Urtica dioica

Коприва (Urtica dioica)

Копривата е билка која достигнува висина до 1.5 метри. Лековито е целото растение започнувајќи од коренот, па се до семките. Листовите и рачките се покриени со жило кое при допир испушта остар сок на кожата, кој жежи.  Се употребува листот, коренот и семките. На пролет и во есен се собираат корените, листовите и врвовите, а семето се собира во август.

Копривата е исклучително здраво растение, богато со: хлорофил, има многу минерални материи и тоа калиум, магнезиум, калциум, силициум, железо, манган, натриум, фосфор. На сува материја минералните материи се застапени од 15-20%. Во копривата има многу органски киселини мравја, оцетна, оксална, килибарна, лимонска, фосфорна, салицилна и силициумова киселина. Од витамините застапени се витамин К, Ц, А, Б2 и Б5 (пантотенска киселина). Исто така во копривата има многу хистамин, холин, ацетил холин, бетаин, лецитин, сератонин, стероли, цитостерини, флавониди и тоа кверцитин и гликокортин. Има танини, белковини, јаглени хидрати, масти, а коренот е богат со скроб, каротин, гликокинин – кој го регулира шеќерот во крвта.

Urtica dioica

Дејство:

  • Диуретик, тоник, антианемик, антиревматик – лечи ревматски тешкотии
  • Добра е за слабокрвност. Лековитоста доаѓа од железото, фолната киселина, Ц витаминот и хлорофилот
  • Копривата е многу добар лек за спречување на крварења, односно се користи како хемостатик. Ефектот се должи на витаминот К, витаминот Ц и танините
  • Копривата делува на бубрезите, го стимулира мокрењето и е многу добар лек против зголемена простата
  • Се користи и против стомачни болки и за подобрување на функцијата на црниот дроб
  • Гликокининот го намалува шеќерот во крвта па копривата е убаво да ја користат и шеќерашите
  • Копривата ги намалува и мастите во крвта, а делува и како антисклеротик
  • Копривата е чај за чистење на телото
  • Преку подобрување на крвната слика копривата ја намалува главоболката која е последица на анемија
  • Помага при ангина пекторис која е исто последица на анемијата. Не само што го јакне организмот го јакне и срцевиот мускул
  • Екстрактот на коприва се сретнува и во производите против опаѓање на косата
  • За зараснување на рани
  • Несоница, нервоза

Заради своите витамински и прехрамбени вредности копривата се смета за исклучително здрав, полезен и пристапен зеленчук, а секако и како лек.

Занимливости:

  • Еден лекар при своите предавања рекол дека кога луѓето би знаеле колку е лековита копривата, нема да одгледуваат ништо друго освен коприва
  • Според документите на еден Швајцарски парох се сметало дека копривата одамна би била искоренета, ако не ја поседувала својата способност да жари.
Continue Reading Коприва

Кантарион Посеклива трева (Hypericum Perforatum)

Кантарионот е повеќегодишно зелјесто растение кое расне до 100цм. Лековити делови на билката се врвовите со цветот и листот. Бербата се врши кога цветањето е интензивно, се суши во сенка, распространет во тенок слој. Секојдневно се превртува, а кога ќе се исуши се одвојуваат листовите и цветовите и се складира во подготвени материјали како тегли, кутии, хартиени вреќи.

Kantarion - Hyperici herba

Состав: 

Докажано е дека во цветот и во листот има една материја хиперицин со концентрација од 0,1- 0,2’%, етерно масло од 0,05-0,5% која содржи алфа пинен, кадинен и малку хамазулен. Кантарионот содржи и флавониди, рутозид, кверцетозид, хиперозид, танини 10-15%, органски киселини и минерални материи, смола, каротен, флавоноидни хетерозиди од кои потекнува жолтата боја, холин, витамин Ц.

Кантарионот е лек од античко време па до денеска. Претставува извонреден лек за стомачни заболувања, воспален желудник, чир на желудник, чир на дванаесетопалачно црево, воспаление на тенко и дебело црево, како и при воспалени хемороиди. Бидејќи содржи многу танини претставува многу ефикасен лек за лекување на пролив кај возрасни и кај деца.

Најнови сознанија за кантарионот – има силно влијание врз емотивното здравје односно помага кај пациенти кои страдаат од акутна и хронична депресија. Ја подобрува циркулацијата и кај пациенти кои имаат проблеми со артериска и венска циркулација дава добри резултати, ефектот е од флавонидите.

Надворешна употреба: против изгоретини, за лечење на хемороиди, за зараснување на рани.

Kantarion - Hyperici herba1

За внатрешна употреба се користи во облик на чаеви кај заболувања на јетра, желудник и кај дијареа.

Делува:

  • Антисептички – спречува развој на микроорганизми
  • Антибактериски
  • Како седатив кај некои видови на нервоза
  • Антидепресив – делува како антидепресивен лек, но без несакани ефекти

Kantarion - Hyperici herba2

Одличен е за кожата и слузокожата, има аналгетско дејство при несоница, омалаксаност и исцрпеност. Кај реума, отоци и крвни подливи се употребува во облик на масло кое се втрива.

Маслото од кантарион се добива со потопување на зрели цветови во растително масло. Има одлично терапевтско дејство кога се во прашање болки во мускулите и вратот. Со ова масло се третираат стрии, лузни, повреди, рани, црвенило, дерматитис, егземи, а одлично е и за изгоретини и исеченици. Маслото се употребува на тој начин што со него се мачкаат рани, исеченици и изгореници.

Маслото од кантарион помага и при лечење на умерена и блага депресија, за нега и заштита на кожата, се употребува за масажа, за сува кожа, штити од зрачење во текот на сончање, а делува и на акни, чиреви, рани кои крварат, отоци, удари, ревматизам, шинување.

Посебно се препорачува за нега и заштита на чувствителна, сува и испукана кожа.

Занимливости: За да го препознаете кантарионот доволно е да се изгмечи еден потполно расцветан цвет и од него ќе потече црвен сок.

Continue Reading Кантарион

Simmondsia sinensis Jojoba

Јојоба маслото (Simmondsia sinensis или Buxus sinensis) или течен восок, одговара на сите типови на кожа.

Го регулира создавањето на себум, негува и ја враќа рамнотежата на мешовитата (комбинирана) кожа, ја регенерира и и ја враќа еластичноста. Ја навлажнува и омекнува кожата така што создава немасен липиден слој кој спречува губење на водата, а потоа во горниот слој на кожата го омекнува ткивото. Овозможува кожата слободно да диши, длабински ја храни, не ги затвора порите, а во исто време ги хидрира сувите делови на кожата.

Содржи протеини, минерали, растителен восок и миристична киселина, има противвоспалително и благотворно кај псоријаза, егземи и воспалителни инфекции на кожата.

Simmondsia sinensis Jojoba2

Јојоба маслото е растителна смола која се добива од плодовите на едно мексиканско растение. Први го употребувале Индијанците за лечење на рани и како средство за дехидратација на кожата и косата, со оглед на тоа дека постојано биле изложени на сонце.

Го нарекувале ,,Течно злато“ . Одличен е за дерматози, псоријаза, егзема, иритирана, испукана, сува кожа како и за сува и дехидрирана коса. Маслото од јојоба е отпорно на оксидација, содржи витамин Е кој делува како антиоксиданс, витамин Б комплекс, минерали силициум, бакар, хром, цинк и јод. Извонредно ја влажни и омекнува кожата така да создава немасен липиден слој и спречува губење на влагата, а потоа го омекнува ткивото. Со употреба на производи на база на масло од јојоба, кожата станува мека, фина и свиленкаста.

Овозможува кожата слободно да дише, длабински ја храни, не ги затвора порите, а истовремено ги хидрира сувите делови на кожата. Поради големата содржина на јод има антимикробно дејство со кое се спречува развој на габички и бактерии на кожата. Се употребува при изгореници од сонце и кај испукана кожа. Маслото помага и за потемнување на кожата, а заштитниот фактор на маслото е приближно 4.

Continue Reading Јојоба

Не би сакала да мудрувам и да ви кажувам како тоа не треба да го фрлате отпадот каде ќе стигнете, како не треба да ги сечете дрвјата, па дури нема да ви зборувам ни за тоа колку ни е загаден воздухот од сите фабрики и автомобили.

За сето ова се зборува на долго и на широко. Јас би сакала да ве прашам нешто друго. Повеќето од вас се занимаваат со некаков спорт или пак одите на фитнес, аеробик, пилатес, зумба. Се храните со строг режим или барем припазувате каква храна внесувате. И вие мислите дека со тоа сте далеку поздрави од останатите.

Но не е баш така. Да, секако дека се си има свое влијание во квалитетот на животот. И секако дека треба да продолжите со тоа. Но дали некогаш сте се замислиле дали може да направите и нешто друго.

1. Каква купка или гел за туширање користите. Дали ја користите првата парфимирана купка која ќе ви дојде при рака? Или можеби користите природна еколошка купка или гел за тушиарње кој не само што не и штети на вашата кожа туку напротив ја релаксира, омекнува, не предизвикува алергии, а со самото тоа не треба да користите и лекови против алергија. После туширање задолжително користете некој ролон или дезодоранс кој нема да ги запуши потните жлезди, но ќе ја спречи непријатната миризба.

2. После напорен тренинг ве болат сите коски. Што е она што прво ви паѓа на памет за да ја ублажите болката. Претпоставувам таблета. Но има и такви кои користиме природни гелови против болка кои ја намалуваат болката, а при тоа не ја зацрвенуваат и не ја иритираат кожата. А истиот гел може да го користат и деца и возрасни, а при тоа одличен е и за намалување на температурата.

3. Пред да јадете претпоставувам дека миете раце. Но со што? Дали користите од оние јаки хемиски средства кои ја сушат кожата и ги оштетуваат ноктите, па воедно предизвикуваат и одредени кожни промени? Може да користите природни производи на база на билки кои мелемски делуваат на кожата. Концентрат за садови, течен сапун за раце, може да бидат и на база на билки. Пријатен мирис, одлично чувтсво на кожата, без иритација, тоа е реалност за оние кои ги користат ваквите производи секојдневно.

4. Се храните здраво, но со што ги миете садовите? Дали секој од нив го плакнете по 10 до 15 минути за да ја отстраните целата хемикалија? Искрено не верувам. Но има производи на база на босилек кои ќе ги светнат садовите и со ладна вода, а воедно ќе ги обезмастат и водоводните цевки. Од оние производи кои не содржат хемикалии дури и да остане некоја капка на чинијата, нема да ви наштети на вашето здравје.

5. Вашите деца додека се мали фаќаат секаде каде што ќе стигнат со рачињата. Со што го чистите домот? Дали користите средства кои мора да ги ставите под клуч и да ги криете од вашите дечиња бидејќе се толку штетни што дури и ракавиците ви се  дупнуваат од јаката хемикалија во нив? Дали паркетот и мебелот ги чистите со средства кои не смеат да ги допрат деца? Претпоставувам дека на голем дел од вас одговорот ќе биде ДА. Но има и средства кои ќе ви го олеснат животот. Не мора да ги криете толку, не мора да ги изнесувате децата надвор додека чистите со нив. Напротив може да му дадете на детето да си игра чистејќи го паркетот и мебелот со крпа на која сте капнале природно средство. Може да бидете спокојни дека нема да се отруе, нема да вдишува хемикалии туку напротив ќе се чувствува како во борова шума. Во исто време ќе стекне позитивна навика дека треба да помага дома.

6. Викендите најчесто се резервирани за чистење низ домот. Но кога ќе дојде ред да се чистат по замастени и запрљани површини, просто не ви се станува од кревет. Ќе ви треба можеби цел ден за да ја исчистите рерната, шпоретот, микробрановата, прозорите, тоалетот. Но може да го промените тоа. Да не се напрегате толку, со малку труд, со чистење без ракавици и маска, со средства кои се еколошки, на база на билки, денот може да се претвори во вистинска уживанција. Исчистете се за многу пократко време, со многу помал напор, и остатокот од денот посветете го на најблиските.

7. Ајде да видиме што користите за нега на косата. Дали користите најскапи производи кои се произведени од светски реномирани компании, но сепак ете можеби не ви одговараат. Или можеби пак го користите првиот шампон што ќе ви дојде при рака во маркетот. Постојат природни производи кои не се скапи, напротив се прилагодени на македонскиот пазар, кои се концентрирани, а со самото тоа и економични. Маски, балсами, лосиони, серуми и шампони за секој тип на коса и за секоја возраст, од најмали бебиња па нагоре, може да бидат и од билки, а не само од штетни хемикалии. Од дамнешни времиња нашите баби користеле билки за секаква нега на кожа и коса. Сега имаме фирма која тоа го прави за нас. Не мора вие да ги берете билките, постои цела армија на луѓе кои рачно ги берат билките, ги сушат, ги преработуваат и ни даваат готов производ кој е сличен на оној што го користеле нашите предци – квалитетен и природен.

8. А што е со негата на кожата. Користите скапа козметика или можеби најефтината во маркетот. Го читате ли некогаш составот на производите да видите колку хемикалии има во него. Дали читате за тие состојки да видите колку се штетни или корисни? Претпоставувам дека не. Немаме таква навика зашто животот го сфаќаме премногу здраво за готово. А така ги учиме и нашите деца. Сепак ви препорачувам малку да прочепкате на интернет за состојките од кои е направен вашиот омилен производ за нега на лице и тело. И само колку за информација, не така далеку од нас, постои фабрика за производство на производи кои се направени од билки берени на плантажите околу фабриката, која е лоцирана во една од најчистите еколошки средини на Балканот. При тоа фабриката се грижи да не ја загадува средината па дури и амбалажата која ја користи е еколошка.

9. Модерни се ботокси и филери за лицето да изгледа помладо. Но не сите сакаат да се боцкаат и да изгледаат вештачки. За нив постојат производи на природна база кои се благопријатни за кожата, ја подмладуваат, ги намалуваат постоечките брчки и спречуваат создавање на нови. И повторно без хемикалии штетни по здравјето. Да, верувајте и тоа е можно и тоа псотои повеќе од 20 години.

10.На крај последно правило. Негата на устата и усната шуплина треба да започне од најмала возраст. Каква паста за заби користат вашите дечиња. Дали користат комерцијализирана или пак некоја на база на билки. Бидејќи постојат и такви. Паста на база на билки, спреј за уста, водичка на база на ментол која во исто време може да послужи и за намалување на болката. Без разлика дали е болка на заб, дали е афта, или пак можеби боли непцето од каде треба да излезе новото запче. Истите производи може да ги користат и децата и возрасните. Пасти кои спречуваат кариес и парадентоза ги белеат забите, водичка која намалува и болка на зглоб, главоболка па дури симнува и температура.

Вие одбирате што ќе користите вие и вашите деца. Затоа направете правилен избор. Хемикалии или природни производи.

Ако вашиот избор е природни производи, повелете разгледајте ја широката палета од брендот Лимес ⇒ ПРИРОДНИ ЕКОЛОШКИ ПРОИЗВОДИ

Continue Reading 10 правила за поздрав и подолг живот

Нане (Mentha piperitae folium)

Нането е природен хибрид, настанат од зелен и воден вид. Тоа е повеќегодишна и една од најпознатите лековити билки која се употребува во медицината уште од многу одамна. Нането е ароматична билка која расте во висина од 10-120 цм со темнозелени листови. Се употребува против многу болести, тешкотии, воспаленија и инфекции, за чаеви, за подготвување на етерични масла, лекови, козметички препарати.

Постојат повеќе видови на нане: питомо, диво, англиско итн.

Нането:

  • Отстранува психички замор
  • Ублажува напнатост
  • Ефикасно лечи бројни тешкотии и инфекции
  • Помага за затегнување на ткивата
  • Отстранува главоболка

 

Се препорачува на луѓе кои помалку се движат бидејќи го разредува крвотокот.

Есенцијата се добива од листовите со дестилација со водена пареа.

Состав: Главна состојка на нането е етеричното масло кое содржи ментол, танини, флавоноид, горчливи материи и други корисни состојки.

Од широката палета на производи кои ги има Лимес, има многу кои содржат и нане во својот состав:
Continue Reading Нане

Босилек (Basilicum ocimum)

Босилекот е едногодишна, зелјеста билка која расне од 20-60 цм со разгрането стебло, темнозелени листови и цветови во зелена, бела и розова боја. Целото растение е многу ароматично и има пријатен мирис. Потекнува од Афричкиот континент. Босилекот е многу ценета билка заради своите лековити својства.

Состав: етерично масло, танин, сапонин и горчливи материи, флавоноиди, кафени киселини и сапонозиди. Во етеричното масло има естрагол, линалол, цинеол и уште многу други антисептички состојки (состојки кои спречуваат развој на микроорганизми). Есенцијата се добива од цветот и листовите. . Целото растение е лековито како и семето.

Покажува: антидепресивно и тонично дејство.

Босилекот има повеќекратна употреба, добар е и за надворешна и за внатрешна употреба.

  • За спречување на опаѓање на косата, за зајакнување на косата и нејзино побрзо растење, дава сјај на уморната коса
  • Поттикнува циркулација, делува на оживување на уморната кожа и дава сјај и го подобрува тонусот
  • Делува како средство за смирување, отстранува несоница, ублажува нервоза, влијае на подобрување на концентрацијата, смирува нерви
  • Помага во борба против акни
  • Ги зајакнува слабите нерви, има смирувачки ефект, ги зајакнува менталните функции и го отстранува менталниот замор
Continue Reading Босилек

Зимата и пониските температури се идеални услови за појава на грип и настинки. 

Најчесто станува збор за болест предизвикана од вирус. Повеќе од 90% од сите респираторни инфекции ги предизвикуваат вируси. Бактериите како примарни причинители на инфекција се јавуваат во само 5-10% од случаите на сите респираторни инфекции. 

Но постојат над 200 различни видови вируси кои секоја година совладуваат голем број луѓе со различен степен на компликации и последици. 

Во најголем број случаи, прво се забележуваат симптоми на:

  • Заморот и недостаток на енергија се првите знаци на инфекцијата, а потоа следат
  • течење на носот
  • кашлање
  • кивање
  • црвено и болно грло
  • гребење во грлото
  • солзење на очите
  • а потоа и затнување на носот
  • покачена температура
  • треска
  • општа малаксаност
  • болки во градите
  • отежнато дишење
  • болки во мускулите
  • главоболка
  • губење на апетитот

Кај најголем број од заболените симптомите се повлекуваат за една недела од почетокот на болеста. Инфекцијата кај поголемите деца се манифестира со благи симптоми, кај новороденчиња или доенчиња како и кај постари лица и хронични болни, може да предизвика и компликации. Приближно еден од 20 случаи на настинка се развива во секундарна инфекција како што се бронхитис или синузитис. Сепак можни се и компликации во вид на астма, воспаление на белите дробови, воспаление на срцевиот мускул, воспаление на мозокот па дури и смрт. 

Кај сезонските грипови, инкубацијата трае од 1 до 5 дена, но најчесто симптомите се појавуваат веќе вториот ден. Најголем дел од лицата може да го пренесат вирусот на друг 1 ден пред да се појават симптомите и 5-7 дена откако болеста се манифестирала. Ова значи дека човек може да го пренесе вирусот пред да знае дека е инфициран. Исто така на сезонските вируси не се имуни ни децата, а посебно децата чии родители се пушачи, поголема веројатноста да имаат проблеми со настинка или кашлица. 

Потешка симптоматологија при грип е можна и кога прв пат ќе се инфицираме. Секоја година може да се разболиме од различен вирус кој предизвикува грип.

Новиот пак 2019-nCov  (и понатаму се именува по цел род вируси во кои спаѓаат и SARS-Cov 2002 и MERS Cov 2013) корона вирус (појавен во Вухан, Кина, декември 2019) КОВИД 19, се карактеризира со сува кашлица и скратен здив, што укажува на тоа дека инфекцијата го зафатила долниот респираторен тракт, што може да доведе до:

  • тешка пневмонија, зависно од имунолошкиот систем на заболениот може да доведе до инхибиција на функцијата на белите дробови, па заболениот да има потреба од механичка вентилација – респиратор, 
  • може да ги зафати бубрезите
  • кардиоваскуларниот систем.

Не е исклучена можноста заразениот со вирусот да не покажува никакви специфични сипмтоми, но сепак да е носител и со самото тоа може да зарази некој друг кој ќе има многу потешки симптоми и последици дури и смртен епилог, ако имуниот систем му е послаб.

Периодот на инкубација на корона вирусот трае од 1 па се до 24 па и 27 дена, иако најчесто е 14 дена. Се смета дека луѓето се заразни пред крајот на периодот на инкубација, непосредно пред почетокот на симптомите, како и додека симптомите се видливи и таа личност се чувствува болна. Ковид-19 е значително позаразна болест од останатите сезонски грипови, бидејќи секој инфициран во просек заразува 2,2 лица, а за повеќето видови на сезонски грип оваа бројка е околу 1,3. Токму затоа на 11.03.2020 генералниот секретар на СЗО прогласи пандемија на КОВИД 19.

Се сметаше дека резервоар на вирусот се лилјаците но со сигурност сеуште не е утврден интермедиерниот домќин, а поновите извори сугерираат дека резервоар е локално кинеско животно со кое најмногу се тргува илегално и примарно заради неговиот оклоп. Се пренесува од човек на човек, и досега не е докажано дека домашни миленици, можат да бидат заразени со новиот коронавирус.

КОВИД 19 најчесто ги зафаќа постарите лица, посебно оние со хронични болести. Природно, најсилен имунитет имаат децата од околу 10-12 години. 

Раните симптоми на алергија, настинка, сезонски грип и корона вирус може да бидат многу слични. Особено почетните фази може да бидат речиси идентични, а кај некои случаи се толку благи што воопшто не се ни забележуваат.

Затоа треба да се одговори на одредени прашања од типот дали сте биле во некоја од ризичните земји? Дали сте имале контакт со лице кое е заболено од корона вирусот? Па соодветно на одогворите ќе се превземат мерки што понатака. Секако и да се установи дека е „обичен сезонски“ грип на кој сме навикнати, а не корона вирус, треба да бидеме претпазливи и да превземеме мерки на време, бидејќи сезонските грипови ги напаѓаат сите возрасти и исто така знаат да дадат тешки последици.

Начини на пренесување на вирусите

За да заболиме од грип мораме најпрво да дојдеме во контакт со вирусот:

  • по директен пат – преку директен контакт со респираторен секрет од болниот кој се распрскува во вид на ситни капки преку кивање, кашлање, зборување
  • по индиректен пат – преку допир на загадени површини и предмети каде има останато траги од вирусот или по пат на поздравување а потоа допирање на уста очи или нос со загадените раце.

