата и создавањето на брчки, со што е одлично за нега на зрела кожа.
Маслото добиено со пресување на семките на растението од памук, е со многу лесна текстура со што е одличен производ за нега на кожата. Се употребува за нега на рапава, дехидрирана и сува кожа. На нашето лице му обезбедува мазност, степен на тоничност, висок степен на хранливост.
Екстрактот на НЕВЕН има смирувачко дејство и ја поддржува регенерацијата на кожата. Невенот важи за многу благопријатна и лековита билка за кожата. Се користи за различни кожни промени како акни, екцеми, псоријаза, исип и сл, а воедно омекнува, тонизира, ја хидрира кожата.
Citrofruit water – Органски воден екстракт на овошје. Во него се сочувани сите олиго – минерали и витамини од тоа овошје.
ДЕЈСТВО:
Нечистотијата и шминката брзо се отстрануваат, бидејки мицелите делуваат како магнет за нечистотија.
Истовремено, мицеларната вода ја освежува кожата и ја прави мека.
1. Нежно ги отстранува нечистотиите
2. Ја отстранува шминката
3. Ја смирува кожата
4. Хидрира
5. Го регулира себумот
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Чистење на лицето и отстранување на шминката со мицеларната вода е многу едноставно, без многу триење. Потребно е течноста да се нанесе на парче вата и лесно да се помине по лицето.
По чистењето не е потребно миење на лицето, и не ја воспалува кожата.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата
Еколошката ракавица за отстранување на шминка ја чисти кожата на лицето на едноставен, ефикасен и природен начин. Темелно и брзо ја отстранува шминката и нечистотиите од лицето, го масира лицето и ја подготвува кожата за понатамошен третман. Со употреба на еко ракавицата кожата е безбедна, здрава и се успорува процесот на стареење. Не иритира, па затоа таа е погодна и за чувствителна кожа.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Ракавицата се навлажнува со чиста топла вода и со благи, кружни движења се отстранува шминката и нечистотијата од лицето.
ОДРЖУВАЊЕ:
По употреба, ракавицата се пере со детергент во млака вода, се остава да се исуши и се враќа во кутијата. По ова ракавицата е подготвена за повторна употреба.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата