Нане (Mentha piperitae folium)

Нането е природен хибрид, настанат од зелен и воден вид. Тоа е повеќегодишна и една од најпознатите лековити билки која се употребува во медицината уште од многу одамна. Нането е ароматична билка која расте во висина од 10-120 цм со темнозелени листови. Се употребува против многу болести, тешкотии, воспаленија и инфекции, за чаеви, за подготвување на етерични масла, лекови, козметички препарати.

Постојат повеќе видови на нане: питомо, диво, англиско итн.

Нането:

  • Отстранува психички замор
  • Ублажува напнатост
  • Ефикасно лечи бројни тешкотии и инфекции
  • Помага за затегнување на ткивата
  • Отстранува главоболка

 

Се препорачува на луѓе кои помалку се движат бидејќи го разредува крвотокот.

Есенцијата се добива од листовите со дестилација со водена пареа.

Состав: Главна состојка на нането е етеричното масло кое содржи ментол, танини, флавоноид, горчливи материи и други корисни состојки.

Од широката палета на производи кои ги има Лимес, има многу кои содржат и нане во својот состав:
Continue Reading Нане

Босилек (Basilicum ocimum)

Босилекот е едногодишна, зелјеста билка која расне од 20-60 цм со разгрането стебло, темнозелени листови и цветови во зелена, бела и розова боја. Целото растение е многу ароматично и има пријатен мирис. Потекнува од Афричкиот континент. Босилекот е многу ценета билка заради своите лековити својства.

Состав: етерично масло, танин, сапонин и горчливи материи, флавоноиди, кафени киселини и сапонозиди. Во етеричното масло има естрагол, линалол, цинеол и уште многу други антисептички состојки (состојки кои спречуваат развој на микроорганизми). Есенцијата се добива од цветот и листовите. . Целото растение е лековито како и семето.

Покажува: антидепресивно и тонично дејство.

Босилекот има повеќекратна употреба, добар е и за надворешна и за внатрешна употреба.

  • За спречување на опаѓање на косата, за зајакнување на косата и нејзино побрзо растење, дава сјај на уморната коса
  • Поттикнува циркулација, делува на оживување на уморната кожа и дава сјај и го подобрува тонусот
  • Делува како средство за смирување, отстранува несоница, ублажува нервоза, влијае на подобрување на концентрацијата, смирува нерви
  • Помага во борба против акни
  • Ги зајакнува слабите нерви, има смирувачки ефект, ги зајакнува менталните функции и го отстранува менталниот замор
Continue Reading Босилек

Камилица (Matricaria Chamomilla)

Матрицариа потекнува од латинскиот збор матер – мајка што значи дека се употребува кај болести на жените. Камилицата е едногодишно растение со висина од 20-50цм. Лековит дел на камилицата се цветот и листот. Есенцијата се добива од цветот. Главна состојка е етеричното масло, па со самото тоа и лековитоста потекнува од него, но и од смолата, горчливите материи, танинот. Претставува едно од најдобрите, нештетни и неотровни средства против воспаленија на кожата и слузницата.

Состав: 80% естер, сесквитерпен, азулен, артемол, бисаболол, смола, фитостерол, фарнезол, цинеол, сулфур, калциум, изобутил, изоамил, ангелат.

Камазулем е супстанција која на етеричното масло му дава карактеристична боја и големо антифламаторно дејство и способност за брзо зараснување на рани.

Екстрактот на камилица во својот состав содржи флавоноиди, кумарин и слуз кои ја смируваат кожата, го намалуваат црвенилото и знаците на фотооштетување на кожата, ја подобруваат текстурата и еластичноста на кожата. Екстрактот на камилица ја штити кожата од негативни надворешни влијанија. Навлажнувајќи ја кожата помага во зачувување на нормална и здрава функција. Има и антиоксидативно влијание, па е корисен и во превенција од стареење на кожата. Го намалува црвенилото предизвикано од УВ зраците. Дејството на екстрактот е смирувачко, освежувачко, тонизирачко, ја поттикнува гранулацијата и епителизацијата на ткивата, го намалува чешањето. Своето смирувачко и антимикробно својство во најголема мера го должи на бисаболол, хамазулен и флавоноидите.

Покажува: аналгетско, антианемично, антиспазматично, диуретско, антидепресивно, бактерицидно, тонично и антифлогистичко дејство (лечи воспалителни процеси).

Камилицата има повеќекратна употреба:

  • Ги спречува гнојните воспаленија, го забрзува зараснувањето на раните, опушта.
  • Се употребува за лечење на разни изгоретини, чиреви, пликови, но и измрзнатини и инфицирани рани.
  • За плакнење на очи, уши, нос и уста за гаргара и воопшто за сите чувствителни органи.
  • Помага кај проблеми со акни, алергии и разни оштетувања на кожата.
  • Се употребува за плакнење на усната шуплина при забоболка.
  • Камилицата може да ублажи нервна напнатост, анксиозност, стрес и депресија.
  • Добро делува и против астма и кај воспаленија на синусите.

Природен аналгетик е, а нејзиното противалергиско делување може да се употреби со вдишување на нејзината пареа. Етеричните масла на камилицата се употребуваат кај конјуктивитис и за масажа пред се за сува и испукана црвена кожа.

Камилицата е лек за се, посебно кога станува збор за децата.

Купките на база на камилица делуваат смирувачки и имаат извонредно влијание на целиот нервен систем.

Кремите на база на камилица на кожата и даваат сјај и здрав изглед, а шампоните со екстракт на камилица се одлични пред се за лица со светла коса, косата добива убав мирис и сјај.

За лечење на разни оштетувања на кожата, акни и алергии, најдобри се кремите на база на камилица, а при тоа се отстрануваат и бактериите и габичките кои се предизвикувачи на болести.

Continue Reading Камилица
9214 Лак за коса, 225мл - 725 денари

СОСТАВ:

Еко лак за коса со билни екстракти на бреза и коприва. Лакот не содржи туткал.

Екстрактот на бреза (Betulae Folium) делува антибактериски, ја негува и ја штити косата и кожата на главата.

Екстрактот на коприва (Urtica dioica), го зајакнува коренот на косата и спречува опаѓање на косата. Успешно ја формира косата во саканите облици.

ДЕЈСТВО:

Ја негува косата давајќи и природен сјај и здрав изглед. Активните компоненти поволно влијаат на коренот на косата.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Лакот рамномерно се прска на веќе формирана фризура. Со употреба на лакот за коса, фризурата долго време го задржува саканиот облик.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Лак за коса
9400 Косалим, 150мл - 3303 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракти на: цвет од невен, камилица, дрво ариш, зелен чај, плод на чичак (магарешки трн), лист од коприва; Д–пантенол, алантоин, хијалуронска киселина, глицин, цинк.

Глукозидите од екстрактот на ариш и зелениот чај ги активираат матичните ќелии на фоликулите да создаваат влакна на косата и да ги отстранат слободните радикали кои доведуваат до губење на косата. Глицинот е протеин на косата кој како и кератинот го фаворизира растењето. Цинкот е важен кофактор, кој ги активира ензимите да создадат кератин кој ја чува и јакне структурата на косата.

Помошните биоактивни материи содржат во својот состав витамини и минерали кои се корисни за косата. Овие екстракти имаат лековито дејство на оштетената коса, го зајакнуваат коренот на влакното, спречуваат опаѓање на косата и поттикнуваат побрз раст на косата.

Производот е наменет за проблеми пропратени со потполно или делумно губење на косата. Наменет е како за мажи, така и за жени.

ДЕЈСТВО:

Косалим е комбинација на природни екстракти на лековити билки, кои имаат широк спектар на дејство на раст и зачувување на здрава, сјајна и цврста коса, и биоактивна супстванција која е клинички испитана во Швајцарија. Испитувањата и анализата на добиените резултати покажале дека доаѓа до зголемување на густината на косата, се поттикнува растење на косата, до 10.000 нови влакна и поттикнува обновување на кожата на главата.

Активните материи од биоактивните супстанци, клинички е докажано дека делуваат на растењето на до 10.000 нови влакна со видливи резултати после зачестена примена во тек на 84 дена (12 седмици).

Клинички докажано дејство на биоактивните супстанци:

  • Растење на нови влакна, дури до 10.000
  • Видливи резултати после 84 дена користење
  • Намалување и успорување на опаѓањето на косата
  • Зголемување на густината на косата
  • Го подобрува растот на новата коса
  • Го поттикнува обновувањето на коренот
  • Ја зголемува дебелината на влакното
  • Ја јакне косата
  • Поздрав изглед на кожата на главата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Косалим се прска наутро или навечер и со блага масажа се втрива на кожата на главата. Постапката може да се повтори и повеќе пати на ден во зависност од потребата. Не е потребно да се плакни.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Косалим
9207 Антицелулит крема гел, 200мл - 974 денари

СОСТАВ:

Антицелулит крема гел е врвен производ кој во себе содржи најквалитетни супстанции меѓу кои екстракт на бршлен, екстракт на див костен, витамин Е, јојоба.

Јојобата и витаминот Е ја носат водата во ќелиите кои набабруваат, а екстрактот на костен и бршлен ги неутрализираат отровите, разложувајќи ги и исфрлајќи ги надвор.

ДЕЈСТВО:

Антицелулит крема гелот, кожата со целулит, по редовен третман ја трансформира во мазна, сјајна и еластична кожа. Оваа формула на база на билки, освежува, го намалува заморот на кожата, го намалува целулитот и го регулира вишокот на масни наслаги. Неговиот иновативен комплекс на затегање на кожата ја поттикнува микроциркулацијата , го враќа тонусот и цврстината на ткивата на кожата. Наслагите на сало во кожата се топат, обемот на колковите, бутовите и останатите третирани делови се намалува, со што Вашата фигура изгледа преобликувано. Кожата станува мазна и зацврстена на клучните делови на телото: бутови, задник, струк и стомак.

Ексклузивниот комплекс делува тројно на целулитот: ги отстранува масните наслаги, течностите од телото и го поттикнува производството на колаген и еластин кои кожата ја прават мазна и затегната.

Во овој производ постојат две револуционерни формули: гел и крема. Гелот ја зголемува ефикасноста на кремата и дава разладувачки ефект. Кремата  помага во разбивање на масните наслаги.

Посебен ефект постигнува кај луѓе кои имаат проблеми со вени. Антицелулит крема гел е дерматолошки испитан и може да ја употребуваат лица од сите возрасти.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Антицелулит крема гелот се нанесува на истуширани површини на телото, не се втрива туку се остава да делува 20-тина минути. За најдобри резултати препорачуваме да се нанесува два пати на ден најмалку 15 дена а потоа еднаш дневно. Со  употреба на овој препарат се препорачува внесување на нискокалорична исхрана и физичка активност. По четири недели поголемиот дел од жените се сложуваат со оценката дека нивното тело делува помладо, без целулит и намалено во обем за неколку сантиметри.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Соработник кој имал добиено повреди и модринки по пад од дрво со употреба на антицелулит крема му исчезнале болките.
  • Соработничка од Брчко која имала проблеми со вишок на килограми. Три пати дневно целото тело го мачкала со антицелулит крема гел и за три месеци намалила 11 кг.
  • Соработник од Италија со антицелулит кремата го решил проблемот кој го имал со вените.
  • Соработничка од Смедерево имала цисти на дојки, два пати дневно дојките ги мачкала со антицелулит крема и по три месеци на контрола е утврдено дека цистите исчезнале. Зголемени вени, испукани капилари на нозете ја губат бојата и исчезнуваат. Помага при отстранување на ревматски болки во нозете.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Антицелулит крема гел
9107 Течен сапун за лице и тело, 500мл - 363 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек, ајдучка трева, невен и глицерин.

Екстракт на босилек (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и антисептички (спречува развој на микроорганизми).

Екстракт на Ајдучка трева (Achilea Millefolium) делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), антифлогистички ( благотворно делува на воспалителните процеси на кожата), ја смирува кожата која е наклонета кон воспаленија, помага на епителизацијата.

Екстракт на невен (Calendula Officinalis) ја омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта.

Глицерин ја храни и хидрира кожата.

ДЕЈСТВО:

Ја негува кожата и ја дезинфицира

  • ја хидрира кожата
  • ја омекнува
  • поттикнува циркулација
  • помага на епителизација
  • одличен за сува и чувствителна кожа

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Во случај кога се работи со силни нечистотии, на суви раце да се втрие течен сапун, ќе се спречи нечистотијата да се вовлече во порите на кожата. Заменува 10 тврди сапуни.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Кај сите возрасти успешно делува на мозолчињата. Се употребува како паста за бричење, успешно отстранува шминка, а одличен е и за миење на коса.
  • Во комбинација со семејната крема, го чисти лицето, а кожата станува мазна, мека и еластична.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Течен сапун за лице и тело
9108 Антибактериски течен сапун, 250мл - 363 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек, глицерин и октопирох.

Антибактерискиот течен сапун претставува идеална комбинација на екстракт на босилек и активни компоненти кои делуваат на широк спектар на бактерии.

Октопирох поминува низ целата кожа, делува антибактериски. Јак антисептик е – спречува развој на микроорганизми. Неговото јако дејство го ублажува екстрактот на босилек.

Босилекот (Basilicum ocimum) е многу ценета билка заради своите лековити својства. Во листовите има јаглени хидрати, протеини, витамини А и Ц и киселини, етерично масло. Целата билка е лековита како и семето. Босилекот има повеќекратна употреба. Добар е за спречување на опаѓање на косата, за јакнење на коренот на косата и нејзино побрзо растење. Го намалува потењето, опушта…. Босилекот ја стимулира циркулацијата и го подобрува производството на кислород, има освежувачки ефект врз уморна кожа, и дава сјај и го подобрува тонот. Помага во борбата против акните. Има антибактериски и антисептички ефекти (спречува развој на микроорганизми).

ДЕЈСТВО:

  • Дезинфицира
  • Делува на широк спектар на бактерии
  • Ја поттикнува циркулацијата
  • Ја оживува уморната кожа
9108 Антибактериски течен сапун, 250 мл

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за секојдневно миење на раце, тело и интимна нега. Со комбинација на овој сапун и семејна крема добиваме лековити, мелемски ефекти. Со редовно миење на нозете со овој сапун, значително се намалува настанувањето на непријатна миризба, а уште појако делува ако се втрие на суви стапала. Се препорачува за миење на детски раце (заштитата трае 4-5 часа).

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Помага за ублажување на алергиски реакции, кожни габични и инфекциски заболувања и сите промени на кожата.
  • Лица со конјуктивитис, значително го ублажиле и отстраниле тој проблем со миење на очите со антибактериски сапун.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Антибактериски течен сапун (АБС)
9111 Ароматична био сол со невен и босилек, 450гр - 272 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и невен при што многу делотворно делува на кожата. Ароматичната сол за капење со додаток на екстракти на лековити билки, се состои од растворливи соли кои имаат смирувачки ефект и дезинфекционо дејство.

ДЕЈСТВО:

Мешавина од најквалитетни ноти која ја освежува кожата и целото тело, спречува сушење и ја чисти кожата. Има терапевтско дејство бидејќи помага при несоница, главоболка и воспаление на мускулите. Екстрактите на лековитите билки полесно продираат во чиста кожа.

Така водата со активните компоненти од билките, побрзо доаѓа до ќелиите и благодарение на осмозата навлегува до нив.

Сето тоа доведува до брза регенерација на ќелиите, а со самото тоа кожата станува мазна, свежа и здрава.

Во целост ослободува од умор и стрес, на кожата и се враќа нежноста. По капење на кожата остава пријатен мирис.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се става 1 – 2 лажици во када наполнета со топла вода, или пак во легенче со топла вода за да ги искиснете нозете.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Ја омекнува кожата на нозете па полесно се прави и педикир, потребно е само мало протрлување со погруб пешкир или со турпија и помалите жуљеви лесно се отстрануваат, а потврдокорните со почеста употреба на солта омекнуваат и полесно се вадат. А петите стануваат меки и нежни, потоа се негуваат со петалим.
  • се користи за релаксација на уморни и отечени нозе после напорен ден.
  • Може да се стави во мали садови на шанк или маса за ароматерапија и сузбивање на лоша миризба
  • во мрежести кесички може да се стави меѓу алиштата за арома

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Ароматична био сол
9221 Натура Фреш део рол-он машки, 65мл - 535 денари

СОСТАВ:

Содржи минерал магнезиум и освежителни мирисни ноти. Благодарение на благиот сурфактант на база на сончогледово масло Натура Фреш има кремаста структура која овозможува полесно нанесување, длабински ја негува кожата и ја прави свиленкаста и мека.

ДЕЈСТВО:

Дава сигурна заштита од непријатна миризба која ја предизвикуваат бактериите во текот на потењето при што потните жлезди не се блокираат и не се заморуваат. Не содржи алуминиум, парабени и алкохол.

Активната компонента базирана на овој минерал спречува развој на непријатна миризба контролирајќи го порастот на грам позитивни бактерии. Има посебна кристална структура која во себе задржува одредена количина на пот и себум, при што по нанесувањето остава заштитен филм на кожата кој ја штити, негува и ја остава сува.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на чиста и сува кожа, 1 до 2 пати дневно.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Ролон машки