Превентивни мерки за заштита од корона вирусот и останатите сезонски грипови

  • Често темелно миење на рацете со сапун и вода околу 20 секунди и задолжително внимавајте на задниот дел од рацете и просторот помеѓу прстите. Употребувајте топла вода. Практикувајте течен сапун, бидејќи на обичниот можно е да бидат насобрани бактерии. Ако немате вода и сапун при рака, тогаш користете дезинфициенси кои содржат минимум 60% алкохол.  
  • Кога кивате или кашлате користете марамче за една употреба и веднаш фрлете го во корпа со капак, а доколку немате марамче покријте ги устата и носот со раката свиткана во лактот. По употреба на марамче веднаш измијте ги рацете или дезинфицирајте ги со дезинфициенс.
  • Оддалеченост од барем 2 метра од соговорникот бидејќи микроскопските честички кој го содржат вирусот се тешки и паѓаат на површина, најмногу на 1 метар откако ќе бидат исфрлени во воздухот
  • Да не се допираат очите, носот и устата со валкани раце. Еднократните хируршки маски се користат за да се спречите себеси да ги допирате носот или устата (бидејќи просечно ги допираме барем 90 пати дневно), доколку сте во постојан контакт со луѓе на растојание помало од барем 1 метар. Штом еднаш ќе ја носите маската, треба да ја сметате за валкана и треба да ја извадите без да ја допирате внатрешната страна и да ја фрлите (содржината на вашето дишење се лепи за маската правејќи им неодолив повик на бактериите). Епидемиолозите нагласуваат дека подобра заштита од маските е редовното миење на рацете и избегнување на контакт со лица кои киваат и кашлаат.
  • Носете маска ако имате симптоми на грип или ако сте здрави, но имате контакт со постари лица од некоја од ризичните групи
  • Ракавици за еднократна употреба се користат при пазарење, користење на бензиска пумпа и сите останати активности надвор кога може да дојдете во контакт со потенцијално контаминирани подрачја.
  • И облеката која сте ја носеле може да ги пренесува вирусите до седум дена, затоа секојдневно перете ја на висока температура
  • Избегнувајте физичко поздравување со соговорникот и било каков близок контакт  (повеќе од 15 минути лице в лице со инфицирано лице; живеење во ист дом со инфицирано лице. Овој вирус (САРС-КоВ-2) се пренесува преку капков пат и преку уста, со помош на контаминирани раце, предмети (со назофарингеален секрет или измет). Значи не може да се заразите ако само поминете покрај некој заразен на улица.
  • Не патувајте никаде додека сте болни, самоизолирајте се
  • Избегнувајте масовни собири, трговски центри, спортски терени, фестивали
  • Користете ги зглобовите на прстите кога повикувате лифт или кога палите светло во јавни простории, а потоа задолжително измијте ги рацете или дезинфицирајте ги со дезинфициенс
  • Вратите во јавните тоалети отворајте ги со лакт доколку е тоа возможно или користете ракавици. Слична претпазливост е потребна и со туѓи лични предмети како што се телефони, таблети, тастатура, но и при подигање пари од банкомат или пиење кафе од кафемат. Важно е рацете да се мијат или дезинфицираат и доколку допрете места кои дневно ги допираат многу луѓе, како што се копчиња од лифт или кваки од врати. При пазарење, користете заштитни ракавици. И не заборавајте да не го допирате лицето додека не ги измиете или дезинфицирате рацете
  • Кога времето тоа го дозволува, отворајте ги прозорците дома и на работа. Вирусите не можат долго во проветрени простории. Од друга страна пак при седење во затворени простории сувиот воздух ја суши слузокожата со што се овозможува лесен влез на вирусот во телото
  • Дома сменете ги сите пешкири и крпи за раце и заменете ги со чисти така што секој член на семејството да ги користи само своите. Да се менуваат најмалку два пати неделно или уште подобро ако сте во можност да користите хартиени бришачи за раце. И задолжително почесто дезинфициарјте ги сите површини особено рачката од фрижидерот,  далечинскиот управувач, тастатурата од компјутерот и други предмети кои ги допира целото семејство
  • Не делете прибор за јадење ни чаши со ниту еден член од семејството
  • Ако дома имате свој човек со треска, средбите нека бидат колку е можно по ретки и да минат со маски и ракавици за еднократна употреба. Ако треба да го измиете, правете го тоа со ракавици а потоа избришете го со хартија за еднократна употреба. И таа и гумените ракавици и маските треба да се отстрануваат крајно внимателно и веднаш да се ставаат во кеса која може да се затвори, а потоа да се фрлат. Носете долги ракави ако му помагате да се движи. Доколку просторот тоа ви го дозволува, заболениот нека биде во засебна соба. Редовно проветрувајте ја таа просторија и редовно дезинфицирајте ги сите површини со дезинфициенс. Не дозволувајте многу посети и ограничете ја посетата на 1 посетител во собата. Изолирајте ги децата на сосема друга страна да не доаѓаат во контакт со болниот.
  • Редовна дезинфекција на сите површини. Се уште не е познато колку долго преживува 2019-nCoV на површини, иако првичните информации сугерираат дека овој вирус може да преживее неколку часа, но се смета дека останатите хумани корона вируси можат да опстанат на инертна површина на собна температура до девет дена, додека на повисока температура, побрзо се уништуваат вирусните честички. Се смета дека корона вирусите не преживуваат долго на предмети, како што се писма или пакети.
  • Проф. д-р Нада Кујлиќ Капулица тврди дека коронавирусот припаѓа на онаа група вируси кои се исклучително чувствителни на висока температура и дека инфективноста се губи за само половина час на температура од 56 степени. На ниска влажност и повисоки температури овој вирус уште побрзо престанува да биде инфективен. Се уништува со стандардните дезинфекциони средства со минимум 70% алкохол, затоа е потребна редовна дезинфекција на сите површини до кои имаат пристап поголем број луѓе. Подобро поднесува кисела средина (pH 6-6.5). Брзо се неутрализира со УВ-зрачење (кварцање со посебни лампи) – наведува проф. д-р Нада.

