Кога настануваат брчки? Кога кожата ќе почне да старее доаѓа до успорување на процесот на обновување на ќелиите, намалување на лачењето на лојните жлезди како и количината на колаген и еластин. Кожата станува чувствителна и дехидрирана, а како последица се создаваат брчки и тенки линии околу устата, очите и на вратот. Воглавно кожата е сува и нема свежа боја. Процесот на стареење започнува по 18 година, а најинтензивен станува помеѓу 25 и 30 години. Двата многу важни протеини на кожата се еластин, кој е одговорен за еластичност на кожата и колаген кој делува на тонусот и ја подобрува структурата на кожата.
Причини за стареење може да бидат:
- Време, со чие изминување се намалува производството на колаген и еластин, а кожата ја губи влагата и поспоро се обновува со што доаѓа до создавање на брчки
- Мимика на лицето
- Сонце, главен фактор за штетното влијание на кожата
- Стрес
- Неправилна исхрана
СОСТАВ:
Хармонична композиција на база на природни суровини со козметички квалитет, витамини, растителни масла: јојоба, бадемово, рицинусово и масло од ночурак, колаген и хијалуронска киселина. Кремата е богата со есенцијални масни состојки неопходни за создавање на нови ќелии. Го забрзува метаболизмот на ќелиите, ја одржува киселобазната рамнотежа и го намалува негативното влијание на слободните радикали. Совршениот комплекс на биолошки активни состојки, има за цел да ги спречи и ублажи последиците од прерано стареење и да ги зајакне одбрамбените способности на кожата.
Хијалуронската киселина го забрзува метаболизмот на ќелиите. Овозможува забрзано размножување на ќелиите поради подобра и интензивна исхрана, при што ќелиите завземајќи го местото една покрај друга доведуваат до ,,пеглање ” на кожата и исчезнување на брчките. Хијалуронската киселина е производ на нашиот организам кој со стареење исчезнува така што на кожата и се надополнува во вид на крема. Инаку се употребува за ботокс.
Колагенот е производ на хијалуронската киселина. Се наоѓа во поткожното ткиво. На кожата и дава еластични својства. Со стареење доаѓа до негово намалување и до набирање на кожата. Недостатокот на колаген се надополнува со употреба на креми.
Маслото од ночурак (Oenothera biennis) ја омекнува кожата, ја кондиционира и хидратизира, па е посебно добро за сува и рапава кожа. Придонесува за брза регенерација на оштетената кожа и ја враќа еластичноста. Го регулира ќелискиот метаболизам и ги одзатнува порите.
Рицинусовото масло содржи глицериди и помали количини на стеаринска, линолинска и дехидросистеариска киселина. Одговара на сите типови на кожа, бидејќи кога ќе се исуши, создава заштитен филм на кожата и спречува нејзино сушење, па кожата на тој начин ја задржува природната влажност. Ја регенерира кожата и спречува создавање на лузни.
Бадемовото масло (Prunus amygdalis var. Dulcis), содржи минерали и есенцијални масни киселини, како и витамини А, Б, Д и Е. Бадемовото масло е многу ценето козметичко масло кое ја храни кожата. Има позитивно влијание на сите типови на кожа, а посебно на сува и чувствителна кожа.
Јојоба маслото (Simmondsia sinensis или Buxus sinensis) или течен восок, одговара на сите типови на кожа. Го регулира создавањето на себум, негува и ја враќа рамнотежата на мешовитата (комбинирана) кожа, ја регенерира и и ја враќа еластичноста. Ја навлажнува и омекнува кожата така што создава немасен липиден слој кој спречува губење на водата, а потоа во горниот слој на кожата го омекнува ткивото. Содржи протеини, минерали, растителен восок и миристична киселина. Противвоспалително е и благотворно кај псоријаза, егземи, воспалена кожа и воспалителни инфекции на кожата.
ДЕЈСТВО:
Кремата против брчки ја ревитализира кожата, го одржува тонусот и ја хидрира, правејќи ја нежна, сјајна и еластична.
- Длабински ја негува и ја јакне кожата со зголемување на нивото на влажност, го забрзува метаболизмот на ќелиите.
- Ситните брчки исчезнуваат.
- По 4 недели видливо ги намалува брчките до 50%.
- Спречува прерано стареење на кожата, им дава енергија на ќелиите.
- На кожата и го враќа тонусот и еластичноста и ја прави блескава.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Најдобри резултати кремата дава ако се нанесува на претходно исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето. Се нанесува секоја вечер со благо втривање во кожата и се остава да делува. Одговара на сите типови на кожата.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата