Камилица (Matricaria Chamomilla)
Матрицариа потекнува од латинскиот збор матер – мајка што значи дека се употребува кај болести на жените. Камилицата е едногодишно растение со висина од 20-50цм. Лековит дел на камилицата се цветот и листот. Есенцијата се добива од цветот. Главна состојка е етеричното масло, па со самото тоа и лековитоста потекнува од него, но и од смолата, горчливите материи, танинот. Претставува едно од најдобрите, нештетни и неотровни средства против воспаленија на кожата и слузницата.
Состав: 80% естер, сесквитерпен, азулен, артемол, бисаболол, смола, фитостерол, фарнезол, цинеол, сулфур, калциум, изобутил, изоамил, ангелат.
Камазулем е супстанција која на етеричното масло му дава карактеристична боја и големо антифламаторно дејство и способност за брзо зараснување на рани.
Екстрактот на камилица во својот состав содржи флавоноиди, кумарин и слуз кои ја смируваат кожата, го намалуваат црвенилото и знаците на фотооштетување на кожата, ја подобруваат текстурата и еластичноста на кожата. Екстрактот на камилица ја штити кожата од негативни надворешни влијанија. Навлажнувајќи ја кожата помага во зачувување на нормална и здрава функција. Има и антиоксидативно влијание, па е корисен и во превенција од стареење на кожата. Го намалува црвенилото предизвикано од УВ зраците. Дејството на екстрактот е смирувачко, освежувачко, тонизирачко, ја поттикнува гранулацијата и епителизацијата на ткивата, го намалува чешањето. Своето смирувачко и антимикробно својство во најголема мера го должи на бисаболол, хамазулен и флавоноидите.
Покажува: аналгетско, антианемично, антиспазматично, диуретско, антидепресивно, бактерицидно, тонично и антифлогистичко дејство (лечи воспалителни процеси).