Како да го подобрите имунолошкиот систем

  • Користете Витамин Ц како и суплементи со цинк, препарати на база на прополис, ехинацеа, мед, ѓумбир, лук и сл. за подобрување на имунитетот. Антибиотиците не делуваат на вирусите, само на бактериите, затоа не ги земајте на своја рака без консултација со доктор.
  • Вежбајте барем 30 минути дневно, излезете на чист воздух
  • Јадете балансирана храна со проверено потекло, и задолжително убаво термички обработете ја храната од животинско потекло и не консумирајте храна од болно животно. Пред подготовка на храната рацете задолжително измијте ги или дезинфицирајте ги, користете заштитни ракавици и маски (по потреба ако сте болни) при подготовка на храната, и на крај пак темелно измијте ги рацете. Да се земаат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук кои му се неопходни на организмот. Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц (цитрони, лимони, портокали, пиперка). Препорачливо е користење на печурки, брокула, целер, лук, кинеска зелка,  куркума, оригано и чили, мед, цимет…
  • Пијте доволно течности (воздржете се од кофеин и алкохол затоа што извлекуваат повеќе течност од телото отколку што останува откако ќе ги испиете). Пијте повеќе топли напитоци како чаеви, супи, како и овошни цедени сокови, смути, вода со лимон и сл.
  • Спијте доволно – ви треба повеќе спиење и одмор, за да може вашето тело да се бори против вируси и да ви помогне да се излечите. Нашето тело се регенерира, опушта и смирува во текот на спиењето. Погрижете се вашето дете да има доволно дневен сон. Експертите врз база на истражувањата, препорачуваат 11 часа сон за претшколски деца, 10 за школски и 9 часа сон за тинејџери, и барем 7 часа за возрасни 
  • Откажете ги цигарите ако сте пушач. Пушењето ги зголемува шансите да се разболите, бидејќи создава промени во респираторниот тракт и го нарушува имунолошкиот систем. Дури и седењето во задимена просторија ви ги зголемува шансите за разболување. Димот ги надразнува и дишните патишта и на тој начин ја зголемува осетливоста на респираторниот систем кон вирусите кои ја предизвикуваат инфекцијата
  • Намалете го стресот колку можете затоа што и тој го соборува имуниот систем.

Корона вирусот претставува најголем ризик за постари лица над 65 години и за хронично болните

Имунитетот слабее со возраста, што ги прави лицата постари од 65 години изложени на поголем ризик од компликации споредено со помладите здрави лица. Освен возраста исто така зголемен е ризикот кај хронични болни и тоа:

  • Хронични респираторни заболувања:

– ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44

– Астма – J45

– Интестицијална фиброза – Ј84

  • Тешки кардиоваскуларни заболувања:

– Срцева слабост со EF<40

– Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци

– Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија

– Тешка аортна и митрална стеноза

– Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци

– Имплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци

– Длабока венска тромбоза до 3 месеци

  • Дијабетес мелитус:

– Дијабетес тип I – инсулин зависен

– Дијабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

  • Сите малигни заболувања – C00-C97
  • Имунокомпромитирачки состојби:

– Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0

– Хроничен нефротичен синдром – N04.9

– Интермитентна хемодијализа – Z99.2

– Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00

– Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31 – M34.

Во моментов вакцинација против корона вирусот нема, има само за останати сезонски грипови и секако е препорачлива посебно за постари лица и хронични болни, секако во консултација со матичниот доктор. 

Затоа избегнете ја колку можете посетата на постари личности и на хронично болни, посебно не дозволувајте вашите деца да имаат контакт со нив, за да ги заштитите постарите. 

Посета на лекар е задолжителна ако имате поголеми потешкотии, но ако се сомневате само на сезонски грип, доволно е да се придржувате на упатствата од докторите, да седите дома, да го подобрите имунитетот и да се потрудите да не ги заразите останатите членови на вашето семејство.

Секако ако се сомневате дека сте заразен со корона вирусот, веднаш јавете се на телефоните за таа намена и известете ги службите.

Вашето здравје и здравјето на вашите блиски зависи од вашата информираност и одржување на лична и колективна хигиена. Бидете свесни дека не сте важни само вие туку и оние на кои може да им го пренесете вирусот. Вие можеби и ќе се извлечете со полесни симптоми, но некој со послаб имунитет може да заврши фатално.

Continue Reading Како да се заштитиме себе си и другите од вируси вклучувајќи го и КОВИД 19

9312 Пилинг крема, 100 мл

Ќелиите на кожата редовно се обновуваат: нашата кожа е потполно нова на секои 28 дена! Пилингот не само што ги отстранува мртвите ќелии на кожата, туку во исто време ја поттикнува циркулацијата. По пилингот кожата подобро ги впива производите за нега со што тенот станува поблескав и сјаен.

Пилинг кремата е наменета за сите типови на кожа. Посебно се препорачува за нега на сува, рапава и испукана кожа.

СОСТАВ:

Пилинг кремата во својот состав содржи висока концентрација на екстракт на камилица, какао путер, рицинусово масло и мелени лушпи од семки од кајсија

Благите, нежни и исклучително ефикасни, мелени лушпи од семки од кајсија ги отстрануваат изумрените ќелии од површината на кожата поттикнуваат обновување на кожата, ја враќаат свежината на кожата и ја оставаат чиста.

Екстрактот на камилица во својот состав содржи флавоноиди, кумарин и слуз кои ја смируваат кожата, го намалуваат црвенилото и знаците на фотооштетување на кожата, ја подобруваат текстурата и еластичноста на кожата. Екстрактот на камилица ја штити кожата од негативни надворешни влијанија. Навлажнувајќи ја кожата помага во зачувување на нормална и здрава функција. Има и антиоксидативно влијание, па е корисен и во превенција од стареење на кожата. Го намалува црвенилото предизвикано од УВ зраците. Дејството на екстрактот е смирувачко, освежувачко, тонизирачко, ја поттикнува гранулацијата и епителизацијата на ткивата, го намалува чешањето. Своето смирувачко и антимикробно својство во најголема мера го должи на бисаболол, хамазулен и флавоноидите.

Какао путерот ја штити кожата, го успорува губењето на водата, формирајќи бариерна заштитна обвивка. Создава заштитен филм на кожата, давајќи и мазност. Спречува сушење на кожата.

Рицинусовото масло на кожата остава чувство на мекост и мазност.

ДЕЈСТВО:

1. Ги отстранува мртвите ќелии на кожата

2. Ја поттикнува циркулацијата

3. Ја смирува кожата

4. Хидрира

5. Го регулира себумот

6. И дава сјај на кожата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Нанесете ја пилинг кремата на чиста и сува кожа на лицето. Со благи кружни движења втријте ја кремата на кожата на лицето. Оставете кожата да ја впие кремата, а вишокот од лушпите од семки од кајсија отстранете ги по неколку минути. Пилинг кремата може да се употребува еднаш до два пати неделно.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.


Continue Reading Пилинг крема

Првутот е голем естетски, а со самото тоа и психички проблем со кој се соочува 1 на секои 5 луѓе на планетава, што е навистина многу. Тој не е воспалителен по природа но често пати е извор на дополнителни проблеми. Првутот (Pityriasis capitis) е всушност лесна форма на себороичен дерматит и се карактеризира со лесно до умерено  десквамирање (лупење)  на скалпот, без знаци на инфламација (воспаление). Се појавува кога ќе се скрати процесот на обновување на клетките на кожата на главата (регенерација), што доведува до забрзано лупење на рожнатите клетки на кожата, кои потоа се лепат и создаваат видливи лушпи.  Првутот не влијае на целокупното здравје и не е заразен, повеќе предизвикува депресија и комплекси кај оној кој го има. Почесто се појавува кај мажите, најверојатно поради хормоните.

Најчест предизвикувач на првутот е габичката Malassezia furfur која спаѓа во нормална микрофлора на скалпот, но под дејство на одредени фактори, се интензивира (настанува прекумерна репродукција на габата) и предизвикува лупење на кожата познато како првут, но и микроинфламации на масните подрачја на главата, што доведува до чешање и не ретко оштетување на фоликулите на влакната и нивно опаѓање.

Од почестите фактори кои предизвикуваат првут ќе ги спомнеме:

  • Неправилно миење на косата и чешлање – потребно е темелно миење со не многу врела вода, 2-3 пати неделно со соодветен шампон и обавезно чешлање со чешел кој не е премногу остар
  • Употреба на несоодветни козметички производи кои ја иритираат кожата и содржат силикони, парабени и други хемикалии (како лак, гел и други спрејови)
  • Долго време употреба на еден ист шампон кој предизвикува пречувствителност на кожата
  • Физички и емоционален стрес кој влијае на ендокрините жлезди
  • Временски услови – во есен и зима има тенденција да ескалира (почесто се појавува)
  • Наследна (генетска) предиспозиција
  • Егзема, псоријаза, Паркинсонова болест, премногу сува кожа
  • Нездрава исхрана – конзервирана храна, слатки, зачинета, пржена храна. Се препорачува исхрана со протеини, витамини (овошје), млечни производи, внесување на цинк во исхраната
  • Гастроинтестинални проблеми пропокачено ниво на бактеријата helicobacter pillory во крвта
  • Хормонални проблеми – зголемена продукција на себацеалните жлезди

СИМПТОМИ

  • Лупење на кожата, сквами
  • Чешање
  • Дехидрирана коса

ПОСЛЕДИЦИ

  • Емоционално нарушувае
  • Опаѓање на косата
  • Фоликулити и бактериска инфекција
  • Црвенило на кожата

ВИДОВИ НА ПРВУТ

Постојат 2 вида на првут, сув и масен.

Сувиот перут настанува кога кожата на главата е премногу сува, настанува чешање, наслагите се лесни и се распрскуваат по целата коса па таа изгледа сува и дехидрирана

Масниот првут настанува како резултат на зголемено лачење на себум, при што наслагите од првут се распоредуваат по целиот корен на косата и ја прават мрсна и сјајна.

ПРЕПОРАКА

Хигиена на скалпот 2-3 пати неделно со специјални шампони кои може да содржат:

  • цинк кој го намалува размножувањето на габата;
  • јаглен, сулфур, салицилна киселина кои имаат изразен ексфолирачки ефект и одлично го чистат скалпот од наслагите;
  • кетоконазол кој има антифгунгално дејство,
  • Selenium sulfide кој ја намалува продукцијата на природните масти на скалпот;
  • Октопирокс е антисептик кој ја забавува забрзаната репродукција на клетките;
  • билки за ублажување на симптомите на чешање, како невен на пример.

Повеќето од овие состојки имаат противвоспалително дејство. Ефективните средства против првут мора да содржат антифунгални состојки во нивниот состав, без разлика дали првутот е предизвикан од габичка или не, бидејќи многу често подоцна знае да се развие и таа.

Препораката е да се втрие убаво шампонот со лесна масажа и да се остави да отстои неколку минути пред да се исплакне. Исто така не се препорачува употреба на ист шампон многу долго време, за да не стане кожата премногу чувствителна на истиот. Користете квалитетени шампони исто како што користите квалитетни креми за лице на пример. Понекогаш кога немате првут, може да промените и да користите некои поблаги шампони па дури и бебешки за да ја одморите главата.

Употреба на козметички производи на база на билки збогатени со некои од состојките против првут, би било идеално решение.

Наша препорака е да го пробате шампонот против првут од Лимес кој дефинитивно покажал одлични резултати кај сите кои го користеле.

 
Continue Reading Првут, естетски и емотивен проблем
hyperhidrosis

Хиперхидроза – прекумерно потење и непријатна миризба

Потењето е нормален физиолошки процес чија цел е да ја регулира телесната температура на организмот и делува како одбрамбен механизам кој го штити организмот од прегревање. Всушност кога надворешната температура е значително висока, телото преку потењето се лади. И тоа е процес кој ние не можеме свесно да го контролираме. Токму поради тоа што процесот на потење е регулиран од централниот нервен систем, некогаш при состојби на стрес, возбуда, страв, нашиот организам испраќа сигнали до централниот нервен систем дека сме во некаква опасност при што лачењето пот е одбрамбен механизам.

hyperhidrosis1

Преку потта од нашето тело се лачат токсични материи што настанале како нуспродукт во процесите на метаболизмот. Потта содржи 99% вода и 1% органски и аноргански материи. Излегува од потните жлезди, кои се распоредени по целото тело, но најмногу под пазувите, на дланките, на стапалата, под градите. Водата од потта механички ја чисти кожата и ја зголемува нејзината влажност и ја дава потребната масност. Влажноста на дланките овозможува подобро функционирање на рацете па затоа кога постои сувост на кожата имаме потреба дополнително да ги навлажиме. Влажноста на стапалата овозможува подобра еластичност на екстремитетите.

Прекумерното потење уште се нарекува хиперхидроза. Оваа состојба се појавува уште во пубертетот и почеста е кај жените.

Прекумерното потење може да биде толку изразено, и видливо, што може да предизвика срамежливост, комплекси, недостаток на самодоверба кај личноста кај која се појавило.

Состојби кои допринесуваат да дојде до прекумерно потење се:

  • стресните ситуации 
  • прекумерна тежина
  • наследни предиспозиции
  • проблеми со тироидната (штитната) жлезда
  • метаболни нарушувања
  • дијабет
  • хормонски нарушувања
  • преголем внес на никотин и кофеин
  • одредени лекарства, меѓу кои и антидепресивите….

За да се исклучи некој здравствен проблем, најдобро е веднаш кога ќе се примети состојбата, да се консултирате со доктор.

Мажите кои се потат премногу можно е да имаат ниско ниво на тестостерон, а жените ниско ниво на естроген, што го означува почетокот на менопаузата.

Откако ќе се исклучат здравствените проблеми, може да се премине на третирање на симптомот. Најдобар лек за засиленото потење е редовната хигиена со соодветни козметички средства, правилната исхрана, спортскиот живот, соодветна гардероба и чевли.

Некои користат антиперспиранти кои го спречуваат потењето. Најголем дел од нив содржат соли од алуминиум, цинк и циркониум, коишто ги стеснуваат порите и на тој начин спречуваат потење. Се нанесуваат навечер, а наутро треба да се одмијат за да немаат последици по здравјето. Сепак консултација со доктор најдобро ќе ви помогне при изборот на идеалниот метод за вашата состојба. Не е исклучена можноста за ботокс инекции, операција, ласерски третмани и сл. 

Засиленото потење најчесто оди во комбинација со непријатна миризба. Миризбата доаѓа од распаѓањето на некои материи што се наоѓаат во потта. Ако потта не се отстранува подолго време, особено во лето, се создава идеална средина за развој на бактерии, па кожата може и да се воспали, па покрај непријатната миризба да се чувствува и болка.

Најбезбедна секако е методата со употреба на дезодоранси кои ќе ја неутрализираат миризбата, а при тоа нема да ги затворат порите и да го спречат потењето. Но внимавајте, најчесто и дезодорансите содржат алуминиум и цинк, кои ја сушат кожата и можат да предизвикаат алергии; но и алкохол, којшто ја иритира кожата, особено непосредно по депилација. Затоа, внимавајте на состојките и одберете природни дезодоранси на база на билки.

Обрнете внимание уште на неколку совети кои ви ги препорачуваме за да немате проблем со непријатна миризба.

  • внимавајте на исхраната, одредени намирници предизвикуваат непријатна миризба при потењето, како пиперки, зачинета храна, кромид, лук и сл.
  • туширајте се со антибактериски сапун на база на билки, без хемикалии. Тој ќе допринесе за намалување на количината на бактерии на кожата и ќе го намали непријатниот мирис.
  • по туширањето избришете ја водата од целото тело со крпа, да остане кожата сува, како би се оневозможило создавање на средина погодна за развој на бактериите.
  • нанесувајте дезодоранс навечер пред да си легнете, кога потните жлезди се помалку активни. Наутро повторно ставете дезодоранс. Користете дезодоранси без алуминиум кој ги затвора порите
  • не користете антиперспиранти на веќе испотена кожа. Прво истуширајте се па потоа одберете што ќе ставите.
  • користете памучна облека
  • редовно отстранувајте ги влакната под пазувите
  • не носете чевли на боса нога, и не носете исти чевли 2 дена по ред.
 

Денес на пазарот има огромен избор на козметички средства за неутрализација на миризбата и за намалување на потењето. Кое ќе го одберете зависи од вас.

Наша препорака е секако нешто природно на база на билки, кое нема да ви ја иритира кожата. Нашиот избор е дезодоранс или ролон од Лимес, како за жените, така и за мажите и за децата.

Continue Reading Хиперхидроза